Јас ја имам силата

Јас ја имам силата (англиски: I have the strength) — македонска поп-рок песна, компонирана од Кристијан Габровски и изведена од страна на Ѓоко Танески, заедно со Били Ѕвер & Пејчин како македонски претставник за песна на Евровизија 2010 во Осло, Норвешка.

Македонија Јас ја имам силата
Од настапот на Ѓоко Танески на Евровизија 2010
Евровизија 2010
земјаМакедонија
изведувачЃоко Танески
јазикмакедонски
композиторКристијан Габровски
текстКристијан Габровски
пласман
позиција во полуфинале15
бодови во полуфинале37
хронологија на учество
◄ Нешто што ќе остане (2009)   
Русинка (песна) (2011) ►

Песната била избрана на 20 февруари 2010 година од 16 песни-учеснички во финалето на Скопскиот фестивал 2010 година. Таа добила најмногу бодови и прaктично се натпреварувала за првото место со Влатко Илиевски, пред да биде прогласена за победничка.[1][2] Песната не успеала да се квалификува за финалето на Евровизија.

Опис

уреди

Песната ја компонирал и ја напишал Кристијан Габровски (познат и како Ристо Бомбата), а аранжманот е направен од Дарко Тасев.

По победата на македонскиот национален избор за песна на Евровизија, било одлучено аранжманот и текстот да останат исти, а песната да биде изведена на македонски јазик. Во почетокот на мај 2010 година, била снимена верзија на англиски јазик со наслов I'll Forget You ("Ќе те заборавам"). Текстот за англиската верзија го напишала Весна Малинова.[3]

Домашен избор

уреди

Песната за првпат била исполнета како 10-та по ред на полуфиналната вечер на Скопскиот фестивал 2010 година. На крајот на полуфиналната вечер се нашла на 4-та позиција, со освоени 15 бода (заедно од жирито и "телевоутингот").[4]

Во финалето, што се одржало на 20 февруари, песната била 11-та по ред и победила со вкупно 22 бода (12 од жирито и 10 од "телевоутингот").[5]

Видео спот

уреди

Под мотото “Моето име е Македонија“, во март 2010 година бил снимен официјалниот музички спот за песната. Спотот бил снимен во студиото на Томато продукција, во режија на Бранислав Поповиќ - Бане. Во видеото биле прикажани убавините на Македонија преку некои од најдобрите македонски женски модели како што се Наталија Грубовиќ, Марјана Станојковска и Радица Лелова.

Ѓоко Танески и Били Ѕвер биле облечени во елегантни костуми, а девојките во провокативни и привлечни творби, изработени од страна на Елена Лука. На крајот од видеото има текст што вели: "Моето име е Љубов". Спотот премиерно бил прикажан на 30 март 2010 година на МРТ.[6]

Настап на Евровизија 2010

уреди

Песната била изведена 15-та по ред на првата полуфиналната вечер на Евровизија 2010 во Осло, на 25 мај 2010 година. На сцената, заедно со Танески, Били Ѕвер и Пејчин се појавила и младата македонска пејачка Деана Николовска со уште две девојки. Деана го отпеала придружниот вокал и на сцената танцувала со девојките.

Текст на песната

уреди

македонски
Се буди денот нов,
А дождот пак ќе дојде кај нас,
Студен камен ти до мене си.

Не допирај ги, моиве усни, тоа не си ти,
Дај да сонувам а сонот со тебе е само сон.

Јас ја имам силата да те преболам,
Да те немам и да не те гледам,
И ги ширам крилата да те прелетам,
Преку сите, преку сите неба.

И еве одам јас топол ветер в лице пак да осетам,
Добро е да бидеш слободен и сам,
Ослободен и сам.

Јас ја имам силата да те преболам,
Да те немам и да не те гледам,
И ги ширам крилата да те прелетам,
Преку сите, преку сите неба.

Се буди ден, се буди нов ден, нов проблем,
Тука си крај мене, а пак сум осамен,
Бегам од се, бегам и од тебе,
Млада дамо сам на себе сум си потребен,
И сакам сон, сакав јас сон
А сонот со тебе е само сон,
И имам сила за да сватам дека моја не си била, ха.

Јас ја имам силата да те преболам,
Да те немам и да не те гледам,
И ги ширам крилата да те прелетам,
Преку сите, преку сите неба.

Јас ја имам силата да те преболам,
Да те немам и да не те гледам,
И ги ширам крилата да те прелетам,
Преку сите, преку сите неба.

англиски (буквален превод)

A new day is waking
But the rain will come to us again
This gravestone by me is you

Don't touch these lips of mine, that isn't you
Leave me to dream, though a dream with you is just a dream

I have the strength to get over you
To not have you, and to not see you
And I spread my wings to fly over you
Through all, through all the heavens

Look, I'm going, to feel the warm wind on my face again
It's good to be free and alone
Free and alone

I have the strength to get over you
To not have you, and to not see you
And I spread my wings to fly over you
Through all, through all the heavens

A day is waking, a new day, a new problem
You're here with me, but again I'm lonely
I'm running from everything, even running from you
Little woman I just need to be by myself
I want to dream, I wanted to dream
But a dream with you is only a dream
And I have the strength to realise that you were never mine, ha

I have the strength to get over you
To not have you, and to not see you
And I spread my wings to fly over you
Through all, through all the heavens

I have the strength to get over you
To not have you, and to not see you
And I spread my wings to fly over you
Through all, through all the heavens

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Siim, Jarmo (2010-02-20). „Gjoko Taneski takes the FYR Macedonia ticket to Oslo“. European Broadcasting Union.
  2. Grillhofer, Florian (2010-02-20). „FYR Macedonia sends Gjoko Taneski to Eurovision“. ESCToday. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „Ѓоко ја покажа силата и на англиски јазик!“. mmm.com.mk. 2010-04-17. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. „Познати имињата на првите осум финалисти!“. mmm.com.mk. 2010-02-19. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. „Ѓоко Танески ќе не претставува на Евросонг во Осло“. mmm.com.mk. 2010-02-20. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. „Ѓоко сними спот за евровизиската песна“. mmm.com.mk. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)