Лукас Подолски (роден на 4 јуни 1985 година во Гливице, Полска) — германски фудбалер со полско потекло кој во моментов настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе како напаѓач. Тој е син на поранешниот полски фудбалер Владемар Подолски. Иако Лукас е роден во Полска, тој настапува за репрезентацијата на Германија, каде неговото семејство се преселило кога тој имал само 2 години. Израснал во градот Бергхајм.

Лукас Подолски
Лукас Подолски во 2016
Лични податоци
Полно име Лукас Подолски[1]
Роден на 4 јуни 1985(1985-06-04)(39 г.)
Роден во Гливице, Полска
Висина 1.82 m[2]
Позиција напад[3]
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 9
Младинска кариера
1991–1995 FC 07 Bergheim
1995–2002 ФК Келн
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2004 ФК Келн II 2 (0)
2003–2006 ФК Келн 81 (46)
2006–2009 ФК Бајерн Минхен 71 (15)
2007–2008 ФК Бајерн Минхен II 2 (0)
2009–2012 ФК Келн 88 (33)
2012– ФК Арсенал 60 (19)
2015Интер (позајмица) 17 (1)
2015–2017 Галатасарај 51 (20)
2017– Висел Кобе 12 (5)
Репрезентација
2001–2002 Германија U17 6 (2)
2002–2003 Германија U18 7 (4)
2003 Германија U19 3 (6)
2004 Германија U21 5 (0)
2004– Германија 130 (49)
* Ажурирано на: 16:42, 1 декември 2012 (UTC)
** Ажурирано на: 15:44, 16 ноември 2012 (UTC)

Своето деби во репрезентацијата на Германија го имал на 6 јуни 2004, на возраст од 19 години, против Унгарија во пријателски натпревар одигран во Кајзерслаутерн.

Кариера

уреди

Келн

уреди

Подолски ја започнал својата професионална кариера во тимот на Келн, за кого дебитирал во натпревар од Бундеслигата на 22 ноември 2003, на возраст од 18 години, во поразот на домашен терен од Хамбургер со 1-0. Следната сезона постигнал 24 голови и бил најдобар стрелец во Бундеслига 2, со кој му помогнал на Келн да се врати во Бундеслигата. Сезоната 2005-06 ја завршил со 12 постигнати голови и го привлекол вниманието на голем број клубови како Ливерпул, Бајерн Минхен, Хамбургер, Вердер и Реал Мадрид.

Бајерн Минхен

уреди

Во летото 2006 година Подолски го комплетирал својот трансфер во Бајерн за сума која се претпоставувало дека изнесува 10 милиони . Своето деби за Бајерн го направил на 11 август 2006 против Борусија Дортмунд, влегувајќи како замена во 88-та минута. Тој бил дел од клубот во периодот од 2006 до 2009 година и одиграл преку 100 натпревари во сите натпреварувања во кој постигнал 26 голови. Доаѓањето на италијанскиот напаѓач Лука Тони го истиснува Подолски од почетната постава на Бајерн и одлучил да се врати назад во Келн во летото 2009 година.

Враќање во Келн

уреди

Подолски ги послушал советите на селекторот на Германија Јоаким Лев и се вратил во Келн како би ги задржал шансите за настап во репрезентацијата. Тој бил главна фигура во тимот во следните три сезони во кој Келн се натпреварувал во Бундеслигата. Сепак, и покрај 18 голови на Подолски во сезоната 2011-12 Келн испаѓа од лигата.

Арсенал

уреди

На 30 април 2012 Подолски потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал за сума од 14 милиони .

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 8 November 2010.
  2. „Player Profile: Lukas Podolski“. Sky Sports. Посетено на 31 July 2012.
  3. „Lukas Podolski“. Arsenal Football Club. Архивирано од изворникот на 2012-08-29. Посетено на 20 August 2012.