Историја на Португалија
Името „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи ицивилизации, како Ибери, Келти, Фенекијци, Картагинци, Грци, Германи и Маври.
Португал е името за една од најстарите европски нации. Португалија во текот на 15 век и 16 век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Дијас кој достигнал до ’Ртот на Добрата Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на 16 век, Португалија за првпат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.
Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред сè Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарт, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граганската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.
Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е земја-членка на ЕУ.