Викенд на мртовци (филм)

филм
(Пренасочено од Викенд на мртовци)

Викенд на мртовцимакедонски филм-комедија од 1988 година, режиран од Коле Ангеловски, со Владимир Ангеловски - Дади, Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Благоја Чоревски, Тодорка Кондова-Зафировска и Младен Крстевски во главните улоги. Филмот е екранизација на театарска пиеса [1] од Миле Попоски [1] и е последниот снимен во Вардар филм во рамките на СФР Југославија.[2] Добитник е на две награди на Фестивалот на филмска комедија во Голубац - „Златна Рипка“ за режија на Коле Ангеловски и трета награда од публиката за најдобар филм.[3]

„Викенд на мртовци“
плакат од филмот
РежисерКоле Ангеловски
СценаристМиле Попоски
Главни улогиДимче Мешковски
Владимир Ангеловски
Ѓорѓи Јолевски
Гоце Тодоровски
Тодорка Кондова-Зафировска
Благоја Чоревски
Јовица Михајловски
Младен Крстевски
МузикаДимитар Масевски
ДистрибутерВардар филм
Премиера1988
Времетраење94 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Содржина

уреди

Тасе е известен дека неговата жена починала на една од клиниките во Скопје. Набргу неговиот дом се исполнува со нивни роднини и пријатели и сите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат.

Во соседството, пак, наспроти куќата на Тасе, се прави свадба. Со звукот на зурлите и тапаните пристигнува ковчегот со умрената, но кога истиот ќе го отворат, му нема крај на изненадувањето зашто внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена. Веднаш бараат објаснување од Државната болница во Скопје од каде се известени дека во сплет на околности, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. Тасе и Климе воспоставуваат врски и се договараат да си ги разменат покојничките при што постигнуваат договор да се сретнат на полпат, односно на планинскиот превој Ѓавато.

Според договорот, тука пристигнуваат и едните и другите, но пред да бидат разменети покојничките, доаѓа до меѓусебна расправа во врска со вредноста на мртвечките сандаци. Уште таа расправија тече, а на повидок е ново разочарување: во сандакот што го добил Тасе не се наоѓа телото на покојната жена на Климе по име Зора, туку некоја трета жена. Затоа, Климе и неговата ќерка ќе го земат само скапиот мртовечки сандак и ќе се вратат назад, а Тасе останува со две мртви жени и со еден евтин мртовечки сандак.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Димче Мешковски Тасе Стопарески
Владимир Ангеловски Климе Глупчев
Благоја Чоревски Кирца
Ѓорѓи Јолевски Цанде
Гоце Тодоровски Ачко
Снежана Михајловиќ Таца
Јовица Михајловски Ноне
Ташко Начиќ Томислав
Тодорка Кондова Атина
Игор Џамбазов Војник Владимир Спирковски
Бата Живоиновиќ Генерален директор
Јелисавета Саблиќ Секретарка
Младен Крстевски Цуре
Александра Петковиќ Мица
Катерина Коцевска Медицинска сестра

Останати улоги  ▼

Реакции и награди

уреди

Реакции

уреди

Викенд на мртовци е првата македонска филмска комедија по пауза од речиси триесетина година (по Мирно лето од 1961 година) [3] и е еден најпопуларните македонски филмови од овој жанр, имајќи култен статус децении по својата премиера.[се бара извор] Уште веднаш е добро прифатен од публиката, благодарејќи ѝ, во одредена мера, и на истоимената успешна претстава, на која работи безмалку истиот тим и која, заедно со Солунски патрдии и Бегалка е и една од најдолговечните претстави на Драмскиот театар[1]. Сепак, комплицирањето на дејството во втората половина на филмот, кога покрај почетната постава се појавуваат и двајца молери што се враќаат од Претор и две германски автостоперки, од некои критичари е оценето како непотребно обременување на одличниот првичен заплет, чие „почетно темпо, ниту режисерот Коле Ангеловски ниту самите интерпретатори, не го задржаа во текот на целиот филм“ [3].

Награди

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Награди за Животно дело“. Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" Прилеп. Архивирано од изворникот на 2008-06-07. Посетено на 2008-09-04.
  2. „Викенд на мртовци" во режија на Коле Ангеловски“. Вест (дневен весник). Посетено на 2008-09-04. Text "Вест]]" ignored (help)[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Викенд на мртовци“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-04.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди