Ѓоко Танески
македонски пејач
Ѓоко Танески (2 март 1977 во Охрид, СР Македонија, СФРЈ) e македонски пејач.
Ѓоко Танески | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Ѓоко Танески |
Роден(а) | 2 март 1977 Охрид, СР Македонија, СФРЈ |
Потекло | Македонец |
Жанр(ови) | Поп, Поп-Рок |
Занимање/ња | Пејач |
Инструменти | Вокал |
Години на активност | 1994 - сегашност |
Животопис
уредиЃоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште. Ѓоко Танески е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.[1]
Музичка кариера
уредиСвоите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.[1]
Евровизија 2010
уредиНа 20 февруари 2010 година, Танески победил на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставувал Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- Збогум најмила (2007)
Песни
уреди- „Никогаш доста“ (2008)
- „Јас ја имам силата“ (2010)
- "Немам ниту сон" (2018)
- "Тој што во срце те носи" (2019)
- "Една љубов имам" (2019)
- "Ден по ден" (2020)
- "Ти" (2021)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- „Јас ја имам силата“ - евровизиската песна на Ѓоко Танески на YouTube.