Кантербериски приказни
Кантербериски приказни (англиски: The Canterbury Tales) — збирка раскази од писателот Џефри Чосер напишана во XIV век (две се во проза, а останатите во стихови). Приказните, од кои некои се оригинални, а некои не, се здружени во една рамковна приказна и се раскажувани од група патници на поклонение од Савак до Кантербери за да го посетат олтарот на Св. Томас Бекет во Кантербериската катедрала.[1] Кантербериските приказни се напишани на средноанглиски јазик.
Прологот и приказните
уредиЛиковите, претставени во Генереалниот пролог на книгата, раскажуваат приказни од големо културно значење. Првиот дел на прологот започнува со зборовите: „Whan that Aprill with his shoures soote“ („Кога априлот со неговите миризливи дождови“) означувајќи го почетокот на пролетта и крајот на една сурова зима. Тематиката на приказните прилично варира, со теми како куртоазна љубов, предавство и алчност. Жанровите исто така варираат: романса, бретонски лаи, проповед, басни, и фаблио. Иако постои воопштена рамка, делото нема единствена поетска структура; Чосер користи разни римски и метрички шеми, а има и две приказни во проза.
Приказните се:
- Генерален пролог
- Приказната на витезот
- Приказната на мелничарот
- Приказната на надзорникот
- Приказната на готвачот
- Приказната на правникот
- Приказната на батската невеста
- Приказната на калуѓерот
- Приказната на судскиот повикувач
- Приказната на чиновникот
- Приказната на трговецот
- Приказната на штитоносецот
- Приказната на френклинот
- Приказната на лекарот
- Приказната на простувачот
- Приказната на морнарот
- Приказната на игуменицата
- Чосеровата приказна за Сер Топас
- Приказната за Мелиби
- Приказната на монахот
- Приказната на свештеникот на калуѓерката
- Приказната на втората калуѓерка
- Приказната на слугата на каноникот
- Приказната на економот
- Приказната на пасторот
- Чосеровото повлекување
Некои приказни се сериозни, а пак други се комични; меѓутоа сите од нив ги опишуваат одликите и маните на човечката природа со голема точност. Тука главна тема е верската злоупотреба како и фокус на поделбата на трите сталежи. Речиси сите приказни се поврзани со слични теми кои врват низ нив, додека пак други се кажуваат како одговор на друга приказна во облик на расправија. Делото е нецелосно, бидејќи првобитно бил замислено секој лик да каже по четири приказни, две по пат накај Кантербери и две на враќање. Ова би значело 120 наместо досегашните 26 приказни.
Освен самиот Чосер, Хари Бејли од Табардската крчма бил постоечка личност, а се смета за прилично веројатно дека готвачот всушнност бил лондонскиот готвач Роџер Најт де Вер, современик на Чосер.
Треба да се спомене дека во приказните се вбројува и Приказната на визионерот, која впрочем е пронајдена и реконструирана само како фрагмент и затоа не се става како дел од Кантербериските приказни. Во некои изданија ја наоѓаме како прилог на Приказната на економот.
Важност
уредиСе смета дека најголемиот придонес на ова дело кон англиската книжевност е популаризација на книжевната употреба на народниот англиски јазик (наместо францускиот или латинскиот). Меѓутоа неколку Чосерови современици—Џон Говер, Вилијам Лангланд и Бисерниот Поет—исто така пишувале капитални дела на англиски. Вака не се знае дали Чосер бил заслужен за започнување на овој тренд или пак бил само дел од него.
Во 2004, Проф. Лин Муни октрила дека писарот на Чосер бил Адам Пинкхaрст.
Кантербериските приказни нѝ кажуваат многу за „окултот“ во Чосерово време, особено што се однесува на астрологијата и астролошкото знаење во тоа доба. Во делото има стотици, ако не и илјадници алузии; некои се од поочебијна, додека други од поприкриена природа.
Маршрутата на поклониците и вистинското место
уредиПоклониците веројатно патувале по Ватлинг Стрит, пат древен дури и во Чосерово време. Овој пат бил користен од Келтите, поплочен од Римјаните и именуван од страна на Англосаксонците. Денес истиов пат (со продолженија) се протега од Лондон до Кантербери, па сѐ до Довер и е наречен А2.
Градот Кантербери има музеј посветен на Катерберските приказни.[2]
Кентербериските приказни како инспирација во уметноста и во популарната култура
уреди- „Кентербериски приказни“ (I racconti di Canterbury) - филм на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини од 1972 година.[3]
Белешки
уреди- ↑ Овој олтар бил уништен во XVI век за време на распуштањето на манастирите.
- ↑ Музеј на Канетрберските приказни, Кантербери Архивирано на 5 јули 2007 г. (англиски).
- ↑ Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 92.
Аудио клипови
уреди- Првиот дел на Приказната на воденичарот (англиски)
- Вториот дел на Приказната на воденичарот (англиски)
- Првиот дел на Приказната на визионерот Архивирано на 29 јуни 2006 г. (англиски)
- Прологот на Кантербериските приказни (англиски)
Надворешни врски
уреди- The Canterbury Tales and Other Poems на Проектот „Гутенберг“
- „Современ англиски превод на Кантербериските приказни“ (англиски)