Битка на Лебово Поле
Битка на Лебово Поле (унгарски: Kenyérmezei csata, романски: Bătălia de la Câmpul Pâinii, турски: Ekmek Otlak Savaşı) — битка која се одвила на 14 октомври 1479 година помеѓу христијанските сојузници предводени од Кралство Унгарија, и Османлиското Царство од друга страна. Битката се одвила на Лебово Поле, во близина на реката Муреш, во Трансилванија, денешна Романија.
Битка на Лебово Поле | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-унгарски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Унгарија, Српско деспотство, Влашка | Османлиско Царство Влашка |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Pál Kinizsi Иштван V Баториј Вук Бранковиќ Басараб Лајота | Али Кодшаbey Басараб IV |
||||||
Сила | |||||||
12-15,000 (Унгарци, Трансилваниски Саксонци, Срби, Секели) | 6,000-20,000 Акинци, Спахи и Азапи, и Јаничари 1,000-2,000 Wallachian infantry |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
3,000 убиени | 10,000-15,000 убиени 1,000 Wallachian |
Во битката, христијанската војска ја поразила на муслиманската. На чело на христијанската армија биле Павел Кинижи, Иштван Баториј, Вук Бранковиќ и Басараб Лајота. Турските војски пак биле под команда на Али Кодша бег и Басараб IV. На 9 октомври, османлиската војска навлегла на територијата на Трансилванија, каде бил ограбен реонот кај Каланик. Поради ова, главната битка била отворена по само неколку дена од страна на Кралство Унгарија. Така, на 13 октомври 1479 годинам на бојното поле се сретнале околу 20.000.000 османлиски војници наспроти 15.000 христијани. Османлиските војски имале големи загуби. Се смета дека погинале околу 15.000 војници, наспроти околу 3.000 на Унгарците.