Миодраг Булатовиќ
Миодраг Булатовиќ (српски: Миодраг Булатовић ), (Оклади, Бијело Поље, 20 февруари 1930 — Игало, 15 март 1991) – српски писател, еден од најпознатите претставници на модерната српска книжевност.
Миодраг Булатовиќ Miodrag Bulatović | |
---|---|
![]() Булатовиќ во 1969 година | |
Роден/а | 20 февруари 1930 Оклади, Зетска Бановина, Кралство Југославија[a] |
Починат/а | 15 март 1991 Игало, СР Црна Гора, СФР Југославија | (возр. 61)
Почивалиште | Белградски нови гробишта |
Занимање | романописец |
Апсолвент на | Белградски универзитет Филозофски факултет - Белград |
ЖивотописУреди
Булатовиќ завршил гимназија во Крушевац, во 1950 година, а потоа студирал психологија и книжевност на Белградскиот универзитет. Некое време работел како новинар, а во текот на 1990-тите бил политички ангажиран во редвоите на Социјалистичката партија на Србија, каде ја бранел идеологијата на Слободан Милошевиќ во моментите на распадот на СФР Југославија.
Неговото име го носи библиотеката во Раковица.
ТворештвоУреди
Миодраг Булатовиќ бил романописец и драматург. Неговата слика на светот е морбидна, а ликовите се карневалски, истовремено гротескни и трагични. Неговите дела светските критичари ги споредуваат со делата на Џовани Бокачо, Франсоа Рабле и Мигел де Сервантес.
БиблиографијаУреди
Најпознати дела на Булатовиќ се:
- Ѓаволите доаѓаат (Ђаволи долазе) (1955)
- Волкот и ѕвоното (Вук и звоно) (1958)
- Црвениот петел лета кон небото (Црвени петао лети према небу) (1959)
- Херој на магаре (Херој на магарцу) (1967)
- Војната беше подобра (Рат је био бољи) (1969)
- Луѓе со четири прста (Људи са четири прста) (1975)
- Петтиот прст (Пети прст) (1977)
- Гуло Гуло Gullo Gullo (1983)
- Тетовирање на срцето (Тетовирање срца) – роман во подготовка
НаградиУреди
- 1975 НИН-ова награда за романот „Луѓе со четири прст“.