Анте Вукушиќ (роден на 4 јуни 1991 во Сињ) — хрватски фудбалер кој игра во предните позиции, и во моментов е член на Лозана во италијанската Серија А.

Анте Вукушиќ
Ante Vukušić
Лични податоци
Роден на 4 јуни 1991(1991-06-04)(32 г.)
Роден во Сињ, Хрватска
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Лозана
Број 13
Младинска кариера
Јунак Сињ
Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2012 Хајдук Сплит 84 (36)
2012– Пескара 22 (1)
2014–Лозана (позајмен) 1 (1)
Репрезентација
2010- Хрватска 21 11 (3)
2012- Хрватска 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Вукушиќ ја започна својата кариера во младите категории на тимот од неговиот роден град неговиот, Јунак Сињ. Тој се приклучи на хрватскиот гигант Хајдук Сплит во 2007 година, и за време на неговите настапи во младинската академија беше оценет како еден од играчите кој најмногу ветува.

Во јануари 2009 година, тој потпиша професионален пет и пол годишен договор со Хајдук за верност кон клубот до летото 2014 година. Тој го направи своето деби за првиот тим во победата од 5-0 против Кроатија Сесвете на 22 април 2009 година. Во последното коло на сезоната 2008-09, тој го постигна својот прв гол во Прва ХНЛ, израмнувајќи го резултатот во финишот од мечот против градските соперници Динамо Загреб.

Во сезоната 2009-2010, Анте се утврди како прв избор на напаѓач во клубот. Во 22 лигашки настапи, тој постигна 6 гола и уште 2 гола во 5 куп настапи. Неговото реноме во клубот на толку млада возраст беше фасцинантно и многу врвни клубови во Европа беа подготвени да му понудат да направи потег далеку од хрватскиот клуб, но управата на клубот и тој заемно одлучија дека за него е најдобро, тој да остане во клубот за следната сезона.

Сезоната 2010-2011 беше многу успешна за играчот. Тој успеа да постигне 14 лигашки голови во 29 настапи, најмногу голови од кој било играч во таа сезона во клубот. Тој, исто така постигна четири гола во девет меча од Лигата на Европа, најзапаметен остана оној кој го постигна во 93-тата минута за победа против Андерлехт од 1-0.

На почетокот на следната сезона, под палката на новиот тренер, Красимир Балаков, Вукушиќ продолжи како прв избор на напаѓач во клубот, овој пат заедно со новото засилување црногорецот, Иван Вуковиќ како најчесто употребуван тандем во сезоната. Тој го постигнал својот прв гол во новата сезона по само три минути во првиот натпревар против Шибеник.

На 27 август 2012, Вукушиќ се преселил во новиот италијански прволигаш, Пескара. Во својата прва сезона одиграл 19 првенствени натпревари, а единствениот погодок го постигнал на 9 декември 2012 во натпреварот против Џенова кој завршил 2-0 за тимот Абруцо.

Надворешни врски уреди