Војводство Бургундија

Војводството Бургундија (латински: Ducatus Burgundiae ; француски: Duché de Bourgogne , холандски: Hertogdom Bourgondië) било создадено во 9. век како еден од наследниците на античкото Кралство на Бургундите, кој по неговото освојување во 532 година го формирал составниот дел на Франкската империја. По поделбата од 9. век, француските земји од бургундското кралство биле намалени на војводски ранг од кралот Роберт Втори од Франција во 1004 година. Синот и наследникот на Роберт Втори, кралот Анри Први од Франција, го наследил војводството, но му го предал на неговиот помал брат Роберт во 1032 година. Други делови од војводството преминале во Арлското кралство и Грофовството Бургундија (Франш-Комте).

НаводиУреди