Средновековна Шпанија
По населувањето односно утврдувањето на Вандалите и Аланите на Ммедитеранскиот брег на Хиспанија во 408 година, историјата на средновековна Шпанија започнала со создавањето на Аријанското Визиготско Кралство (507-711), кое кралство пак во 587 година гохристијанизирала месното наслеление кое ја прифатила Римокатоличката религија. Овие простори на денешна Шпанија во периодот на доцбната антика биле опфатени со т.н. Голема преселба на народите. Следувало Маварското освојување на полуостровот во 711 година, каде била воспоставена една сосема друга култура од римската или визиготската. Во времето на Маврите, овој регион на полуостровот бил познат како ел-Андалус.
Средниот век во Шпанија може да се каже дека завршил по 1492 година, односно по крајот на Реконквистата и конечното протерување на Насридите а со тоа и заземање од страна на христијаните на Гранадскиот Емират од Пиринејскиот Полуостров. Така, по завршувањето на реконквистата, христијанските кралства Кралство Арагон и Кралство Кастиља биле обединети под едно име - Шпанија.
Ран среден век
уредиИсторискиот развој од овој период се проследува преку:
- Хиспанија Бетика
- Вандали
- Алани, кои биле во сојуз со Вандалите
- Свеви, кои го создале Свевското Кралство Галиција
- Баски
- Визиготи и нивното кралство
Културниот развој од овој период главно се однесува на визиготскиот крсалеви, и тоа:
Средновековна исламска Хиспанија
уреди- Абд-ас-Рахман I, 756–788
- Хишам I, 788–796
- Ал-Хакам I, 796–822
- Абд-ар-ахман II, 822–852
- Мухамед I Кордопски, 852–886
- Ал-Мундхир, 886–888
- Абдулах ибн Мухамед, 888–912
- Абд-ар-Рахман III, 912–929
Омејадски халифи на Кордоба
уреди- Абд-ар-Рахман III како халиф, 929–961
- Ал-Хакам II, 961–976
- Хишам II, 976–1008
- Мухамед II Кордопски, 1008–1009
- Сулејман II Кордопски, 1009–1010
- Хишам II, втор, 1010–1012
- Сулејман II Кордопски, втор, 1012–1016
- Абд-ар-Рахман IV, 1017
Хамидидска династија
уреди- Али ибн Хамуд ал-Насир, 1016–1018
- Ал-Казим ибн Хамуд ал-Маму, 1018–1021
- Јаха ибн Али ибн Хамуд ал-Мутали, 1021–1023
- Ал-Казим ибн Хамуд ал-Маму, 1023 (втор)
Омејадската династија по враќањето на власт
уреди- Абд-ар-Рахман V, 1023–1024
- Мухамед III Кордопски, 1024–1025
- Хишам III, 1026–1031
Средновековна христијанска Шпанија
уредиХристијанската ера во Шпанија започнала по повторното освојување на полуостровот од страна на христијанските кралства Арагон и Кастиља и со завршувањето на Реконквистата.