Харви Пикар (англиски: Harvey Pekar - се изговара Пикар[1], не Пекар) (8 октомври 1939 - 12 јули 2010 г. во Кливленд, Охајо) бил американски писател на андерграунд стрипови. Неговото пријателство со Роберт Крамб довело до создавањето на серијалот на стрипови: Американски сјај (American Splendor) што подоцна е адаптирано во долгометражен филм. Крамб и Пикар станале пријатели поради нивната љубов кон џез плочите, и Крамб бил првиот уметник кој го илустрирал Американски сјај. Овој стрип го опишува секојдневниот живот во старите соседства на Пекаровиот роден град, Кливленд, каде Пикар работел (преку целиот живот, дури и откога станал славен), како службеник во една голема болница. Подоцна серијалот ќе биде продолжен од повеќе цртачи, од кои некои денеска се сметаат за култни.

Во доцните 80-ти, успехот на стриповите на Пекар довел до осум појавувања во Шоуто на Дејвид Летерман. Сепак, неговиот предизвикувачки дух и отворената критика во живо на Џенерал Електрик (што го поседувал НБЦ) довел до забрана за негово гостување сè до раните 90-ти.

Во 2003 беше издадена филмска адаптација на Американски сјај која е добро прифатена од критиката. Пол Џијамати е во улогата на Пикар, а и самиот Пекар се појавува во филмот. Пекар ги напиша ефектите од филмот во Американски сјај: Нашата филмска година (American Splendor: Our Movie Year).

На 5 октомври 2005, брендот на ДЦ Комикс, Вертиго, го публикувал Пикаровото автобиографско дело Малодушник (The Quitter), нацртан од Дин Хашпил. Книгата се концентрирала на раните години на Пикар`, и било создадено делумно како награда за Хашпил поради неговата улога во запознавањето на Пикар со продуцентите кои го направија филмот Американски сјај.

Во 2006, Пикар ќе издаде петделен минисеријал Американски сјај преку Вертиго[2]. Исто така, тој во меѓувреме ја издал и првата не-автобиографска книга за Балантајн/Рандом хаус, Его и гордост: Приказната за Мајкл Малис ( Ego & Hubris: The Michael Malice Story), сега основачки уредник на OverheardinNY.com.

Во 2006 година излезе стрипот Македонија, соработка на Пекар со студенката Хедер Роберсон и уметникот Ед Пискор.[3]

Освен како сценарист на серијалот Американски сјај, Пикар изградил репутација на плоден џез и книжевен критичар. Исто така, има добиено награди за есеи емитувани на јавно радио.

Од 1960 до 1972 година бил оженет со Карен Дилејни, писателка и едукатор, која моментално живее во Чикаго. Третата жена на Пикар е писателката Џојс Брабнер, со која соработувал на Нашата година на ракот(Our Cancer Year), стрип-автобиографија за неговата борба со лимфомата; со ова дело ќе ја добие наградата Харви за Најдобар стрип од оригинално дело. Исто така, ја има добиено Американската книжевна награда за колекцијата: Антологијата на новиот американски сјај (The New American Splendor Anthology).

Извори

уреди
  1. American Splendor - Theatrical Trailer Во првата сцена јасно се слуша изговорот на името, со „и“.
  2. WonderCon '06: The Future in Vertigo IGN Comics, 10.02.2006.
  3. „Стрип за една спречена војна“ од Кристина Хаџи-Василева, текст првобитно објавен во Форум Плус (бр. 100 од 24.08.2007.), репринт на блогот на авторката.