Силјан Аврамовски

Силјан Аврамовски (Скопје, 10 април 1960) — македонски полициски функционер. Во 2004 година бил министер за внатрешни работи на Македонија во владата предводена од Хари Костов[1].

Силјан Аврамовски
Министер за внатрешни работи
На должноста
2 јуни 2004 – 17 декември 2004
Претседател Хари Костов
Претходник Хари Костов
Наследник Љубомир Михајловски
Лични податоци
Роден(а) 10 април 1960
Скопје, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Аврамовски е роден на 10 април 1960 година во Скопје. Завршил Факултет за Безбедност во Скопје во 1983 година. По дипломирањето се вработува во МВР, каде што постепено напредувал, извршувајќи повеќе функции. Најпрво работел како приправник во испоставата на Службата за државна безбедност - Скопје, како инспектор во Карпош, а потоа како главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност.

Аврамовски потоа бил на функцијата помошник-началник на Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност, а по оваа функција тој станал Началник на Управата за контраразузнавање во ДБК, како и помошник Директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање. По повеќегодишна работа и напредување во ДБК и УБК, од 3 февруари 2003 Аврамовски ја вршел и функцијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2 јуни 2004 до 17 декември 2004, Аврамовски бил Министер за внатрешни работи на Македонија[1][2]. Се служи со францускиот јазик.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Поранешни министри за внатрешни работи“. Министерство за внатрешни работи на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-01-01. Посетено на 2010-02-04.
  2. Серафиновиќ, Миомир (13 мај 2004). „Сиљан Аврамовски нов министер за внатрешни работи“. А1. Посетено на 2010-02-04.
Политички функции
Претходник
Хари Костов
Министер за внатрешни работи на Македонија
2004
Наследник
Љубомир Михајловски