Тетовирани души е драмско дело напишано 1985 година од македонскиот драматург Горан Стефановски[1].

Тетовирани души
АвторГоран Стефановски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
Издадена
1985
МедиумПечатена
Страници63

Ликови и сцени

уреди

„ Дупло дно “ е драмски текст, театарска пиеса посветена на сенката на мајката на Горан, Неда, 24 сцени

Ликови:

•Војдан

•Алтана

•Кољо

•Ружа

•Маре

•Клодија

•Тетовирачот

•Танчерката

•Мажот

•Детето

•Минувачот

•Телохранителот

•Ганстер 1

•Ганстер 2

Музиканти

Гости во кафеаната

„Алтана: Не се живее вака. Милиони живеат во бункери, ѕиркаат надвор низ нишан од снајперки. Нема живот ако човек мисли дека сите се против него, дека светот е една голема завера. Во светот има и љубов и добрина и чесни луѓе. Ние мислиме само ние сме расселени. Сиот свет е расселен. На сите нешто им недостасува. Сите мислат дека се на крајот од светот. Земјата е тркалезна, каде и да тргнеш, секогаш си на раб. Југот не го сака Север. Исток Запад. Европа не ја сака Америка, Ирска Англија. Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа? Ако е така, тогаш нема спас. А, без спас нема живот. А, без живот нема ништо. Има смрт.“ – „Тетовирани души“

Ружица Јанчулевска во 1999 год. на XXXI Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во есејот „Хлестаковштината во Тетовирани души од Горан Стефановски“ поставува паралели меѓу ликот Хлестаков од драмата на ГогољРевизор“ и ликовите од „Тетовирани души“, особено подвлекувајќи ја таа паралела меѓу ликовите Војдан од „Тетовирани души“ и Хлестаков од „Ревизор“.

Според Јанчулевска, лагата е нормална состојба за јунаците од оваа пиеса. Јанчулевска ја дефинира драмата „Тетовирани души“ како авангардна пиеса со изразени елементи на театарот на апсурд, во кој стварноста е лишена од секаква смисла и оправдување. Таа, поаѓајќи од ставот дека поетиката на театарот на апсурдот се одликува со распаѓање на комуникативните врски меѓу луѓето, истите ги наоѓа и кај ликовите од „Тетовирани души“.

Нада Петковска во 1992 во списанието „Литературен збор“ го објавува есејот „Митот и демитологизацијата во Тетовирани души од Горан Стефановски“ каде потенцира дека предмет на интерес во споменатата драма на Стефановски не е економската, егзистенцијалната или финансиската страна на проблемите на македонските иселеници во Америка, туку дека во „Тетовирани души“ Стефановски ги соочува ликовите со апсурдот на сопствената егзистенција во средина која не е нивна.

Според Петковска, за да ја надмине таа ситуација ликот на [[Македонецот во Америка е принуден да создава свои митови, кои некако ќе му овозможат да преживее. Петковска ги изедначува митовите и чинот на тетовирање односно смета дека судирот меѓу ликовите во оваа драма се базира на спротивставувањето на повеќе митови. Како доминантен таа го детектира митот за враќање во татковината, кој за ликот Кољо прераснува во митски обред. Цибра пак, според Петковска е мит за месија, а Војдан во тој фикционален свет е рушител на митовите. Есејот на Петковска го дава едно од можните читања на овој текст.

Избрана критичка библиографија

уреди

•1. Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

•2. Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот надереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

•3. Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

•4. Ќулавкова, К. (1997). “Постмодернистичката димензија и интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика/драматургија помеѓу традицијата и современоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

На англиски јазик

уреди

•1. Marsh Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33.

Интернетски страници

уреди

•1. Димитрова, А. (2019, 01.05.) „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]

•2. Смилевски, Г. (2015) PDF. „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803

•3. Аврамовска, Н. (2012). PDF. „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https://www.researchgate.net/ publication/282402026_Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_ drama

Цитирана литература

уреди

Книги и статии:

• Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот на дереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

• Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

• Лужина, Ј. (2000 а). „Најмладата македонска драма: македoнските драматичари пост-модернисти“. Лужина, Ј. Театралика: студии и есеи на театролошки теми. Скопје: Матица македонска, 222-239.

• Luzina, J. (2000 б). Ten Modern Macedonian Plays. (Ed.). Skopje: Matica makedonska, 24-26.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Some biographical notes“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 3-7.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33

• McKinley, J. (1985). Hi-Fi & The False Bottom. College of Arts and Sciences, University of Missouri, Kansas City: BkMk Press, 1-2.

• Мојсова-Чепишевска, В. (2000). „Митолошките, т.е. демонолошките наслојки во Јане Задрогаз“. Мојсова-Чепишевска, В. Литературни преокупации. Скопје: Менора, 257-284.

• Николовска, К. (2012). „Рецензија“. Димитрова, А. Постмодернистички стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок, v-viii.

• Павловски, М. (1992). „Диво месо на Горан Стефановски“. Силјан, Р. (Прир.) Сто години македонска драма Скопје: Матица македонска, 627.

• Смилевски, В. (1998). „Модерен драмски израз“. Смилевски, В. Фокусирања. Скопје: Матица македонска, 334-355.

• Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“.

•Смилевски, В. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

• Старделов, Г. (1987). „Драмите на Горан Стефановски“. Павловски, Б. (Прир.). Горан Стефановски: одбрани драми. Скопје: Мисла, 333-353.

• Тодоровски, Г. (1990). „Подалеку од занесот, поблизу до болот!“ Силјан, Р. (Прир.) Македонска драма XIX и XX век. Скопје: Македонска книга, 424-439.

• Ќулавкова, К. (1997). „Постмодернистичката димензија на интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика / драматургија помеѓу традицијата и совеменоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

• Уреднички вовед. (2019). „Горан Стефановски 1952-2018“. Културен живот 1/2, 5-9.

Интернетски страници

уреди

• Аврамовска, Н. (2012, н.д.). „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https: // www. Researchgate. net / publication / 282402026 _ Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_drama Slavia Meridionalis 12 SOW, Warszawa 2012, 13-26. PDF

• Дамјаноски, М. (2011, н.д.). „Дискурсот на виктимизацијата во современата македонска драма“. Спектар, 58/2011, 467-476. http://iml.edu.mk/images/dokumenti/kniga2.pdf Архивирано на 11 јули 2020 г.

• Димитрова, А. (2019, 01.05.). „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]).

• Димоски, С. (2018, 04.12.). „Горан Стефановски – во броеви, букви и бронза – накусо“. Пристапено на 15.08.2019, на https: // www. mkd. mk/kultura/teatar-i-film/goran-stefanovski-vo-broevi-bukvi-i-bronza

• Смилевски, Г. (2015, н.д.). „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803). PDF

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018—godine)

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018—godine)

Интервјуа

уреди

• Стефановски, Г. (1992, 09.01.). „Горан Стефановски: Снежана и двете џуџиња“ (со И. Руси и С. Ордановски). „Пулс“, 18.

• Стефановски, Г. (2005). „Горан Стефановски: интервју во 'Актуел'“ (со Е. Евтимова 2001). Приказни од дивиот исток. Скопје: Табернакул. 132.

Наводи

уреди