Донато ди Николо ди Бето Барди (италијански: Donato di Niccolò di Betto Bardi), многу попознат само како Донатело,( роден во 1386 - починал на 13 декември 1466, Фиренца) бил еден од најпознатите италијански скулптoри од ерата на раната ренесанса. Една од најпрочуените негови творби е бронзената статуа на Давид.[1]

Донатело

Животопис

уреди

Донатело е роден во Фиренца или многу блиску до неа помеѓу 1382 и 1387 година. Бил ученик во класот на мајсторот по живопис и скулптур, Бичи ди Лоренцо. За завршување на своето уметничко образование Донатело се изградувал во Рим 2 или 3 години заедно со извесниот архитект Брунелески. Донатело, во својот професионализам се придржувал кон реалните принципи на природата.

Дело

уреди
 
Бронзената статуа на Давид во Фиренца

За неговото вовлекување во ренесансата е придонесело неговите многубројни дела на светци и пророци. Еден од неговите најпознати дела е и царот Давид, кој го изработил во Фиренца, за кој град Давид бил и симбол на отпорот на Фиренца против големиот непријател Милано. Во текот на 1444 година бил повикан во Падова сè со цел да го отлее од бронза коњската статуа на кондотерот на Венецијанската Република Erasmo Marzi da Narni (познат и како Гатамелата). Во моментот таа се наоѓа пред црквата Св. Антонија. Од времето на древните римјани, таков проект на отливање ни бил направен. Донатело во Падова останал до 1456 година, каде со помошна своите ученици, изработил најмногу за украсите на црквата св. Антонија. Во текот на 1457 година Донатело повторно работил во Фиренца на тема Св. Јован Крстител, празникот на Фиренца. Светецот, Донатело го претставил во сите возрасти со оделни статуи Донатело направил заедно со својот ученик, Микелоцо Микелоци, неколку надгробни плочи односно споменици, од кои најпозната е онаа на папата Јован XXIII, кој потоа послужил за модел на многу друѓи надгробни споменици. Последните години од својот живот Донатело ги преминал во Фиренца работејќи до длабока старост. Починал во 1466 и е погребан со големи почести во црквата св. Лаврентиј, којато е украсена со негови работи[2].

Наводи

уреди
  1. „Donatello“. Архивирано од изворникот на 2020-12-28. Посетено на 2021-02-02.
  2. Donatello Biography