Андреј Коробејников

Андреј Коробејников - руски пијанист.

Музичка кариера

уреди

Коробејников ја започнал музичката кариера на возраст од осум години, кога во Баку се претставил со својот прв рецитал. Оттогаш, тој одржал бројни концерти ширум светот (Бразил, Канада, Кина, САД, Русија, Колумбија, Чешка, Данска, Германија, Латвија, Јужна Африка, Турција, Австрија, Белгија, Монако итн.) при што соработувал со познати диригенти, како што се: Јуриј Темирканов, Владимир Ашкенази, Иван Фишер, Око Каму, Питер Старк, Александар Рудин, Росен Гергов, Максим Шостакович итн. Иако често настапувал како солист, тој свирел и со голем број познати музичари: Вадим Репин, Дмитриј Махтин, Алина Ибрагимова, Александар Књажев, Јоханес Мозер, Татјана Василева, Борис Березовски, Александар Палеј, Икујо Накамичи и други. Во своите настапи, Коробејников бил придружуван од повеќе оркестри, како: Лондонскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Франција, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Чешкиот филхармониски оркестар, Токискиот филхармониски оркестар итн. Понатаму, тој учествувал на повеќе престижни фестивали, како што се: „La Roque d'Anthéron“, „Festival de Radio France et Monpelier“, „Klarafestival“, „Young Euro Classic“, „White Nights“ и „Northern Flowers“. Во 2000 година бил избран за доживотен член на одделот за уметност при Интернационалната академија на науките во Сан Марино. Исто така, тој е добитник на првата награда на третиот меѓународен натпревар за пијано, „Александар Скрјабин“ во Москва и на втората награда на вториот меѓународен натпревар за пијано, „Сергеј Рахманинов“ во Лос Анџелес.[1]

Наводи

уреди
  1. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.