Алексис Санчес
Алексис Алехандро Санчес Санчес (шпански изговор: [aˈleksis ˈsantʃes]; роден на 19 декември 1988), исто така познат едноставно како Алексис, е чилеански фудбалер, напаѓач на Интер и на чилеанската репрезентација.
Алексис Санчес | |||
---|---|---|---|
Санчес играјќи за Чиле во 2017 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Алексис Алехандро Санчес Санчес[1] | ||
Роден на | 19 декември 1988[1][2] | ||
Роден во | Токопиња, Чиле[2][3] | ||
Држава | Чиле | ||
Висина | м[4][5][6] | 1,69||
Позиција | |||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Интер | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
2004–2005 | Кобрелоа | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Кобрелоа | 47 | (9) |
2006–2011 | Удинезе | 95 | (20) |
2006–2007 | → Коло Коло | 32 | (5) |
2007–2008 | → Ривер Плејт | 23 | (4) |
2011–2014 | Барселона | 88 | (39) |
2014–2018 | Арсенал | 122 | (60) |
2018– | Манчестер Јунајтед | 32 | (3) |
2019– | Интер | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006–2008 | Чиле 20 | 18 | (4) |
2006– | Чиле | 124 | (41) |
** Ажурирано на: 10 October 2017 |
Санчес ја започнал својата кариера како младински играч за Кобрелоа на возраст од 17 години, а по завршувањето на сезоната со клубот, се преселил во Италија во тимот на Удинезе во 2006 година. Тој го освоил својот прв трофеи во наредните сезони, како позејмен играч на Коло Коло и Ривер Плејт. Во 2008 година, се вратил во Удинезе, каде што станал составен дел од тимот во неговата прва целосна сезона во клубот. По три плодни сезони во Италија, Санчес се преселил во Барселона во трансфер вреден 30 милиони евра (£25 милиони евра), со што станал најскапиот чилеански играч на сите времиња.
Во неговата прва сезона во Барселона, Санчес играл во напаѓачката тројка со Лионел Меси и Давид Вилја, помагајќи му на клубот да победи во Копа дел Реј, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА, и Светското клупско првенство. Триото постигнало вкупно 82 гола во наредната сезона, со што многу придонеле за освојувањето на шпанското првенство во сезоната 2012-2013, како и одбраната на шпанскиот куп. Санчес го забележал својот најдобар учинок со 21 постигнат гол во сезоната и 14 асистенции. Со доаѓањето на Нејмар во 2013 година, Санчес бил продаден на Арсенал во трансфер вреден £31,7 милиони фунти (€35,8 милиони) една година подоцна.
Во Арсенал, Санчес брзо се утврдил како многу значајна фигура на тимот, завршувајќи ја секоја сезона во Англија со двоцифена бројка на постигнати голови и асистенции. Тој исто така, ги освоил ФА Комјунити Шилд трофејот и ФА Купот во два наврати, постигнувајќи голови во двата финални натпревари. Во сезоната 2016-2017, Санчес постигнал 30 гола и имал 14 асистенции, што претставува негов рекорд на поединечен план како професионален фудбалер, а бил и номиниран за FIFPro World XI. Сепак, откако повеќе немал "инспирација" да остане во клубот, тој потпишал за соперниците Манчестер Јунајтед во договор за размена со Хенрик Мхитаријан во јануари 2018 година.[7]
Популарно наречен во својата земја Ел Нињо Маравилја (превод на мак. Чудото од дете), Санчес дебитирал за чилеанската репрезентација во 2006 година, а досега има одиграно 124 натпревари, што го прави играч со најмногу настапи на сите времиња, а со 41 гол, тој исто така е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на неговата земја. Тој одиграл клучна улога во остварувањето на најголемите успеси на чилеанската репрезентација, освојувањето на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентрарио. Тој исто така ја предводел својата репрезентација до финалето на Купот на конфедерациите во 2017 година, каде биле поразени од светскиот шампион Германија со 1-0.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Alexis Alejandro Sánchez Sánchez“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 11 October 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Alexis Sanchez Profile“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 2018-10-09. Посетено на 17 July 2014.
- ↑ „Barcelona Stars Show Support for Tocopilla“. I Love Chile. 6 August 2013. Посетено на 23 June 2014.
- ↑ „Alexis Sánchez Profile“. UEFA. Посетено на 7 February 2015.
- ↑ „Alexis Sánchez Profile“. ESPN FC. Посетено на 7 February 2015.
- ↑ „2014 FIFA World Cup squadlists“. FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 7 February 2015.
- ↑ „ALEXIS SIGNS FOR MANCHESTER UNITED“. Manchester United F.C. 22 January 2018. Посетено на 22 January 2018.