Анџелина Џоли
Анџелина Џоли (родена како Анџелина Џоли Војт во Лос Анџелес, Калифорнија, САД на 4 јуни 1975) е американска глумица. Таа исто така еден од најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Анџелина Џоли Angelina Jolie | |
---|---|
Џоли на премиерата на Salt во 2010. | |
Роден(а) | Анџелина Џоли Војт |
Занимање | глумица |
Активен | 1982; 1993 – present |
Сопружник | Џони Ли Милер (1996 – 1999) Били Боб Торнтон (2000 – 2003) |
Вонб. другар | Бред Пит (2005 – present) |
Животопис
уредиАнџелина Џоли е ќерка на познатиот холивудски глумец Џон Војт и ќерка на бивша манекенка Марселина Бертран. По разводот на нејзините родители во 1976 година, таа и нејзиниот брат Џејмс Хевн ги одгледала нивната мајка. На 16 години матурилала во елитното средно училиште „Беверли Хилс“. Анџелина Џоли се смета за една од најсекси и најубави жени во светот, титула која ѝ помогнала да добие целосна номинација во медиумите.[1][2][3][4][5][6][7][8] Џоли била мажена за глумците Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон, а потоа почнала да живее со глумецот Бред Пит со кого има три посвоени деца (Медокс, Пекс и Захара) и три биолошки деца (Шајло и близнаците Нокс и Вивиен).
Иако Бред Пит и Анџелина Џоли биле заедно од 2005 година, официјално тие биле во брак само две години. Во септември 2016 година, Анџелина Џоли поднесла барање за развод, заедно со целонсо старателство над шесте деца, со повремени посети на Бред, но не побарала алиментација. Во барањето за развод, како причина биле наведени „непомирливите разлики“. По разводот, во медиумите се појавиле шпекулации дека причината била наводната врска на Бред со француската глумица Марион Котијар, со која тој глумел во филмот „Сојузници“, но таа остро ги негирала таквите наводи. Британската пејачка Адел својот концерт во њујоршкиот „Медисон сквер гарден“ им го посветила на Бред и Анџелина.[9]
Кариера
уредиНа 14 годишна возраст, Џоли започнала да работи како манекенка за Finesse Model Management. Во тоа време исто така се појавува и во неколку музички спотови. Џоли за првпат на големото платно се појавува уште како дете заедно со нејзиниот татко Џон Војт во Lookin' to Get Out (1982), но нејзината вистинска филмска кариера започнала една декада подоцна со најслабо-буџетната продукција Cyborg 2 (1993). Нејзината прва главна улога во „поголем“ филм е во сајбер-трилерот Hackers (1995). Во овој период таа станала многу актуелна во американската јавност и пошироко, со бурниот љубовен живот, првите тетоважи по телото по кои стана и препознатлива. Успехот на планот на глумата следи по улогата во телевизискиот филм за животот на Џорџ Валас, поради што беше номинирана за наградата „Еми“ . По оваа почнува да се појавува во бројните ток-шоу програми на американските телевизиски станици, а сè повеќе е присутна на насловните страници на најтиражните списанија. Во 1997 година режисерот Мајкл Кристофер ја ангажирал за главната улога во филмот „Џиа“, биографски филм за една маникенка која трагично го уништува својот живот со дрогата.
Џоли се здобива со голема слава после нејзиното портретирање на ликот на Лара Крофт познат од видео играта во филмот Lara Croft: Tomb Raider (2001) и се поставила како една од најплаќаните глумици во Холивуд со продолжението на Томб Рајдер.Life or something like it (2002) The Cradle of Life (2003).[10] Таа ја потврдила нејзината репутација како главна акциска ѕсвезда во Mr. & Mrs. Smith (2005) и Wanted (2008), кои го одбележале нејзиниот не-анимиран комерцијален успех,[11] а исто така добила и позитивни критики за нејзините улоги во драмите A Mighty Heart (2007) and Changeling (2008) кој и донел номинација за Најдобра глумица на Филмската награда на академијата на САД.
Џоли има освоено една филмска награда на академијата на САД, две Screen Actors Guild Awards и три награди Златен глобус. Според Форбс, е прогласена за најплатена глумица во 2009 и 2011 година.[12][13]
Наводи
уреди- ↑ "Sexiest Woman Alive" Архивирано на 1 март 2012 г.. Esquire. November 2004. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ Soriano, César G. "Jolie sizzles atop 'FHM' sexiest list". USA Today. March 23, 2005. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ Campbell-Johnston, Rachel. "The most beautiful women?" Архивирано на 1 јуни 2010 г.. The Sunday Times. June 1, 2005. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ "2006's Most Beautiful Star: Angelina Jolie" Архивирано на 6 октомври 2014 г.. People. April 26, 2006. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ "Jolie named 'sexiest person ever'". BBC News. February 24, 2007. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ "Angelina Jolie 'Sexiest Movie Star Ever'" Архивирано на 7 мај 2011 г.. DanceWithShadows.com. December 11, 2007. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ Silverman, Stephen M. "Angelina Jolie, Johnny Depp Most Beautiful Down Under" Архивирано на 23 јуни 2011 г.. People. April 9, 2009. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ "Angelina Jolie Is the Most Beautiful Woman in the World" Архивирано на 23 јуни 2011 г.. Vanity Fair. April 13, 2009. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ „Пријателите шокирани, „љубовницата“ демантира“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 23.
- ↑ "Nicole Kidman Tops The Hollywood Reporter's Annual Actress Salary List" Архивирано на 15 септември 2012 г.. PR Newswire. November 30, 2006. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ "Angelina Jolie Movie Box Office Results". Box Office Mojo. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ Pomerantz, Dorothy. "Hollywood's Top-Earning Actresses". Forbes. July 1, 2009. Retrieved July 7, 2011.
- ↑ Pomerantz, Dorothy. "Hollywood's Highest-Paid Actresses" Архивирано на 15 септември 2012 г.. Forbes. July 5, 2011. July 7, 2011.