Велшки (англиски) лак е оружје кое во средниоти век ја променило техниката на војување. Потекнува од Велс. Големината му е околу 2 метри,[1] со затегнувањето на тетивата на посебен начин драстично ја подобрил пробојноста на стрелата исфрлена од овој лак. Лакот се затегнувал на тој начин што долниот дел на лакот се ставал во посебно лежиште, лакот стоел во вертикално во однос на земјата, а стрелецот по потреба би скокнал и би го дофатил другиот крај на лакот и со својата тежина би го свиткал и би ја зафрлил тетивата. Стрелата можела на 50 метри да го пробие оклопот кој го носеле тогаш непобедливите коњаници. Велшкиот лак бргу ги исфрлил од употреба големите и тешко подвижните оклопи, кои сега станале и многу ранливи.

Англиски лак

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kaiser 1980 footnote 5, citing "The Berkhamsted Bow", Antiquaries Journal 11 (London), p. 423