Мануш Георгиев

македонски револуционер

Мануш Горгиев Турновски (10 август 1881 во Турново7 февруари 1908 во Долна Рибница, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.[1][2]

Мануш Георгиев
Роден 10 август 1881
с. Турново, Република Македонија
Починал 7 февруари 1908
с. Долна Рибница, Република Бугарија

Животопис

уреди

Тој е роден на 10 август 1881 г. во Турново, Струмичко. Се школувал во струмичката прогимназија. Потоа, обрзвоанието го продолжил во педагошкото училиште во Сер каде и станал член на Македонската револуционерна организација.[3][4] Заради учество во бунт против директорот на училиштето во 1903 година е исклучен. Истата година станува нелегален.

Учествува како делегат од Струмичкиот револуционен округ на Рилскиот конгрес на ВМРО во 1905 година. По што е поставен за раководител на Петричкиот реон, па така на 24-годишна возраст станал реонски војвода.[3] 1907 година е избран за член на Окружниот комитет, помошник струмички војвода и заменик на војводата Христо Чернопеев.

Тој и неговата чета биле предадени ѝ на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба со турскиот аскер тој бил убиен.[3] Заедно со него загинале 22 четници и малешевскиот војвода Васе Скендерски.

Народна песна за Мануш војвода

уреди
 
Манушов гроб над село Долна Рибница.

Поради јунаштвата и заштитничкиот однос кон македонскиот народ од Струмичко, народот испеал и песна посветена на Мануш Георгиев позната како „Мануш војвода“, чиј текст е:

Мануш војвода
Стига сме јале, јале и пиле,
вино, ракија и руди јагниња
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2
Нашите мајки сè у црно одат,
сè у црно одат и за нас жалат
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2
Нашите сестри бело цвеќе садат,
бело цвеќе садат ама не се китат
Развивај бајрак ти Мануш војвода
Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2

Надворешни врски

уреди

Извори

уреди
  1. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр. 101-103.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 31.
  3. 3,0 3,1 3,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 125. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  4. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 68. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)