Satellite“ е песна изведена од страна на германската пејачка Лена Мајер-Ландрут, напишана од страна на Американката Џули Фрост[1] (музика и текст) и Данецот Џон Гордон (музика). Песната беше избрана да ја претставува Германија на Евровизија 2010, која се одржа во Осло, Норвешка. Песната беше избрана преку телевоутинг за време на националниот натпревар за избирање песна за Евровизија која би ја претставувала Германија Unser Star für Oslo („Нашата ѕвезда за Осло“) на 12 март 2010. Следниот ден веќе песната можеше да биде дигитално преземана станувајќи германскиот најпродаван онлајн сингл на сите времиња. „Satellite“ дебитираше на првото место на германската сингл класификација и доби двојна платина.[2] На 29 мај 2010 победи на Евровизија 2010 со 246 бода.[3][4]

„Satellite“
Сингл од Лена Мајер-Ландрут
од албумот My Cassette Player
Страна Б „Love Me“
„Bee“
Издаден 13 март 2010
Текстописец Џули Фрост
Формат ЦД сингл, дигитален даунлоад
Снимен 2010
Жанр Поп
Должина 2:54
Издавачка куќа USFO, Universal Music Germany
Композитор Џули Фрост, Џон Гордон
Продуцент Брикс, Инго Полиц, Бернд Вендландт, Џон Гордон
Хронологија на синглови на Лена Мајер-Ландрут
„Bee“
(2010)
„Satellite“
(2010)
„Love“
(2010)

Наводи

уреди
  1. Julie Frost на Discogs (англиски)
  2. „Gold-/Platin-Datenbank“. Bundesverband Musikindustrie (германски). Архивирано од изворникот на 2012-01-26. Посетено на 23 June 2010.
  3. „Eurovision Song Contest: Lena siegt in Oslo“. Die Zeit (германски). 30 May 2010. Посетено на 30 May 2010.
  4. Schacht, Andreas (30 May 2010). „Germany wins: See full results“. Eurovision.tv. Посетено на 30 May 2010.