Сметководство
Сметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. Практичарите се нарекуваат „сметководители“.
Историја на сметководството
уредиИсторијата за сметководството датира уште многу одамна, уште кога се започнувало да се создаваат цивилизациите на светот( шумерите во Месопотамија, на пример), кога со обработување на земјата се дошло до заклучок дека е потребно да се запамнува точната вредност на земјоделските производи. Самото елементарно сметководство е споменато и во Библијата (Новиот завет), во книгата на Матеј (Матеј 25: 19). Во исламскиот Куран исто така се коментира за елементарно сметководство (Куран 2: 282).
Во текот на 12 век, арапскиот писател Ибан Тајмијах пишува во својата книга Хизба („проверката“ или „пресметка“) дека пресметувањето на некои системни потреби од страна на муслиманите се употребувани уште од средината на седмиот век, попознати како СЕ. Оваа сметководствена практика подоцна била употребувана и од страна на римјаните и персијците. Првата книга за сметководството била составена од хрватинот Бенедикт Кортулевиќ трговец од републиката околу Дубровник, Хрватска). Според други пак, создавач на првата книга по сметководство „Сè за аритметиката, геометријата, пропорциите и пропорционалноста“ („Summa de arithmetica, geometrica, proportioni et proportionalita “, Венеција, 1494 г.) бил Лука Пачоли. Книгата содржи одделна глава во која за првпат се опишува сметководствениот систем во Венеција.
Поим
уредиСметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. Практичарите се нарекуваат сметководители. Основата на секој сметководител треба да се темели врз националните сметководствени стандарди (US GAAP, General Accepted Accounting Principles), меѓународните сметководствени стандарди (IAS-International Accounting Standards) и друго. Секој кој се занимава со некоја стопанска дејност е должен да води евиденција според меѓународните стандарди.
Видови на сметководство
уредиСметководството главно може да се подели на следниве видови: