Кирил Џајковски
Кирил Џајковски (р. 25 октомври 1965 во Скопје) — македонски музичар и композитор. .[1]
Кирил Џајковски | |
---|---|
Портрет на Џајковски | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кирил Џајковски |
Роден(а) | 25 октомври 1965 Скопје, СФР Југославија |
Жанрови | инструментална, електронска, филмска музика |
Занимања | композитор, музичар, текстописец |
Период на активност | 1980ти-денес |
Соработници | Бастион, Леб и Сол, |
Тој е еден од најценетите електронски артисти од регионот и еден од првите продуценти кои ги воведоа балканските звуци во модерната електронска музичка продукција. Кирил е и успешен композитор на филмска и театарска музика.
Биографија
уредиСвојата музичка кариера ја започнал со создавањето на Бастион, еден од првите електронски бендови на Балканот, а настапува и со еден од најпознатите македонски бендови Леб и сол, со кои сними два албума и беше дел од турнеите низ Балканот и Европа.
Откако се сели во Австралија започнува со соло-кариера, и своите музички експерименти со комбинирање на етно македонска музика и електроника, го водат до неговото прво самостојно издание, Synthetic Theatre, што е многу добро прифатено од австралиските независни радио-станици.
Следува неговиот прв соло-албум „Homebound“ издаден од американската издавачка куќа Tone Casualties, каде Џајковски го продолжува концептот на комбинирање на македонски етно елементи и електроника. За „Homebound“ добива одлични критики од критичарите ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Шпанија и Јапонија.
Потоа следат серија синглови и ЕП објавени за Filter Label како: Jungle Shadow, Lion’s Den, Reminder, Music Man, Red Safari, Spin Off и Hell of a Road.
Електронската музика на Кирил е промовирана преку неговите настапи на некои од најголемите музички фестивали во Европа како: Pohoda, Cruilla, Pol'and'Rock Festival, Exit Festival, Alrumbo, Fusion Festival, Rock for People, Sziget, Rototom Sunsplash, Les Vieilles Charrues, Au Foin De La Rue, Les Z'éclectiques, и многу други. Во неговите настапи во живо тој инкорпорира инструменти и разни гости вокалисти и соработници, меѓу кои: TK Wonder, MC Wasp, Ghetto Priest, Lion D, Rootsman I.
Филмска и театарска музика
уредиКирил е еден од најпознатите композитори на филмска и театарска музика во регионот. Работеше со режисерот номиниран за Оскар Милчо Манчевски и ја компонираше музиката за неговите филмови: „Прашина“ и „Врба“, како и дополнителна музика за неговиот филм „Сенки“. Тој ја компонираше и музиката за филмот „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски, македонскиот филм со најголема заработка до сега. Митревски и Џајковски имаат соработувано и на филмот „Трето полувреме“.
Неколку композиции на Џајковски беа искористени во австралиската минисерија „Underbelly“ која е позната од критичарите.
Кирил Џајковски ја компонираше музиката за филмот на Иво Трајков „Големата вода“ (награда за најдобра музика - Филмски фестивал во Валенсија, Шпанија) и за нивната последна соработка за словачкиот филм „Piargy“.
Дополнително, тој има успешна кариера како композитор на театарска музика работејќи најмногу со познатиот театарски и филмски режисер Александар Поповски на преку 20 театарски проекти премиерно изведени во различни престижни театарски куќи на Балканот и Европа, како и компонирање на саундтракот за неговиот филм „Балканот не е мртов“.
Неговата музика е дел од различни модерни балетски продукции, меѓу кои: „La Capinera“ (Специјална музичка награда „Пургаторије Медитерански фестивал, Црна Гора) во Белград, „14 часа“ во Скопје, „5 до 12“ во Сплит, „ Het Barre Land“ во Амстердам.
Дискографија
уреди- Piargy - OST - Filter Label
- Balkan Is Not Dead - OST - Filter Label
- The Great Water - OST - Filter Label
- Dust - OST - Filter Label
- Homebound - Djaikovski - Filter Label
- Remixed - Djaikovski - Filter Label
- Djaikovski EP- KDZ Music
- Recorded Supplement -Aparatchicks - AG RECORDS
- Bal-Can-Can - OST- AG Records
- Works & Re-works-Bastion- AG Records/
- La Capinera-OST- AG Records
- Synthetic Theatre - Kiril - AG RECORDS
- Razorbrain - Razorbrain - EMI AUSTRALIA
- Bastion - Bastion - PGP RTB
- Музика за филм
- Piargy- режија Иво Трајков
- Врба- режија Милчо Манчевски
- Балканот не е мртов- режија Aleksandar Popovski
- Трето полувреме- режија Дарко Митревски
- As If I Am Not There- dir. Juanita Wilson
- Shadows- режија Милчо Манчевски
- Bal-Can-Can- режија Дарко Митревски
- The Great Water- режија Иво Трајков
- Прашина- режија Милчо Манчевски
- Absence (short feature)- dir. Vanja Dimitrova
- The Contract (short feature)- dir. Anna Zaytseva
- Леонардо (анимирана серија)- режија Боро Пејчинов
- Северна грешка- режија Борис Дамовски
- Марика лета со авион- режија Борис Дамовски
- Опасна баба (краток филм)- dir. Милчо Манчевски
- Музика за театар
- Heroines- MGL, Slovenia
- Hamlet- JDP, Serbia
- Dangerous Liaisons- Harbiye Muhsin Ertuğrul Sahnesi Theatre, Istanbul
- A Midsummer Night’s Dream- Gavella, Croatia
- La Capinera- Terazije Theater, Serbia
- Incident in the Town of Goga- SLG Celje, Slovenia
- New Friends- NTNG, Greece
- For Now, Nowhere- SNG Ljubljana, Slovenia
- Alisa- Atelje 212, Serbia
- Tempest- Turkish Drama, Macedonia
- Three Sisters- NTB, Macedonia
- Cherry Orchard- SNP, Serbia
- Danton's Death- CSS Teatro Stabile, Italy
- Dracula- SNG Maribor, Slovenia
- Balkan Is Not Dead- MNT, Macedonia
- Proud Flesh- Dramski Teatar, Macedonia
- Roberto Zucco- Atelje 212, Serbia
- Powder Keg- Kerempuh, Croatia
- Синглови
- Red Safari - ft. Lion D
- Music Man - ft. Lion D
- Reminder - ft. Lion D
- Spin Off - ft. MC Wasp
- Hell Of A Road - ft. TK Wonder
- Lion's Den - ft. MC Wasp and Ghetto Priest
- Raise Up Your Hand - ft. Ras Tweed and Esma
- Jungle Shadow – ft. MC Wasp
- Baba Zumbula - ft. Vlada Divljan
- Primitive Science
- Компилации
- Balkan Beats 3- Eastblok, Berlin
- Balkan Beats 2- Eastblok, Berlin
- Melbourne Yard- PBS FM, Melbourne
- Ali B Presents Y4K- Distinctive Records, London
- Musique & Cinema du Monde- Nada/ MK2 Music, Paris
- Euro Lounge- Putumayo, New York
- Together- Barramundi 4- Pschent Music, Paris
- Taking Care of Business- 10 Kilo, London
- Ritmistika- Third Ear Music, Skopje
- High On House - New York to Melbourne- Odessa Mama Records, Melbourne
- Dynamik- Vital Song, Paris
- Pathaans Small World- Stoned Asia, London
- Max Trax 2002- Tone Casualties, Los Angeles
- mACIDonia 2000- PMG Recordings, Skopje
- Fathom -Antipodian Beats- Angel's Trumpet, Melbourne
- Музика за документарни филмови
- In the Line of Fire- dir. Marion Crooke
- Koorie Culture/Koori Control- dir. Russel Porter
- The Gulf Between - dir. Monique Schwartz
- Guns and Roses - dir. Carole Sklan (Australian Film Institute Award for Best Documentary)
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1636. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди„Кирил Џајковски“ на Ризницата ? |