Истрел (филм)

филм

Истрел — македонски филм од 1972 година во режија на Бранко Гапо, а сценариото е на Димитар Солев. Сценариото е напишано според романот на Солев „Под усвитеност“. Филмот се темели врз вистинити настани за време на бугарската окупација во Втората светска војна.[1]

„Истрел“
Филмски плакат
РежисерБранко Гапо
СценаристДимитар Солев
Главни улогиСлободан Димитриевиќ
Ристо Шишков
Неда Арнериќ
Петар Арсовски
Питомир Деспотовски
Емил Рубен
Владимир Светиев
Мајда Тушар
Шишман Ангеловски
Димитар Гешоски
Панче Васоски Камџик
Кирил Ќортошев
Ристо Стефановски
МузикаКорнелие Ковач
КинематографијаМишо Самоиловски
МонтажаСпасе Тасевски
Премиера1972
Времетраење98 минути
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Содржина

уреди

Младината, чија храброст е без размери, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е атентатот врз бугарскиот агент и соработник со окупаторот Емануел Мачков.

По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар Маало, Пајко Маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните. Анѓа, која исто така е уапсена, умира по тешките измачувања и силувањето. Никола, кога дознава за смртта на Анѓа, прави обид да го убие Емануел, но е убиен при обидот.

Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот настанува бркотница и момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, во обид да им се приклучат на партизаните, наидуваат на заседа и сите, освен Дано, загинуваат.

Улоги

уреди

Главни улоги

Споредни улоги

Награди

уреди
  • 1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски
  • 1972 ФФ, Ниш, Голема повелба за глумечко остварувања на Слободан Димитриевиќ

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди