Кловн
Кловн (англиски: clown) или палјачо (турски: palyaço) — комичар во циркус, театар и други забавни настани.[1]
Вообичаено кловнот има смешен изглед, најчесто со перика во боја, шминка по лицето, чуден костум, големи чевли и црвен нос. Основна улога во претстава на кловнот игра публиката, нема бариера меѓу публиката и глумецот. Хуморот на денешниот кловн често се занимава со надворешни нешта и вклучува многу елементи на фарса. Кловновите се распространети низ цел свет затоа што успеваат да најдат начин да стигнат до длабоката потреба на луѓето за хумор.
Историја
уредиКловновите претставуваат форма на забава која се среќава во многу култури на различен начин. Во некои кловнот исполнува ритуална ролја, и често е различен од оној во западната култура. Неговата улога е симболична, бидејќи вон нормите на општеството, тој може да направи карикатура и да го исмее нормалниот ред на нештата. Тоа многу често се користи за да се покажта некои апсурди во општеството.
Во XVI век, развојот на Комедија дел арте наметнува големо влијание за развојот на кловнови во Европа. Тоа влијание почнало со пантомима та и стигнало до патувачкиot циркус во XIX и XX век. Комедија дел арте е под влијание на гротескни маскирани кловнови на карневали и мистериозни игри. Ова станува особено во Европа кај луѓето од сите сфери на општеството.
Циркуски кловн
уредиЦиркускиот кловн се појавил во XIX век. Модерниот циркуски кловн произлегол од Лондонската јавачка школа на Филип Естли која била отворено во 1768 година. Естли вметнал кловн во своето шоу за да ги забавува гледачите меѓу две јавачки секвенци. Американскиот комичар Џорџ Л. Фокс станал познат по својата улога на кловн, директно инспирирана од Грималди во 1860-те години. Том Белинг сениот (1843 — 1900) го вовел „црвениот кловн“ или „Август“ (Глупавиот Август), чија улога била да го истакне пософистицираниот „бел кловн“. Костумот на Белинг станал урнек за модерниот кловн, со црвен нос, бела шминка околу очите и устата и преголеми чевли и облека. Кловнот каков што бил формиран кон крајот на XIX век е рефлектиран во операта Палјачи (1892) од Руџеро Леонкавало.
Видови кловнови
уредиСтрав од кловновите
уредиНекои луѓе ги наоѓаат кловновите повеќе страшни отколку забавни. За децата сепак не е нормално да се плашат од маскирани понекогаш и нашминкани луѓе, на пример, како Дедо Мраз.
Костумот на кловновите цели да хиперболизира некои делови од човечкото тело, како нозе или нос на пример. Тоа може да се земе за комично, но и за мутантско и чудовишно деформирано.
Стравот и иритацијата од кловнови се нарекува кулрофобија. Според некои специјалисти овој страв се јавува уште од детството. Лицето или одредени други одлики на кловнот поврзани со стравот кај детето од неговите рани години, може многу да го уплаши и стравот да му остане и кога ќе стане возрасен човек.
Кловнот како тема во уметноста и во популарната музика
уреди- „Кловнови (отсечки од Кинотеката)“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[2]
- „Дете и кловн“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[3]
- „Кловнот Рамбозо“ (англиски: Rambozo The Clown) — песна на американската панк-група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1986 година.[4]
- „Смртта на еден кловн“ (англиски: Death Of A Clown) — песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1967 година.[5]
- „Мојот кловн е запален“ (англиски: My Clown's On Fire) — композиција на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1987 година.[6]
- „Татко ми, кловнот“ (англиски: My Father The Clown) — песна на британската рок-група Прем (Pram) од 1995 година.[7]
Галерија
уреди-
Фигурка на кловн, свирач на инструмент
-
Кловн
-
Поштенска марка од Европа, 2006 г.
-
Пјеро и арлекин од Пол Сезан (1898).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „кловн“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 68.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 15.
- ↑ Discogs, Dead Kennedys – Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)
- ↑ The Kinks - Something Else 1967 (Full Vinyl 2003) (пристапено на 16.2.2019)
- ↑ Discogs, The Lounge Lizards* – No Pain For Cakes (пристапено на 8.1.2021).
- ↑ Pram – Helium (пристапено на 1 ноември 2023)