Доцен среден век
Доцниот среден век е период од европската историја од 14 до 16 век (околу 1300-1500). На доцниот среден век му претходел Развиениот среден век и по тоа следувал почетокот на Раниот нов век (и во поголемиот дел од Европа, ренесансата).
Доцен среден век Европа и Средоземјето | |||
---|---|---|---|
|
Околу 1300 година, вековите на просперитет и подем во Европа прекинале. Серија на масовен глад и чуми како Масовниот глад од 1315-1317 и Црната смрт, го намалиле бројот на населението за половина.[1] Заедно со депопулацијата дошло до социјални немири и ендемско војување. Франција и Англија доживеале сериозни селски востанија: Жакеријата во Франција, Селанското востание во Англија, како и меѓусебните конфликти во Стогодишната војна. Како додаток на многуте проблеми во овој период, унијата во Римокатоличката црква била распарчена со Западниот раскол (раскол). Заедно овие настани некогаш се нарекуваат и Кризата во Доцниот среден век.[2]
И покрај овие кризи, 14 век бил период на голем напредок во уметноста и науката. Како резултат на обновениот интерес за грчките и римските текстови кој започнал во Развиениот среден век, почнала италијанската ренесанса. Апсорбирањето на латинските текстови започнало пред ренесансата на 12 век пред контактите со Арапите за време на Крстоносните војни, но достапноста на важните грчки текстови се зголемила со освојувањето на Цариград од страна на Османлиското Царство, кога голем број византиски учени луѓе кои морале да бегат на Запад, особено во Италија.[3]
Во комбинација со навлегувањето на класичните идеи било пронаоѓањето на машината за печатење која го олеснила ширењето на пишаниот збор и го демократизирала учењето. Овие две нешта подоцна ќе ја предводат протестантската реформација. Кон крајот на периодот, започнало времето на Големите географски откритија. Со подемот на Османлиското Царство, што кулминирал со падот на Цариград во 1453 година, ги уништило последните остатоци од Византија и го прекинал трговските врски со истокот. Европејците биле приморани нови трговски линии, како во случајот со Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година и Васко да Гама во Индија и Африка во 1498 година. Нивните откритија ја зајакнале економијата и моќта на европските нации.
Промените донесени со овие настани натерало многу учени луѓе да го сметаат тоа за крај на средниот век и за почетокот на модерната историја и Раниот нов век во Европа. Сепак поделбата се смета за вештачка, бидејќи древното учење никогаш вистински не било отсутно од европското општество. И според тоа имало континуитет во развојот помеѓу антиката (прекукласичната антика) и модерното време. Некои историчари, особено во Италија, не сакаат да зборуваат за Доцниот среден век воопшто, туку да го гледаат како премин од Развиениот среден век до ренесансата и Новиот век.
Историографија и периодизација
уредиТерминот “Доцен среден век” важи за еден од трите периоди на средниот век, заедно со Раниот и Развиениот среден век. Леонардо Бруни бил првиот историчар кој ја користел оваа периодизација на три дела во неговата Историја на фирентинскиот народ (1442).[4] Флавио Биондо користел слична рамка во Декадите од Историјата од Слабеењето на Римското Царство (1439-1453). Тројната поделба станала стандардна откако германскиот историчар Кристоф Келер ја издал Универзална Историја поделена на Древен, Средновековен и Модерен период (1683).
За историчарите од 18 век кои го проучувале 14 и 15 век, главната тема била ренесансата, и со одновото откривање на древното учење и произлегувањето на поединечниот дух.[5] Центарот на ова откривање се наоѓа во Италија каде, според зборовите на Јакоб Буркхарт: “Човекот станал духовна единка и се признал себеси како таква” (Цивилизацијата во Италија во ренесансата, 1860).[6] Овој предлог потоа се променил, и се тврдело дека 12 век бил период на поголеми културни достигнувања.[7]
Како што се употребувале економските и демографските методи во изучувањето на историјата, трендот бил Доцниот среден век да се смета за период на рецесија и криза. Белгискиот историчар Анри Пирен ја вовел новата поделба на Ран, Развиен и Доцен среден век во годините околу Првата светска војна.[8] Но неговиот холандски колега Јохан Хуизинга бил главно одговорен за популаризирање на песимистичкиот поглед на Доцниот среден век, со неговата книга Есента на средниот век (1919).[9] За Хуизинга, чие истражување се фокусирало на Франција и Ниските Земји, отколку на Италија, очајот и слабеењето биле главните теми, а не преродбата.[10]
Модерната историографија на периодот достигнал консензус меѓу две екстремности на иновација и криза.[10] Сега се знае дека условите биле многу различни северно и јужно од Алпите и “Доцниот среден век” често не се ни споменува во Италијанската историографија.[11] Терминот “Ренесанса” се смета за корисен при описот на одреден интелектуален, културен или уметнички развој, но не е дефинирачка одлика на цела европска историска епоха.[12] Периодот од почетокот на 14 век па сè до (вклучувајќи го) и 16 век, е карактеризиран со други трендови: демографско и економско опаѓање, крајот на западната верска унија и последователното појавување на националните држави и проширувањето на европското влијание ширум светот.[12]
Историја
уредиГраниците на христијанска Европа сè уште се дефинирале во 14 и 15 век. Додека Великото Кнежевство Москва започнало да ги одбива нападите на Монголците, ибериските кралства ја завршувале Реконквистата на полуостровот и го насочиле нивното внимание надвор, Балканот потпаднал под власта на Османлиското Царство.[13] Во меѓувреме останатите држави од континентот се соочувале со постојан надворешен и внатрешен конфликт.[14]
Ситуацијата постепено довела до консолидација на централната власт и до произлегување на националните држави.[15] Финансиските побарувања на војните довеле до повисоки даноци, со што дошло до појава на претставнички тела – особено Англискиот Парламент.[16] Подемот на секуларната власт бил дополнително поттикнат од слабеењето на Папството со Западниот раскол и доаѓањето на Протестантската револуција.[17]
Северна Европа
уреди- Main articles: Историја на Данска, Историја на Норвешка, Историја на Шведска
По неуспешната унија меѓу Шведска и Норвешка од 1319-1365 година, пан-скандинавската Унија од Калмар била воведена во 1397 година.[18] Швеѓаните не биле членови по своја желба во унијата во која доминирала Данска уште од почетокот. Во обид да се потчинат Швеѓаните, данскиот крал Кристијан II наредил да се убијат многу членови на шведската аристократија во Стокхолмскиот масакр во 1520 година. Сепак оваа мерка довела до дополнителни судири, а Шведска целосно излегла во 1523 година.[19] Норвешка станала само помала страна во унијата и останала обединета со Данска до 1814 година.[20]
Исланд имал корист од својата релативна изолација и бил единствената скандинавска земја која не бил погодена од Црната смрт.[21] Во меѓувреме, норвешката колонија Гренланд изумрела, најверојатно поради екстремните временски услови во 15 век.[22] Овие услови можеби биле ефект од Малото ледено доба.[23]
Британски Острови
уредиСмртта на шкотскиот крал Александар III во 1286 година, државата паднала во криза за наследството и англискиот крал Едвард I, бил повикан да арбитрира. Кога Едвард се проглсил за владетел на Шкотска, довело до Шкотската војна за независност.[24] Англичаните на крајот биле поразени и Шкотите успеале да развијат посилна држава под династијата Стјуарт.[25]
Од 1337 година, вниманието на Англија било насочено кон Франција во Стогодишната војна.[26] Победата на Хенри V во Битката кај Азенкур во 1415 година на кратко успеал да го започне обединувањето на двете кралства, но неговиот син Хенри VI набрзо ги изгубил сите претходно добиени земји.[27] Губењето на Франција предизвикало немири во Англија и речиси веднаш по крајот на војната во 1453 година, започнале војните меѓу династиите Ланкастер и Јорк во Војната на розите (околу 1455-1485).[28]
Војната завршила со стапувањето на престолот на Хенри VII од династијата Тјудор, кој продолжил со дејноста на кралевите од династијата Јорк со градење на силна, централизирана монархија.[29] Додека вниманието на Англија било насочено на други работи Хиберно– Норманските (Нормани кои се населиле во Ирска) лордови во Ирска станувале сè повеќе асимилирани во ирското општество и на островот му било дозволено да развие одредена независност под англиска власт.[30]
Западна Европа
уредиФранцуската династија Валоа, која ја наследила династијата Капет во 1328 година, која била маргинализирана во својата земја, прво од англиските сили во Стогодишната војна, потоа од моќното Војводство Бургундија.[31] Појавата на Јованка Орлеанка на сцената го променила текот на војната во корист на Французите и подоцна иницијативата продолжила за време на Луј XI.[32]
Во меѓувреме Шарл Дрскиот, бургундскиот војвода, наишол на отпор при обидот за консолидација на неговите поседи, особено од Швајцарската Конфедерација, формирана во 1291 година.[33] Кога Шарл загинал во Бургундските војни во Битката кај Нанси во 1477 година, Војводството Бургундија било земено од Франција.[34] Во исто време територијата на Бургундија и богатите Бургундски Ниски Земји биле земени под власта на Хабсбурзите и Светото Римско Царство, со што започнал конфликт кој траел со векови.[35]
Средна Европа
уреди- Main articles: Свето Римско Царство, Историја на Полска, Историја на Литванија
Бохемија била во расцут во 14 век и Златната Була од 1356 година го направиле кралот на Бохемија прв меѓу царските изборни кнезови, но револуцијата на Јан Хус ја турнала државата во криза.[36] На власт на Светото Римско Царство дошле Хабсбурзите во 1438 година, задржувајќи ја власта сè до неговото распуштање во 1806 година.[37] Сепак и покрај големиот број на територии кои ги контролирале Хабсбурговците, Царството останало поделено и поголемиот дел од моќта и влијанието бил во рацете на принципатите. Исто така финансиските институции како Лигата од Ханза и семејството Фугер држеле голем дел од моќта, на економски и политички план.[38]
Louis the Great | |
---|---|
Кралството Унгарија во 14 век било во своето златно доба.[39] Особено за време на владеењето на Анжујците Карло Роберт (1308-42) и Лајош I Велики (1342-82) биле обележани со слава и успех.[40] Државата се збогатила како европскиот доставувач на злато и сребро.[41] Лајош Велики предводел успешни воени походи од Литванија до јужна Италија, од Полска до северна Грција. Тој го имал најголемиот воен потенцијал во 14 век со неговите огромни војски (често над 100000 луѓе). Во меѓувреме вниманието на Полска било насочено на исток, бидејќи унијата со Литванија создала огромна држава во регионот.[42] Унијата и христијанизацијата на Литванија го означиле крајот на паганството во Европа.[43]
Сепак Лајош не оставил син како наследник по неговата смрт во 1382 година. Тој за свој наследник го назначил младиот принц Сигисмунд од Луксембург, кој имал 11 години. Унгарските благородници не го прифатиле неговото барање на престолот, а резултатот бил војна. Сигисмунд успеал да наметне целосна контрола вра Унгарија и својот двор го поставил во Буда и Вишеград. Двете палати биле реконструирани и подобрени, и се сметале меѓу најбогатите во Европа во тоа време. Со наследувањето на престолот на Бохемија и Светото Римско Царство, Сигисмунд ја продолжил својата политика од Унгарија, но бидејќи бил зафатен со борби со Хуситите и со Османлиското Царство кое започнало да се претвора во сериозна закана за Европа во почетокот на 15 век.
Кралот Матија Корвин од Унгарија се сметало дека ја имал најголемата војска на платеници во неговото време (Унгарската Црна Војска), со која ги освоил Бохемија, Австрија и се борел со Османлиското Царство. Сепак, крајот на славното кралство дошол во почетокот на 16 век, кога кралот Лајош II загинал во Мохачката битка во 1526 година против Османлиското Царство. Потоа Унгарија западнала во сериозна криза и била нападната, не само што завршила нејзината важност во средна Европа, туку и во средниот век.
Источна Европа
уредиВо 13 век се случил падот на Киевска Русија, од страна на Монголците.[44] На нејзино место се појавило Великото Кнежевство Москва, кое во Битката кај Куликово ја поразило Златната Орда во 1380 година.[45] Победата не ставила крај на татарската власт во регионот и нејзиниот наследник Литванија, го ширела своето влијание на исток.[46]
Но дури за време на владеењето на Иван III Велики (1462-1505) Москва конечно станала важна регионална сила и анектирањето на големата Република Новгород во 1478 година ги поставило темелите за руската национална држава.[47] По падот на Цариград во 1453 година руските принцеви започнале да се гледаат себеси како наследници на Византија. Тие ја зеле и титулата цар и Москва се опишувала како Третиот Рим.[48]
Балканот и Византија
уреди- Main articles: Византија, Второ Бугарско Царство, Српско Царство, Скендербег
Византиското Царство долго време доминирало во источното Средоземје и во политика и во култура.[49] Но сепак до 14 век тоа целосно пропаднало во држава–сателит на Османлиското Царство со Цариград и неколку енклави во Грција.[50] Со падот на Цариград во 1453 година, Византија била уништена целосно.[51]
Бугарското Царство почнало да пропаѓа во 14 век и издигнувањето на Србија било означено со српската победа над Бугарите во Битката кај Велбужд (Ќустендил) во 1330 година.[52] До 1346 година, српскиот крал Стефан Душан бил прогласен за цар.[53] Сепак српската доминација била краткотрајна; обединетите балкански војни војски предводени од Србите биле поразени од Османлиите во Битката на Косово Поле во 1389 година, каде најголемиот дел од српското благродништво било убиено и јужниот дел од државата потпаднал под османска власт, како Бугарија пред тоа.[54] Србија паднала во 1459 година, Босна во 1463 година и Албанија конечно била освоена цо 1479 година, неколку години по смртта на Скендербег. Белград (тогаш под власт на Унгарија), бил последниот балкански град кој паднал под османска власт во 1521 година. До крајот на средниот век, целиот Балкански Полуостров бил анектиран, или станал вазал на Османлиите.[54]
Јужна Европа
уреди- Main articles: Шпанија во средниот век, Историја на Португалија
Авињон бил седиште на папството од 1309 до 1376 година.[55] Со враќањето на папата во Рим во 1378 година, Папската Држава се развила во голема секуларна сила, која достигнала свој врв во корумпираното владеење на папата Александар VI.[56] Угледот на Фиренца меѓу град–државите се зголемил преку бизнисот со финансии, а доминантното семејство Медичи станало промотор на ренесансата како покровител на уметностите.[57] Исто така други град–држави во северна Италија ги прошириле своите територии и ја зацврстиле моќта, особено Милано и Венеција.[58] Војната на Сицилијанската вечерница до почетокот на 14 век ја поделила јужна Италија на Арагонското Кралство Сицилија и Анжујското Кралство Неапол.[59] Во 1442 година, двете кралства се обединиле под контрола на Арагон.[60]
Бракот помеѓу Изабела I Кастиљска и Фердинанд II од Арагон во 1469 година и смртта на Хуан II од Арагон во 1479 година довеле до создавањено на модерна Шпанија.[61] Во 1492 година, Гранада била освоена од Маврите, со што завршила Реконквистата.[62] Португалија во 15 век – особено за време на Хенрик Морепловецот – постепено го истражувала африканскиот брег и во 1498 година, Васко да Гама го пронашол поморскиот пат до Индија.[63] Шпанските владетели му се спротивставиле на португалскиот предизвик со финансирањето на обидот на Колумбо за пронаоѓање на западен поморски пат до Индија, што довело до откривањето на Америка во истата година како и освојувањето на Гранада.[64]
Европското општество во Доцниот среден век
уредиОколу 1300-1350, привршувал Средновековниот топол период и започнало Малото ледено доба.[65] Постудената клима резултирала со криза во земјоделството, почнувајќи со Масовниот глад од 1315-1317.[66] Демографските последици од гладот, сепак не биле толку тешки како оние од чумите подоцна во векот, особено Црната смрт.[67] Се проценува дека стапката на смртност предизвикана од оваа голема епидемија е од една третина до шеесет проценти од населението.[68] До 1420 година, вкупниот ефект од постојаните чуми и гладови го намалил бројот на населението во Европа на не повеќе од една третина од она што живеело во претходниот век.[69] Ефектите од природните катастрофи биле влошени од вооружените конфликти, особено во случајот со Франција цо Стогодишната војна.[70]
Со намалувањето на населението во Европа, имало повеќе земја за преживеаните и трудот како последица станал поскап.[71] Обидите на земјопоседниците насила да ги намалат надниците, како во Статутот на работниците во Англија во 1351 година, биле осудени на пропаст.[72] Овие обиди резултирале со собирање на омраза помеѓу селаните,со што дошло до бунтови како Жакеријата во Франција во 1358 година и Селското востание во Англија во 1381 година.[73] Долготрајниот ефект бил ставање на крај на кметството во Западна Европа.[74] Во Источна Европа, од друга страна, земјопоседниците успеале да ја искористат ситуацијата да ги примораат селаните во уште потешко, репресирано служење.[75]
Хаосот предизвикан од Црната смрт повеќе ги загрозил малцинските групи, особено Евреите.[76] Оваа група била обвинета за непогодите и антиеврејски погроми се спроведувале низ цела Европа; во февруари 1349 година, 2000 Евреи биле убиени во Стразбур.[77] Исто така државата била крива за дискриминација против Евреите, бидејќи владетелите попуштале пред барањата на народот и Евреите биле прогонети од Англија во 1290 , од Франција во 1306, од Шпанија во 1492 и од Португалија во 1497 година.[78]
Додека Евреите биле прогонувани, една група која ја зголемила својата моќ и влијание во Доцниот среден век биле жените. Големите социјални промени во периодот отвориле нови можности за жените по полиња како трговија, учење и религија.[79] Но во исто време, жените биле полесни за инкриминација и прогонување, бидејќи верувањето во вештерките се зголемило.[79]
Сè до средината на 14 век, во Европа имало постепено зголемување на урбанизацијата.[80] Но, градовите биле опустошени од Црната Смрт, но улогите на урбаните области како центри на учење, трговија и власт го осигурале нивниот понатамошен развој.[81] До 1500 година, Венеција, Милано, Неапол, Париз и Цариград имале повеќе од 100000 жители.[82] Дваесет и два други градови имале по повеќе од 40000 жители и тоа повеќето од овие градови се наоѓале во Италија и Пиринејскиот Полуостров, но имало и некои во Франција, Светото римско Царство, Ниските Земји и Лондон во Англија.[82]
Воена историја
уредиСредновековно војување |
---|
Преку битки како оние кај Куртре (1302), Банокберн (1314) и Моргартен (1315), на европските принцеви им станало јасно дека предноста на феудалната коњица била изгубена, и дека добор опремена пешадија е попожелна.[83] За време на Велшките војни, Англија за првпат се сретнала и го присвоила долгиот велшки лак, кој бил многу ефикасен.[84] Со постепената употреба, ова оружје им дало голема предност над Французите во Стогодишната војна.[85]
Со појавата на барутот, војувањето се променило значително. Иако бил употребуван од Англичаните уште во Битката кај Креси во 1346 година, огнените оружја немале голем ефект на военото поле.[86] Преку употребата на топови како оружја за опсада се случила големата промена; новите методи на крајот ќе доведат до промена на структурата на утврдувањата.[87]
Промени исто така се случиле во регрутирањето и во составот на војските. Употребата на народно или феудално регрутирање постепено била заменета со платени војници од домашните придружници или странски платеници.[88] Оваа практика се поврзува со англискиот крал Едвард III и кондотиерите во италијанските град–држави.[89] Низ цела Европа имало најголема побарувачка од швајцарски војници.[90] Во исто време, во овој период се појавиле првите трајни војски. За време на династијата Валоа во Франција, поради големите побарувања на Стогодишната војна, вооружените сили постепено добиле трајна природа.[91]
Паралелно со воениот развој исто така произлегол поинаков вид на витешки код на однесување за класа на воини.[92] Оваа нова филозофија може да се гледа како одговор на се помалата воена улога на аристократијата и постепено таа се отцепила од своето воено потекло.[93] Витешкиот дух дошол до израз преку новите (секуларни)[94] типови на витешки редови; од кои најпрв бил Редот на Свети Ѓорѓија основан од Карло Роберт од Унгарија во 1325 година, како и најдобро познатиот англиски Жартиерски ред, основан од Едвард III во 1348 година.[95]
Христијански конфликт и реформи
уредиПапска шизма
уредиСè поголемата доминација на Франција врз Папската Држава кулминирала со преместувањето на Светата Столица во Авињон во 1309 година.[96] Кога папата се вратил во Рим во 1377 година, дошло до избирање на различни папи во Авињон и Рим, со што започнала Западниот раскол (1378-1417).[97] Шизмата ја поделила Европа според политичките линии, додека Франција, нејзинот сојузник Шкотска и шпанските кралства го поддржувале папата во Авињон, Англија, францускиот непријател, застанала во поддршка на папата во Рим, заедно со Португалија, Скандинавија и повеќето од германските принцеви.[98]
На соборот во Констанца (1414-1418), Папската Држава повторно се обединила во Рим.[99] Но унијата на Западната црква ќе трае уште околу сто години и иако Папската Држава ќе го поседува својот најголем материјален просперитет од било кога, оваа шизма предизвикала непоправлива штета.[100] Внатрешните превирања во Црквата го спречиле нејзиното право на универзално владеење и промовирала антиклерикализам, меѓу народот и нивните владетели, со што биле поставени темелите на реформистичките движења.[101]
Протестантска реформација
уредиИако многу од настаните се надвор од традиционалната временска рамка на средниот век, крајот на унијата на Западната црква (протестантската реформација), тоа било една од главните, препознатливи одлики на средниот век.[12] Римокатоличката црква долго се борела против еретичките движења, но во Доцниот среден век, од самата внатрешност почнале да се појавуваат барања за реформи.[102] Првото барање дошло од оксфордскиот професор Џон Виклиф во Англија.[103] Виклиф сметал дека Библијата треба да биде единствениот авторитет во верските прашања и зборувал против пресуштествувањетп, целибатот и индулгенциите.[104] И покрај тоа што имал влијателни поддржувачи како Џон, војводата од Ланкастер и Аквитанија, ова движење не успеало да опстои. Иако Виклиф не бил попречен, неговите следбеници, Лолардите, биле угнетувани во Англија.[105]
Бракот на англискиот крал Ричард II со Ана од Бохемија овозможил контакт меѓу двете земји и ги довел идеите на Лолардите во овој дел на Европа.[106] Учењата на чешкиот свештеник Јан Хус се базирале на оние на Џон Виклиф, но неговите следбеници, Хуситите, имале имале посилен политички удар од Лолардите.[107] Хус се здобил со голем број на следбеници во Бохемија и во 1414 година, се барало од него да учествува на соборот во Констанца, да ја брани неговата кауза.[108] Кога бил запален како еретик во 1415 година, тоа предизвикало големи востанија во чешките земји.[109] Последователните Хуситски војни пропаднале поради внатрешни несогласувања и не резултирале со верска и национална слобода на Чесите, но Црквата и германскиот елемент во државата значително ослабнале.[110]
Мартин Лутер, германски монах, ја започнал Германската Реформација со објавувањето на неговите 95 тези на вратата од црквата во Витенберг на 31 Октомври 1517 година.[111] Провокацијата за ова дело било обновувањето на индулгенцијата на папата Лав X за изградбата на новата базилика Свети Петар во 1514 година.[112] На Лутер му било наредено да се откаже од својата ерес во собранието во Вормс во 1521 година.[113] Кога тој одбил, тој добил забрана од Царството од Карл V. Добивајќи заштита од Фридрих Мудриот, тој успеал да ја преведе Библијата на германски јазик.[114]
За многу секуларни владетели, протестантската реформација била добредојдена шанса за проширување на нивното богатство и влијание.[115] Римокатоличката црква се соочила со предизвиците од реформаторските движења со појава што ќе се нарече Католичката или Против–Реформацијата.[116] Европа била поделена на северен протестантски дел и на јужен католички дел, со што дошло до верските војни во 16 и 17 век.[117]
Трговија
уредиСредновековни трговски линии |
---|
Се подоминантната позиција на Османлиското Царство во источното Средоземје претставувало пречка за трговијата со христијанските држави на западот, кои сега започнале да бараат алтернативи.[118] Португалските и шпанските истражувачи пронашле нови трговски линии – јужно од Африка до Индија и преку Атлантскиот Океан до Америка.[119] Со создавањето директни поморски трговски линии со Фландрија, венецијанските и џеновските трговци, панаѓурите во Шампања изгубиле голем дел од својата важност.[120]
Во исто време, англискиот извоз на волна се сменил од сирова волна во обработена ткаенина, со што дошло до загуба на произведувачи на ткаенина во Ниските Земји.[121] Во Балтичкото и Северното Море, Лигата од Ханза го достигнала својот врв во 14 век, но започнала да опаѓа во 15 век.[122]
Кон крајот на 13 и почетокот на 14 век, во Италија и во дел од Светото римско Царство се случил процес кој историчарите го нарекуваат ‘комерцијална (трговска) револуција’.[123] Меѓу иновациите на периодот биле новите форми на партнерство и издавањето на осигурување, кои придонеле до намалување на ризикот при трговските зделки; меницата и другите форми на кредит ги заобиколувал канонските закони за неевреите против лихварството и го отстранувал опасностите од носењето на скапоцени метали; и новите форми на сметководство, особено двојното книговодство, кое овозможувало подобро надгледување и прецизност.[124]
Со финансиското проширување, трговските права биле љубоморно чувани од трговската елита. Во градовите се посилни станувале еснафите, а на национално ниво посебни компании давале монополи за одредено тргување како на пример англискиот пазар на волна Staple.[125] Корисниците со тоа се стекнувале со огромно богатство. Семејствата како Фугер во Германија, Медичи во Италија, де ла Пол во Англија и поединци како Жак Кер во Франција ќе помогнат со финансирање на војните на кралевите, здобивајќи се со големо политичко влијание во исто време.[126]
Иако нема сомнеж дека демографската криза од 14 век предизвикала драматичен пад во производството и трговијата во огромни рамки, постоела жестока историска дебата за тоа дали падот бил поголем од намалувањето на населението.[127] Додека стандардното мислење било дека уметничкото богатство создадено во ренесансата било резултат на поголемото изобилство, поновите студии предложуваат дека можеби постоела т.н. ‘депресија на ренесансата’.[128] И покрај убедливите аргументи во случајот, статистичките докази се едноставно нецелосни за да се дојде до таков заклучок.[129]
Уметност и наука
уредиВо 14 век, предоминантниот академски тренд на схоластиката бил ставен во прашање од хуманистичкото движење. Иако на почетокот тоа било обид за ревитализација на класичните јазици, ова движење довело до иновации во науката, уметноста и литературата, со помош на поттикот од византиските учени луѓе кои барале спас на запад по падот на Цариград во 1453 година.[130]
Во науката, класичните авторитети како Аристотел биле ставени во прашање за првпат по антиката. Во уметноста, хуманизмот го зел обликот на ренесансата. Иако ренесансата во 15 век била силно локализиран феномен – ограничен само на град – државите од северна Италија – сепак развој на уметноста имало и посеверно, особено во Холандија.[13]
Филозофија, наука и технологија
уредиВо 13 век, предоминантно било учењето на Томистичкото помирување на учењата на Аристотел со христијанската теологија.[132] Осудувањата од 1277 година, извршени во универзитетот во Париз, поставиле рестрикции на идеи кои се сметале за ерес; рестрикции кои посочувале кон аристотелијанизмот. Алтернатива била предложена од Вилијам од Окам, кој инсистирал дека светот на разумот и светот на верата треба да се држат одвоено.[133] Тој го вовел принципот на стегнатост – или бричот на Окам – со кој поедноставна теорија била попожелна од посложената и шпекулацијата за феномените кои не можат да се набљудуваат се избегнува.[134]
Овој нов пристап ја ослободил научната шпекулација од догматските ограничувања на аристотелијанската наука и овозможиле нови пристапи. Голем напредок имало во полето на теории за движењето, каде учени луѓе како Жан Буридан, Никола Орем и Оксфордските калкулатори ја ставиле во прашање дејноста на Аристотел.[135] Буридан ја развил теоријата на залетот/поттикот (импетусот) како причина за движењето на проектилите, со што се отишло многу напред во развивањето на модерниот концепт на инерција.[136] Делата на овие учени луѓе му претходеле хелиоцентричниот поглед на светот на Никола Коперник.[137]
Одредени технолошки пронајдоци од периодот – дали од арапско или кинеско потекло, или уникатни европски иновации – имале големо влијание на политичките и социјалните настани, и тоа барутот, машината за печатење и компасот. Воведувањето на барутот на бојното поле не само што ја зафатило воената организација, тулу и помогнало во напредокот на националните држави. Машината за печатење со подвижни делови на Гутенберг не само што ја овозможиле реформацијата, туку помогнале во ширењето на знаењето, нешто што постепено ќе доведе до поеднакво општество. Компасот, заедно со иновации како накрсниот стап, поморскиот астролаб и напредокот во бродоградителството, ја овозможиле навигацијата низ океаните и почетните фази на колонијализмот.[138] Други пронајдоци имале голем ефект на секојдневниот живот, како очилата и часовникот со тегови.[139]
Визуелни уметности и архитектура
уредиСредновековна уметност | |
---|---|
врска=Special:FilePath/Giotto_-_Scrovegni_-_-36-_-_Lamentation_(The_Mourning_of_Christ).jpg |
Претходникот на ренесансната уметност може да се виде во раниот 14 век во дела на Џото ди Бондоне. Џото бил првиот сликар после оние од антиката кој се обидувал во претставувањето на тридимензионалната реалност, и да им даде вистински човечки чувства на своите ликови.[140] Најважните случувања во 15 век сепак дошле од Фиренца. Богатството на трговската класа овозможило широко покровителство на уметностите, а меѓу првите покровители била фамилијата Медичи.[141]
Во овој период имало неколку важни технички иновации, како принципот на линеарна перспектива во делата на Мазачо, подоцна објаснети од Брунелески.[142] Поголема реалност била постигната преку научните проучувања во анатомијата, предводени од уметници како Донатело.[143] Ова може да се види во неговите скулптури, инспирирани од изучувањето на класичните модели.[144] Како што средиштето на движењето се поместувало во Рим, периодот кулминирал со мајсторите на Високата ренесанса, да Винчи, Микеланџело и Рафаело.[145]
Идеите на италијанската ренесанса бавно ги преминале Алпите во северна Европа, но важни уметнички иновации биле постигнати и во Ниските Земји.[146] Иако не е – а се сметало дека е – иноваторот на сликањето со масло, Јан ван Ејк бил шампион на новиот медиум, и го користел да создаде многу реални дела со прецизен детал.[147] Двете култури си влијаеле меѓусебе и учеле една од друга, но сликањето во Холандија повеќе се фокусирало на текстури и површини за разлика од идеализираните композиции на италијанската ренесанса.[148]
Во северните земји готската архитекура останала како норма и готските катедрали уште повеќе се развивале.[149] Во Италија, од друга страна, архитектурата тргнала во друг правец, исто така инспирирана од класичните идеали. Најважните дела од овој период била Санта Марија дел Фиоре во Фиренца, со саат кулата на Џото, портите за крштевање на Гиберти, и куполата на катедралата каков што дотогаш немало, направен од Брунелески.[150]
Литература
уредиНајважниот развој во литературата во Доцниот среден век било издигнувањето на народните јазици.[151] Тие се употребувале во Франција и Англија уште од 11 век, каде најпопуларните жанрови биле шансон де жест (опевање на херојски подвизи), трубадурските лирски песни и романтични епови, односно витешките романи.[152] Иако во Италија подоцна се развивала литературата на народен јазик, најважниот развој во периодот сепак допрва ќе се случува тука.[150]
Божествената комедија на Данте Алигиери, напишана во почетокот на 14 век, го споила средновековниот свет со класичните идеали.[153] Друг промотор на италијанскиот јазик бил Џовани Бокачо со неговиот Декамерон.[154] Шпотребата на народен јазик не го вклучувало исфрлањето на латинскиот, бидејќи и Данте и Бокачо имаат многу дела и на латински и на италијански јазик, како и Франческо Петрарка после нив (чиј Канцониер исто така промовирал народен јазик и во делото се содржеле првите модерни лирски песни).[155] Овие три поети го утврдиле тосканскиот дијалект како норма за модерниот италијански јазик.[156]
Новиот литературен стил се ширел брзо, влијаејќи врз француските поети Есташ Дешам и Гијом де Машо.[157] Во Англија, Џефри Чосер со неговите Кантербериски приказни помогнал при воспоставувањето на англискиот јазик како јазик на литературата.[158] Во ова дело приказните од секојдневниот живот биле под влијание на делата на Бокачо. Ширењето на литературата на народен јазик достигнала до Бохемија, Балтикот, кај словенските народи и во Византија.[159]
Музика
уредиМузиката била важен дел од световната и духовната култура и универзитетите ја направиле дел од квадривиумот (четири предмети кои се изучуваат) од слободните уметности.[160] Од почетокот на 13 век, доминантната сакрална музичка форма бил мотетот; композиција со текст во неколку делови.[161] Од 1330 па понатаму, произлегла полифонијата, која била посложен спој од независни гласови.[162] Полифонијата често се среќавала во световната музика на провансалските трубадури. Многу од нив биле жртви на Катарската крстоносна војна од 13 век, но нивното влијание стигнало до папскиот двор во Авињон.[163]
Главни претставници на новиот стил, често нарекуван ars nova (нова уметност), како спротивност на ars antiqua (стара уметност) биле композиторите Филип де Витри и Гијом де Машо.[164] Во Италија, каде провансалските трубадури нашле прибежиште, периодот се нарекува trecento, а главни композитори биле Џовани да Каша, Џакопо да Болоња и Франческо Ландини.[165]
Театар
уредиНа Британските Острови, претставите биле создавани во 127 различни града за време на средниот век. Овие народни мистерии биле пишувани во циклуси составени од поголем број претстави: Јорк (48), Честер (24), Вејкфилд (32) и непознато (42). Поголемиот број од преживеаните претстави од овој период доаѓаат од Франција и Германија и некакви видови на религиозни драми се изведувале во речиси секоја европска земја во Доцниот среден век. Многу од овие претстави содржеле комедија, ѓаволи, негативци и кловнови.[166]
Типот на претстави моралите се појавил како посебна драмска форма околу 1400 година и се развивал сè до 1550 година. Најинтересната ваква претстава била The Castle of Perseverance, која го покажува напредокот на човештвото од раѓањето до смртта. Сепак најпознатата претстава и можеби најпознатата средновековна драма е Everyman. Главниот лик е повикан од Смртта, се бори да побегне и на крај го прави тоа што треба. По пат, него го напуштаат роднините, добрата и дружината – само добрите дела остануваат со него до гробот.
При крајот на Доцниот среден век, професионалните глумци започнале да се појавуваат во Англија и Европа. Ричард III и Хенри VII имале за придружници мали групи од професионални глумци. Тие своите претстави ги изведувале во големите сали во, домот на благородникот, често со подигната платформа на едниот крај за публиката и “екран” од другата страна за глумците. Исто така важни биле претставите со пантомима, изведувани за време на Божиќната сезона и дворските маски. Овие маски биле популарни за време на владеењето на Хенри VIII кој наредил да се изгради Домот на Веселби и титулата Надгледувач на веселби била создадена цо 1545 година.[167]
Крајот на средновековната драма дошол поради повеќе фактори, меѓу кои и бил слабеењето на Римокатоличката црква, протестантската реформација и забраната за претстави со религиозна тематика во многу земји. Елизабета I ги забранила сите религиозни претстави во 1558 година и големиот циклус на претстави завршил до 1580 години. Исто така, религиозни претстави биле забранети во Холандија во 1539, во Папската Држава во 1547 и во Париз во 1548 година. Напуштањето на овие претстави го уништил меѓународниот театар кој дотогаш постоел и ја приморал секоја земја да создава свој вид на драма. Тоа му овозмжило на драматурзите да се насочат кон световни теми и повторно пројавениот интерес за старогрчкиот и римскиот театар им дал одлична можност за тоа.[168]
По средниот век
уредиПо крајот на доцниот среден век, ренесансата ќе се рашири нееднакво низ цела Европа, почнувајќи од јужните региони. Интелектуалната трансформација на ренесансата се гледа како мост помеѓу средниот век и Модерното време. Европејците потоа ќе започнат со епохата на Големите географски откритија. Во комбинација со навлегувањето на класични идеи било и пронаоѓањето на машина за печатење со подвижни делови која што го олеснила ширењето на пишаниот збор и го демократизирала учењето. Овие две нешта ќе ја предводат протестантската реформација. Европејците исто така откриле нови трговски линии, како што се случајот со патувањата на Колумбо во Америка во 1492 година, и патувањето преку Африка до Индија на Васко да Гама во 1498 година. Овие откритија ја зајакнале економијата и моќта на европските нации.
Периодот од 1300 до 1500 во Азија и Северна Африка
уредиИсламскиот свет
уредиМамелучки Султанат
уредиЗа време на падот на Ајубидите, Мамелучкиот Султанат се издигнал да владее со Египет. Мамелуците, Арапи и Кипчаци биле купувани, но не биле обични робови. Мамелуците се сметале за “вистинските господари”, со општествен статус над повисок од слободните египетски муслимани. Мамелучките одреди биле главниот дел од подоцнежната војска на Ајубидите. Секој султан и емир со повисок ранг имале приватни одреди од Мамелуци. Бахри мамелуците ги поразиле крстоносците предводени од Луј IX во Битката кај Ал Мансура. Султанот продолжил да им дава власт на своите придружници и на Муазами мамелуците на штета на интересите на Бахрите. Набрзо потоа, група Бахри извршила атентат врз султанот. По смртта на султанот, започнала цела декада на нестабилност и различни групи се бореле за контрола. Османлиското Царство ја освоило Сирија кон крајот на средниот век, поразувајќи ги Мамелуците во Битката кај Марџ Дабик, во близина на Алеп. Османскиот поход против Мамелуците продолжил и тие го освоиле Египет по Битката кај Риданија, ставајќи крај на Мамелучкиот Султанат.
Османлиите и Европа
уредиОсманлиите и Европа | |
---|---|
До крајот на 15 век, Османлиското Царство се напаѓало на Источна Европа, освојувајќи го Византиското Царство и ја зголемиле својата контрола над балканските земји. Унгарија се претворила во последната одбрана на латинскиот христијански свет и се борела за да ги задржи своите територии цели два века. По трагичната смрт на полскиот и унгарски крал Владислав I во Битката кај Варна против Османлиите во 1444 година, кралството без владетел било ставено под контрола на Јанош Хуњади, кој станал регент – гувернер на Унгарија (1446-1453). Тогашниот папа Пиј II го сметал Хуњади за еден од најважните војсководци и воени фигури во тоа време (папата дури и му ја доделил титулата Athleta Christi или Првенец (Шампион) на Христа), зашто тој им бил единствената надеж со неговиот отпор против Османлиите во Средна и Западна Европа.
Хуњади успеал да го одбрани Белград од Османлиите за време на Опсадата од 1456 година, што било најголемата победа против нив по подолго време. Битката се претворила во вистинска крстоносна војна против муслиманите, и селаните биле мотивирани од Францисканскиот монах Јован Капистран, кој пристигнал од Италија да говори за Света војна. Ефектот создаден во тоа време бил еден од главните фактори кои помогнале во победата. Сепак, прераната смрт на унгарскиот благородник го оставил тој дел на Европа без одбрана и во хаос.[169] По тоа следувал настан кој бил необичен и чуден за средниот век, бидејќи синот на Хуњади, Матија, бил избран за крал на Унгарија од благородништвото. За првпат, член на аристократијата (а не на кралското семејство), бил крунисан за крал.[170]
Унгарскиот крал Матија Корвин (1458-1490) бил една од најважните личности во тоа време, бидејќи започнал походи на запад, освојувајќи ја Бохемија, како одговор на барањето на папата за помош против Хуситските протестанти и ги решил политичките непријателства со германскиот Хабсбурговец, царот Фридрих III, напаѓајќи ги неговите западни територии. Матија ја организирал Црната Армија, која се состоела од платеници и се смета за најголемата војска во тоа време. Употребувајќи ја оваа моќна алатка, кралот водел војни со турските војски и ги сопрел Османлиите за време на неговото владеење. Иако Османлиското Царство сè повеќе се зајакнувало, и со распуштањето на Црната Армија, Средна Европа немала одбрана по смртта на Матија. Во Мохачката битка, силите на Османлиското Царство ја уништиле унгарската војска и унгарскиот крал Лајош II се удавил во потокот Челе. Водачот на унгарската војска, Пал Томори, исто така загинал во битката. Овој настан се смета за еден од последните во средниот век.[171]
Далечен Исток
уредиКинеската обнова
уредиМонети од династијата Јуен |
---|
Монголската држава, големата династија Јуен, основана од Кублај Кан, постоела помеѓу Развиениот и доцниот среден век. Дел од Монголското Царство и кинеска царска династија, Јуан ја наследила династијата Сунг и ѝ претходела на династијата Минг. За време на неговото владеење, Кублај кан исто така ја барал и титулата Голем кан, врховен кан на сите монголски канати. Ова барање било признато од Илханатот, кој бил практично независен. Иако подоцнежните цареви од династијата Јуен биле признати за врховни од трите останати независни западни канати, секој од нив си имал своја посебна политика.
Големото царство на династијата Минг започнало да владее со Кина по средината на средниот век, по падот на династијата Јуен. Династијата Минг била последната кинеска династија со Хан-Кинеско етничко потекло. За време на оваа династија се составила голема морнарица и војска. Иако постоела приватна поморска трговија и официјални мисии испратени од Кина кај претходните династии, флотата под команда на муслиманскиот евнух-адмирал Џенг Хе ги надминала сите останати со својата големина.
Забранетиот Град |
---|
За време на династијата Минг, се започнало со огромни градежни проекти, вклучувајќи ја реставрацијата на Големиот кинески канал и Кинескиот ѕид и биле поставени темелите за изградбата на Забранетиот град во Пекинг. Општеството се градело да биде самостојно, и било составено од рурални заедници во тесен, неподвижен систем кој немал потреба да тргува со урбаните центри. Повторната изградба на земјоделската основа на Кина и зајакнувањето на комуникациските линии преку милитаризираниот систем на курири го исполнил неочекуваниот ефект во создавање на голем земјоделски вишок кој се продавал на пазарите во развој сместени низ комуникациските линии на гласниците.
Руралната култура и трговија претрпеле влијание од ураните трендови. Погорните нивоа на општеството отелотворени во учената класа на земјопоседници исто така претрпеле влијание од новата култура заснована на потрошувачка. Како застранување од традицијата, трговските фамилии започнале да даваат кандидати за службеници и присвоиле културни одлики и практики од земјопоседниците. Паралелно на овој тренд кој исто така ги вклучувал социјална класа и комерцијална потрошувачка биле и промените во социјалната и политичката филозофија, бирократијата и институциите на власта, па дури и во уметностите и литературата.
Јапонската обнова
уредиКему обновата бил тригодишен период од јапонската историја помеѓу периодите Камакура и Муромачи. Политичките настани вклучувале обид за обнова, но имало многу сериозни политички грешки, враќањето на царското семејство и благородништвото и со тоа враќањето на цивилната власт по еден и пол век воена власт. Обидот за обнова на крајот не успеал и бил заменет со Ашикага Шогунатот. Ова било последен пат кога царот имал некаква моќ сè до обновата на Мејџи во современо време.
Почнувајќи по средината на средниот век, периодот Муромачи го означува владеењето на Ашикага Шогунатот. Првиот шогун во Муромачи бил поставен од Ашикага Такауџи, две години по кратката Кему обнова, царската власт дошла до крајот. Периодот завршил кога последниот шогун Ашикага Јошиаки бил избркан од главниот град Кјото од Ода Нобунага. Раниот Муромачи период, односно периодот на Северниот и Јужниот двор, се соочил со понатамошен отпор од поддржувачите на Кему обновата. Крајот на Муромачи периодот, или Сенгоку периодот, бил време на војување меѓу државите. Муромачи периодот е составен од две културни фази, средновековниот Китајама и модерниот Хигашијама период.
Хронологија
уреди- Датумите се приближни, консултирајте се со одредена статија за детали
- среден век Пред/По среден век
- 14 век
1307 - Уништување на витезите Темплари |
1364 - Основање на Јагиелонскиот универзитет |
- 15 век
1409 - Венецијанска Далмација |
1461 - Уништување на Трапезунтското Царство |
|
|
Наводи
уредиЦитати
уреди- ↑ Austin Alchon, Suzanne (2003). A pest in the land: new world epidemics in a global perspective. University of New Mexico Press. p. 21. ISBN 0-8263-2871-7.
- ↑ Cantor, p. 480.
- ↑ Cantor, p. 594.
- ↑ Leonardo Bruni, James Hankins, History of the Florentine people, Volume 1, Books 1–4, (2001), p. xvii.
- ↑ Brady et al., p. xiv; Cantor, p. 529.
- ↑ Burckhardt, Jacob (1860). The Civilization of the Renaissance in Italy. стр. 121. ISBN 0-06-090460-7.
- ↑ Haskins, Charles Homer (1927). The Renaissance of the Twelfth Century. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. ISBN 0-19-821934-2.
- ↑ "Les periodes de l'historie du capitalism", Academie Royale de Belgique. Bulletin de la Classe des Lettres, 1914.
- ↑ Huizinga, Johan (1924). The Waning of the Middle Ages: A Study of the Forms of Life, Thought and Art in France and the Netherlands in the XIVth and XVth Centuries. London: E. Arnold. ISBN 0-312-85540-0.
- ↑ 10,0 10,1 Allmand, p. 299; Cantor, p. 530.
- ↑ Le Goff, p. 154. See e.g. Najemy, John M. (2004). Italy in the Age of the Renaissance: 1300–1550. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-870040-7.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Brady et al., p. xvii.
- ↑ 13,0 13,1 For references, see below.
- ↑ Allmand (1998), p. 3; Holmes, p. 294; Koenigsberger, pp. 299–300.
- ↑ Brady et al., p. xvii; Jones, p. 21.
- ↑ Allmand (1998), p. 29; Cantor, p. 514; Koenigsberger, pp. 300–3.
- ↑ Brady et al., p. xvii; Holmes, p. 276; Ozment, p. 4.
- ↑ Hollister, p. 366; Jones, p. 722.
- ↑ Allmand (1998), p. 703
- ↑ Bagge, Sverre; Mykland, Knut (1989). Norge i dansketiden: 1380–1814 (2. изд.). Oslo: Cappelen. ISBN 978-82-02-12369-7.
- ↑ Allmand (1998), p. 673.
- ↑ Allmand (1998), p. 193.
- ↑ Alan Cutler (1997-08-13). „The Little Ice Age: When global cooling gripped the world“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 2019-10-22. Посетено на 2008-03-12.
- ↑ Jones, pp. 348–9.
- ↑ Jones, pp. 350–1; Koenigsberger, p. 232; McKisack, p. 40.
- ↑ Jones, p. 351.
- ↑ Allmand (1998), p. 458; Koenigsberger, p. 309.
- ↑ Allmand (1998), p. 458; Nicholas, pp. 32–3.
- ↑ Hollister, p. 353; Jones, pp. 488–92.
- ↑ McKisack, pp. 228–9.
- ↑ Hollister, p. 355; Holmes, pp. 288-9; Koenigsberger, p. 304.
- ↑ Duby, p. 288-93; Holmes, p. 300.
- ↑ Allmand (1998), pp. 450-5; Jones, pp. 528-9.
- ↑ Allmand (1998), p. 455; Hollister, p. 355; Koenigsberger, p. 304.
- ↑ Allmand (1998), p. 455; Hollister, p. 363; Koenigsberger, pp. 306-7.
- ↑ Holmes, p. 311–2; Wandycz, стр. 40
- ↑ Hollister, p. 362; Holmes, p. 280.
- ↑ Allmand (1998), pp. 152–153; Cantor, p. 508; Koenigsberger, p. 345.
- ↑ Wandycz, p. 38.
- ↑ Wandycz, p. 40.
- ↑ Jones, p. 737.
- ↑ Koenigsberger, p. 318; Wandycz, p. 41.
- ↑ Jones, p. 7.
- ↑ Martin, pp. 100–1.
- ↑ Koenigsberger, p. 322; Jones, p. 793; Martin, pp. 236–7.
- ↑ Martin, p. 239.
- ↑ Allmand (1998), p. 754; Koenigsberger, p. 323.
- ↑ Allmand, p. 769; Hollister, p. 368.
- ↑ Hollister, p. 49.
- ↑ Allmand (1998), pp. 771–4; Mango, p. 248.
- ↑ Hollister, p. 99; Koenigsberger, p. 340.
- ↑ Jones, pp. 796–7.
- ↑ Jones, p. 875.
- ↑ 54,0 54,1 Hollister, p. 360; Koenigsberger, p. 339.
- ↑ Hollister, p. 338.
- ↑ Allmand (1998), p. 586; Hollister, p. 339; Holmes, p. 260.
- ↑ Allmand, pp. 150, 155; Cantor, p. 544; Hollister, p. 326.
- ↑ Allmand (1998), p. 547; Hollister, p. 363; Holmes, p. 258.
- ↑ Cantor, p. 511; Hollister, p. 264; Koenigsberger, p. 255.
- ↑ Allmand (1998), p. 577.
- ↑ Hollister, p. 356; Koenigsberger, p. 314; Reilly, p. 209.
- ↑ Allmand (1998), p. 162; Hollister, p. 99; Holmes, p. 265.
- ↑ Allmand (1998), p. 192; Cantor, 513.
- ↑ Cantor, 513; Holmes, pp. 266–7.
- ↑ Grove, Jean M. (2003). The Little Ice Age. London: Routledge. ISBN 0-415-01449-2.
- ↑ Jones, p. 88.
- ↑ Harvey, Barbara F. (1991). „Introduction: The 'Crisis' of the Early Fourteenth Century“. Во Campbell, B.M.S. (уред.). Before the Black Death: Studies in The 'Crisis' of the Early Fourteenth Century. Manchester: Manchester University Press. стр. 1–24. ISBN 0-7190-3208-3.
- ↑ Jones, pp. 136–8;Cantor, p. 482.
- ↑ Herlihy (1997), p. 17; Jones, p. 9.
- ↑ Hollister, p. 347.
- ↑ Duby, p. 270; Koenigsberger, p. 284; McKisack, p. 334.
- ↑ Koenigsberger, p. 285.
- ↑ Cantor, p. 484; Hollister, p. 332; Holmes, p. 303.
- ↑ Cantor, p. 564; Hollister, pp. 332–3; Koenigsberger, p. 285.
- ↑ Hollister, pp. 332–3; Jones, p. 15.
- ↑ Chazan, p. 194.
- ↑ Hollister, p. 330; Holmes, p. 255.
- ↑ Brady et al., pp. 266–7; Chazan, pp. 166, 232; Koenigsberger, p. 251.
- ↑ 79,0 79,1 Klapisch-Zuber, p. 268.
- ↑ Hollister, p. 323; Holmes, p. 304.
- ↑ Jones, p. 164; Koenigsberger, p. 343.
- ↑ 82,0 82,1 Allmand (1998), p. 125
- ↑ Jones, p. 350; McKisack, p. 39; Verbruggen, p. 111.
- ↑ Allmand (1988), p. 59; Cantor, p. 467.
- ↑ McKisack, p. 240, Verbruggen, pp. 171–2
- ↑ Contamine, pp. 198–200.
- ↑ Allmand (1998), p. 169; Contamine, pp. 200–7.
- ↑ Cantor, p. 515.
- ↑ Contamine, pp. 150–65; Holmes, p. 261; McKisack, p. 234.
- ↑ Contamine, pp. 124, 135.
- ↑ Contamine, pp. 165–72; Holmes, p. 300.
- ↑ Cantor, p. 349; Holmes, pp. 319–20.
- ↑ Hollister, p. 336.
- ↑ http://www.newadvent.org/cathen/03691a.htm
- ↑ Cantor, p. 537; Jones, p. 209; McKisack, p. 251.
- ↑ Cantor, p. 496.
- ↑ Cantor, p. 497; Hollister, p. 338; Holmes, p. 309.
- ↑ Hollister, p. 338; Koenigsberger, p. 326; Ozment, p. 158.
- ↑ Cantor, p. 498; Ozment, p. 164.
- ↑ Koenigsberger, pp. 327–8; MacCulloch, p. 34.
- ↑ Hollister, p. 339; Holmes, p. 260; Koenigsberger, pp. 327–8.
- ↑ A famous account of the nature of, and suppression of a heretic movement, is Emmanuel Le Roy Ladurie's Emmanuel Le Roy Ladurie. (1978). Montaillou: Cathars and Catholics in a French Village, 1294–1324. London: Scolar Press. ISBN 0-85967-403-7.
- ↑ MacCulloch, p. 34–5.
- ↑ Allmand (1998), p. 15; Cantor, pp. 499–500; Koenigsberger, p. 331.
- ↑ Allmand (1998), pp. 15–6; MacCulloch, p. 35.
- ↑ Holmes, p. 312; MacCulloch, pp. 35–6; Ozment, p. 165.
- ↑ Allmand (1998), p. 16; Cantor, p. 500.
- ↑ Allmand (1998), p. 377; Koenigsberger, p. 332.
- ↑ Koenigsberger, p. 332; MacCulloch, p. 36.
- ↑ Allmand (1998), p. 353; Hollister, p. 344; Koenigsberger, p. 332–3.
- ↑ MacCulloch, p. 115.
- ↑ MacCulloch, pp. 70, 117.
- ↑ MacCulloch, p. 127; Ozment, p. 245.
- ↑ Ozment, p. 246.
- ↑ Allmand (1998), pp. 16–7; Cantor, pp. 500–1.
- ↑ MacCulloch, p. 107; Ozment, p. 397.
- ↑ MacCulloch, p. 266; Ozment, pp. 259–60.
- ↑ Allmand (1998), pp. 159–60; Pounds, pp. 467–8.
- ↑ Hollister, pp. 334–5.
- ↑ Cipolla (1976), p. 275; Koenigsberger, p. 295; Pounds, p. 361.
- ↑ Cipolla (1976), p. 283; Koenigsberger, p. 297; Pounds, pp. 378–81.
- ↑ Cipolla (1976), p. 275; Cipolla (1994), p. 203, 234; Pounds, pp. 387–8.
- ↑ Koenigsberger, p. 226; Pounds, p. 407.
- ↑ Cipolla (1976), pp. 318–29; Cipolla (1994), pp. 160–4; Holmes, p. 235; Jones, pp. 176–81; Koenigsberger, p. 226; Pounds, pp. 407–27.
- ↑ Jones, p. 121; Pearl, pp. 299–300; Koenigsberger, pp. 286, 291.
- ↑ Allmand (1998), pp. 150–3; Holmes, p. 304; Koenigsberger, p. 299; McKisack, p. 160.
- ↑ Pounds, p. 483.
- ↑ Cipolla, C.M. (1964). „Economic depression of the Renaissance?“. Economic History Review. xvi: 519–24.
- ↑ Pounds, pp. 484–5.
- ↑ Allmand (1998), pp. 243–54; Cantor, p. 594; Nicholas, p. 156.
- ↑ Buringh, Eltjo; van Zanden, Jan Luiten: "Charting the “Rise of the West”: Manuscripts and Printed Books in Europe, A Long-Term Perspective from the Sixth through Eighteenth Centuries", The Journal of Economic History, Vol. 69, No. 2 (2009), pp. 409–445 (416, table 1)
- ↑ Jones, p. 42; Koenigsberger, p. 242.
- ↑ Hans Thijssen (2003). „Condemnation of 1277“. Stanford Encyclopedia of Philosophy. Посетено на 2008-04-21.
- ↑ Grant, p. 142; Nicholas, p. 134.
- ↑ Grant, pp. 100–3, 149, 164–5.
- ↑ Grant, pp. 95–7.
- ↑ Grant, pp. 112–3.
- ↑ Jones, pp. 11–2; Koenigsberger, pp. 297–8; Nicholas, p. 165.
- ↑ Grant, p. 160; Koenigsberger, p. 297.
- ↑ Cantor, p. 433; Koenigsberger, p. 363.
- ↑ Allmand (1998), p. 155; Brotton, p. 27.
- ↑ Burke, p. 24; Koenigsberger, p. 363; Nicholas, p. 161.
- ↑ Allmand (1998), p. 253; Cantor, p. 556.
- ↑ Cantor, p. 554; Nichols, pp. 159–60.
- ↑ Brotton, p. 67; Burke, p. 69.
- ↑ Allmand (1998), p. 269; Koenigsberger, p. 376.
- ↑ Allmand (1998), p. 302; Cantor, p. 539.
- ↑ Burke, p. 250; Nicholas, p. 161.
- ↑ Allmand (1998), pp. 300–1, Hollister, p. 375.
- ↑ 150,0 150,1 Curtius, p. 387; Koenigsberger, p. 368.
- ↑ Jones, p. 8.
- ↑ Cantor, p. 346.
- ↑ Cantor, p. 546; Curtius, pp. 351, 378.
- ↑ Curtius, p. 396; Koenigsberger, p. 368; Jones, p. 258.
- ↑ Curtius, p. 26; Jones, p. 258; Koenigsberger, p. 368.
- ↑ Koenigsberger, p. 369.
- ↑ Jones, p. 264.
- ↑ Curtius, p. 35; Jones. p. 264.
- ↑ Jones, p. 9.
- ↑ Allmand, p. 319; Grant, p. 14; Koenigsberger, p. 382.
- ↑ Allmand, p. 322; Wilson, p. 229.
- ↑ Wilson, pp. 229, 289–90, 327.
- ↑ Koenigsberger, p. 381; Wilson, p. 329.
- ↑ Koenigsberger, p. 383; Wilson, p. 329.
- ↑ Wilson, pp. 357–8, 361–2.
- ↑ Brockett and Hildy (2003, 86)
- ↑ Brockett and Hildy (2003, 101-103)
- ↑ Ibid.
- ↑ Draskóczy, István (2000). A tizenötödik század története. Pannonica Kiadó. Budapest: Hungary.
- ↑ Engel Pál, Kristó Gyula, Kubinyi András. (2005) Magyarország Története 1301- 1526. Budapest, Hungary: Osiris Kiadó.
- ↑ Fügedi, Erik. (2004). Uram Királyom. Fekete Sas Kiadó Budapest:Hungary.
Користена литература
уредиОпшто:
- The New Cambridge Medieval History, vol. 6: c. 1300 - c. 1415, (2000). Michael Jones (ed.), Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-36290-3.
- The New Cambridge Medieval History, vol. 7: c. 1415 - c. 1500, (1998). Christopher Allmand (ed.), Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-38296-3.
- Brady, Thomas A., Jr., Heiko A. Oberman, James D. Tracy (eds.) (1994). Handbook of European History, 1400–1600: Late Middle Ages, Renaissance and Reformation. Leiden, New York: E.J. Brill. ISBN 90-04-09762-7.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Cantor, Norman (1994). The Civilization of the Middle Ages. New York: Harper Perennial. ISBN 0-06-017033-6.
- Hay, Denys (1988). Europe in the Fourteenth and Fifteenth Centuries (2. изд.). London: Longman. ISBN 0-582-49179-7.
- Hollister, C. Warren (2005). Medieval Europe: A Short History (10. изд.). McGraw-Hill Higher Education. ISBN 0-07-295515-5.
- Holmes, George (ed.) (2001). The Oxford History of Medieval Europe (New. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-280133-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Keen, Maurice (1991). The Penguin History of Medieval Europe (New. изд.). London: Penguin Books. ISBN 0-14-013630-4.
- Le Goff, Jacques (2005). The Birth of Europe: 400-1500. WileyBlackwell. ISBN 0-631-22888-8.
- Waley, Daniel; Denley, Peter (2001). Later Medieval Europe: 1250-1520 (3. изд.). London: Longman. ISBN 0-582-25831-6.
Специфични региони:
- Abulafia, David (1997). The Western Mediterranean Kingdoms: The Struggle for Dominion, 1200-1500. London: Longman. ISBN 0-582-07820-2.
- Duby, Georges (1993). France in the Middle Ages, 987-1460: From Hugh Capet to Joan of Arc (New. изд.). WileyBlackwell. ISBN 0-631-18945-9.
- Fine, John V.A. (1994). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest (Reprint. изд.). Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 0-472-08260-4.
- Jacob, E.F. (1961). The Fifteenth Century: 1399–1485. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-821714-5.
- McKisack, May (1959). The Fourteenth Century: 1307–1399. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-821712-9.
- Mango, Cyril (ed.) (2002). The Oxford History of Byzantium. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-814098-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Martin, Janet (2007). Medieval Russia, 980–1584 (2. изд.). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-85916-6.
- Najemy, John M. (ed.) (2004). Italy in the Age of the Renaissance: 1300-1550 (New. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-870040-7.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Reilly, Bernard F. (1993). The Medieval Spains. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-39741-3.
- Wandycz, Piotr (2001). The Price of Freedom: A History of East Central Europe from the Middle Ages to the Present (2. изд.). London: Routledge. ISBN 0-415-25491-4.
Општество:
- Chazan, Robert (2006). The Jews of Medieval Western Christendom: 1000-1500. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-61664-6.
- Herlihy, David (1985). Medieval Households. Cambridge, Massachusetts; London: Harvard University Press. ISBN 0-674-56375-1.
- Herlihy, David (1968). Medieval Culture and Society. London: Macmillan. ISBN 0-88133-747-1.
- Jordan, William Chester (1996). The Great Famine: Northern Europe in the Early Fourteenth Century. New Jersey: Princeton University Press. ISBN 0-691-01134-6.
- Klapisch-Zuber, Christiane (1994). A history of women in the West (New. изд.). Cambridge, Mass.; London: Harvard University Press. ISBN 0-674-40368-1.
Црната смрт:
- Benedictow, Ole J. (2004). The Black Death 1346-1353: The Complete History. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 0-85115-943-5.
- Herlihy, David (1997). The Black Death and the transformation of the West. Cambridge, Mass.; London: Harvard University Press. ISBN 0-7509-3202-3.
- Horrox, Rosemary (1994). The Black Death. Manchester: Manchester University Press. ISBN 0-7190-3497-3.
- Ziegler, Philip (2003). The Black Death (New. изд.). Sutton: Sutton Publishing Ltd. ISBN 0-7509-3202-3.
Војување:
- Allmand, Christopher (1988). The Hundred Years War: England and France at War c.1300-c.1450. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-31923-4.
- Contamine, Philippe (1984). War in the Middle Ages. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-13142-6.
- Curry, Anne (1993). The Hundred Years War. Basingstoke: Macmillan. ISBN 0-333-53175-2.
- Keen, Maurice (1984). Chivalry. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-03150-5.
- Verbruggen, J. F. (1997). The Art of Warfare in Western Europe during the Middle Ages: From the Eighth Century to 1340 (2. изд.). Woodbridge: Boydell Press. ISBN 0-85115-630-4.
Економија:
- Cipolla, Carlo M. (1993). Before the Industrial Revolution: European Society and Economy 1000–1700 (3. изд.). London: Routledge. ISBN 0-415-09005-9.
- Cipolla, Carlo M. (ed.) (1993). The Fontana Economic History of Europe, Volume 1: The Middle Ages (2. изд.). New York: Fontana Books. ISBN 0-85527-159-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Postan, M.M. (2002). Mediaeval Trade and Finance. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-52202-1.
- Pounds, N.J.P. (1994). An Economic History of Medieval Europe (2. изд.). London and New York: Longman. ISBN 0-582-21599-4.
Религија:
- Kenny, Anthony (1985). Wyclif. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-287647-3.
- MacCulloch, Diarmaid (2005). The Reformation. Penguin. ISBN 0-14-303538-X.
- Ozment, Steven E. (1980). The Age of Reform, 1250-1550: An Intellectual and Religious History of Late Medieval and Reformation Europe. New Haven and London: Yale University Press. ISBN 0-300-02477-0.
- Smith, John H. (1970). The Great Schism, 1378. London: Hamilton. ISBN 0-241-01520-0.
- Southern, R.W. (1970). Western society and the Church in the Middle Ages. Harmondsworth: Penguin Books. ISBN 0-14-020503-9.
Уметност и наука:
- Brotton, Jerry (2006). The Renaissance: A Very Short Introduction. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-280163-5.
- Burke, Peter (1998). The European Renaissance: Centres and Peripheries (2. изд.). Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19845-8.
- Curtius, Ernest Robert (1991). European Literature and the Latin Middle Ages (New. изд.). New York: Princeton University Press. ISBN 0-691-01899-5.
- Grant, Edward (1996). The Foundations of Modern Science in the Middle Ages: Their Religious, Institutional, and Intellectual Contexts. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-56762-9.
- Snyder, James (2004). Northern Renaissance Art: Painting, Sculpture, the Graphic Arts from 1350 to 1575 (2. изд.). Prentice Hall. ISBN 0-13-189564-8.
- Welch, Evelyn (2000). Art in Renaissance Italy, 1350-1500 (reprint. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-284279-X.
- Wilson, David Fenwick (1990). Music of the Middle Ages. New York: Schirmer Books. ISBN 0-02-872951-X.
Надворешни врски
уреди- Original sources
- Collection of links Архивирано на 9 јуни 2016 г.
Статијата Доцен среден век е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија. |