Андреј Петрески
Андреј Петрески (1997, Скопје, Република Македонија) — македонски обоист.
Музичко образование и кариера
уредиАндреј Петрески е роден во 1997 година, во Скопје. Основното и средното музичко образование ги завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Надица Ристиќ. Во текот на школувањето учестувал на повеќе државни и меѓународни натпревари на кои освоил неколку награди. Исто така, тој е дел од неколку проекти меѓу кои и „Младинскиот супер оркестар“ со кој настапил во Љубљана, во Белград и во Скопје. Во 2015 година се запишал на Факултетот за музичка ументост во Скопје, во класата на проф. Гордана Јосифова-Неделковска. Тој е дел од Дувачкиот квинтет при Факултетот за музичка уметност, а настапувал и со камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ при Музичката младина на Македонија. Освен тоа, тој соработува и со Македонската опера и балет, со Црногорскиот симфониски оркестар и со Македонската филхармонија. По дипломирањето во 2019 година, ја започнал соработката со Сараевската филхармонија, а од 2020 година станал нејзин член на местото прва обоа.[1]
Настапи
уреди- Подиум на млади, Охридско лето 2021, Црква Св. Софија, Охрид, 10.7.2021 (заедно со Александар Хаџиевски)[2]