Национален олимписки комитет
Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји. НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.
Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет
Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:
- Тајван, во МОК се води како „Кинески Тајпеј“
- Палестинска Самоуправа, во МОК се води како „Палестина“
- Четири територии на САД: Американска Самоа, Гуам, Порторико и Американските Девствени Острови (во МОК се водат само под „Девствени Острови“)
- Три британски прекуморски територии: Bermuda, Британските Девствени Острови и Кајманските Острови
- Едена територија на Кралството Холандија на Карибите: Аруба. Холандските Антили го загубиле статусот во јули 2011 поради нивното распуштање во 2010.[3][4]
- Хонгконг, специјален административен регион на НР Кина
- Кукови Острови, придружна држава на Нов Зеланд
Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:
Континенти | Здружение | Бр. на НОК-ови |
Најстар НОК | Најнов НОК | |
---|---|---|---|---|---|
Африка
|
Здружение на националните олимписки комитети на Африка | 53 | Египет (1910) | Еритреја (1999) | |
Америка
|
Панамериканска спортска организација | 41 | САД (1894) | Доминика (1993) Света Луција (1993) Свети Кристофер и Невис (1993) | |
Азија
|
Олимписки совет на Азија | 44[5] | Јапонија (1912) | Тимор-Лесте (2003) | |
Европа
|
Европски олимписки комитети | 49 | Франција (1894) | Црна Гора (2007) | |
Океанија
|
Национални олимписки комитети на Океанија | 17 | Австралија (1895) | Тувалу (2007) |
Список на национални олимписки комитети по година на признавање
уредиОва е хронолошки список на сите 204 признаени НОК-ови од 1894 до денес. Многу од нив се основани долго пред да бидат признаени, додека пак други се прифатени веднаш по нивното формирање. На списокот се изоставени поранешни држави (како на пр. СФРЈ, СССР, Чехословачка итн).
Непризнаени национални олимписки комитети
уредиСпортскиот и олимписки комитет на Макао е основан во 1987 и има извршено обиди да се зачлени во МОК, но досега нема официјално признание. Макао сепак се натпреварува на Параолимписките игри.
Фарските Острови имаат признаен национален параолимписки комитет.
Други земји/области без признаени комитети се: Ангвила, Абхазија,[7] Гибралтар,[8] Каталонија,[9] Косово,[10] Ниуе,[11] Сомалиленд,[12] Нова Каледонија,[13] Курдистан, Северен Кипар,[14] американските староседелци,[15][16] Северните Маријански Острови, Монтсерат и Туркс и Кајкос.[17] Фарски Острови,[18] Француска Полинезија,[19]
Поврзано
уреди„Национален олимписки комитет“ на Ризницата ? |
- Меѓународен олимписки комитет
- Македонски олимписки комитет
- Список на државни кодови на МОК - кодови на НОК-ови
Наводи
уреди- „Национални олимписки комитети“. МОК. Посетено на 21 јануари 2008. (англиски)
- Здружение на националните олимписки комитети Архивирано на 15 септември 2008 г. (англиски)
- ↑ Податок од 2011 г.
- ↑ Олимпијада „Лондон 2012“: Јужен Судан може да учествува на игрите Архивирано на 14 јули 2011 г. - The Telegraph, 12 јули 2011 (англиски)
- ↑ „Извршниот одбор ја одржа првата седница во новата година“. olympic.org. 13 јануари 2011. Посетено на 13 јануари 2011. (англиски)
- ↑ „Се спушти завесата на CXXIII седница на МОК“. www.olympic.org. (англиски)
- ↑ Во ОСА има 45 комитети, но оној на Макао не е признаен од МОК и Макао не учествува на Олимписките игри.
- ↑ Олимпиското движење во Србија - Историја Архивирано на 20 август 2010 г. (српски)
- ↑ The ABC Republic: Abkhazia Attempts to Invent Itself - SPIEGEL ONLINE - News - International. Spiegel.de. Посетено на 24 октомври 2009.
- ↑ „www.the-rock-of-gibraltar.com“. www.the-rock-of-gibraltar.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-27. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ Freedom for Catalonia?: Catalan Nationalism, Spanish Identity and the Barcelona Olympic Games (Cambridge Cultural Social Sciences) (9780521586153): John Hargreaves: Books. Amazon.com. Посетено на 24 октомври 2009.
- ↑ Olympic Committee of Kosovo - en.wikipedia.org (29 август 2009). Посетено на 24 октомври 2009.
- ↑ SportingPulse Homepage for Niue Island Sports Association and National Olympic Committee Архивирано на 2 јули 2013 г.. Sportingpulse.com. Посетено на 24 октомври 2009.
- ↑ „Website ka wasaaradda Dhalinyaradda Iyo Ciyaaraha Somaliland - Homepage“. Somalilandolympics.org. 18 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „New Caledonia National Olympic Committee“. SportingPulse. Архивирано од изворникот на 2013-07-02. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „Embargo! Time to end the unjust embargoes against the people of North Cyprus“. Embargoed.org. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „Native Americans seek recognition“. Nativevoices.org. 27 февруари 2006. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „Jim Thorpe's Sons Bolster Native American Olympic Dream : 10 јули 2009 : eNewsChannels“. Enewschannels.com. 10 јули 2009. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „CANOC Members“. canoc.net. Архивирано од изворникот на 2009-10-02. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ „Ítróttasamband Føroya | Just another WordPress weblog“. Isf.fo. Архивирано од изворникот на 2010-01-10. Посетено на 16 август 2010.
- ↑ Статија: Мис Тахити 2003 лишена од титулата. | AccessMyLibrary (3 јуни 2005). проверено на 24 октомври 2009.