Пандо Колевскимакедонски поет и преведувач.[1]

Животопис

уреди

Колевски е роден е во с. Долно Котори, Леринско, Егејска Македонија на 4 јуни 1937 година. Завршил Филозофски факултет на Карловиот универзитет во Прага. Работи како стручен соработник во Народната библиотека во Прага. Член на ДПМ од 1987 година. Автор е на книгите: Доаѓањето на јужниот ветар (1970), Изгубена рамнотежа (1978), Море згрчено во дожд (1984), Окови на корењата (1989), Александар Македонски (поема, 1994), Добар ден Македонијо (на чешки јазик, 1998). Добитник на наградите: „Златно перо“, „Иселеничка грамота“.[2]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 121 -122.
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 712. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)