Виктор Рафајловски
Виктор Рафајловски — македонски пијанист.
Музичко образование и кариера
уредиВиктор Рафајловски учел пијано во ДМУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Катарина Ќетковиќ-Фидановска. Во текот на образованието учествувал на повеќе натпревари на кои освоил бројни награди, како: прва награда на државните натпревари во 2010, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2017 година, а во 2019 и во 2021 година ја освоил специјалната прва награда. Исто така, тој победил на меѓународните натпревари во Аранѓеловац (2011), во Врање (2011), на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград (2014), на натпреварот „San Donna di Piave“ во Италија (2015) и во Шабац (2016). Во 2020 година ја освоил втората награда на натпреварот „Даворин Јенко“, а освоил награди и на меѓународниот натпревар во Гевгелија (2011 и 2019), ЕМСУ во Скопје (2015), на меѓународниот натпревар „Полихимнија“ во Скопје (2017 и 2018), на натпреварот „Охрид те сакам“ (2018). На натпреварот „Охридски бисери“ освоил неколку награди: прва специјална награда (2012), втора награда (2018) и прва специјална награда во својата категорија и втора награда на целокупниот натпревар (2020). Исто така, тој ја освоил првата награда и бил прогласен за најдобар македонски пијанист на натпреварот „Пијанофест - Битола“. Во 2020 година, на натпреварот „Полихимнија“ ја освоил првата награда и бил прогласен за лауреат на натпреварот.[1]
Настапи
уредиРафајловски остварил и неколку самостојни настапи, како:[2]
- концерт „Младите доаѓаат“ (солист со Македонската филхармонија), јуни 2021.
- Подиум на млади, Охридско лето 2021, Црква Св. Софија, Охрид, 11.7.2021.