Народна Република Кина
- За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување).
- Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).
Народна Република Кина или скратено НР Кина (кинески: 中华人民共和国, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó, мак. транскр. „Џунгхуа женмин гунгхегуо“) — држава што го опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор на Кина. Од своето основање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.
Народна Република Кина |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Марш на доброволците“ 《义勇军进行曲》 |
||||||
Главен град | Пекинг (北京市) 39°55′N 116°23′E / 39.917° СГШ; 116.383° ИГД | |||||
Најголем град | Шангај (上海市) | |||||
Службен јазик | Стандарден мандарински (де факто)[1] | |||||
Признаени регионални јазици | Видете Јазици во Кина | |||||
Службено писмо | Упростено писмо[1] | |||||
Народности | 92% Ханци; 55 признаени народности |
|||||
Демоним | Кинези
(Кинез/Кинезинка) |
|||||
Уредување | народна република,[2] Комунистичка држава,[3][4] [б] |
|||||
• | Претседател | Си Ѓинпинг | ||||
• | Премиер | Ли Ќанг | ||||
• | Претседател на ПКННС | Ву Бангуо | ||||
• | Претседател на НКНПСС | Џиа Чинглин | ||||
Законодавство | Национално народно собрание | |||||
Основана | ||||||
• | Прогласување на НР Кина | 1 октомври 1949 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 9,640,821 км2 | ||||
• | Вода (%) | 2,8[г] | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▼ 1,422,591,000 (2-ра) | ||||
• | Густина | 145 жит/км2 (83-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $32.898 трилиони (1-ва) | ||||
• | По жител | ▲ $23,309 (73-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $17.701 трилиони (2-ра) | ||||
• | По жител | ▲ $12,541 (71-ва) | ||||
Џиниев коеф. (2020) | 37.1[5] среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▲ 0.768[6] висок · 79-та |
|||||
Валута | Кинески Ренминби (ренминби) (¥) (CNY ) |
|||||
Часовен појас | Кинеско стандардно време (UTC+8) | |||||
Датумски формат | гггг-мм-дд или гггг年м月д日 (н.е.; н.е.-1949) |
|||||
Се вози на | десно, освен Хонгконг и Макао | |||||
НДД | .cn[г] | |||||
Повик. бр. | +86[г] | |||||
б. ^ Од 1980-тите наваму не е возможно да се утврди едноставна карактеризација на политичката структура.
в. ^ 9.598.086 км2 каде не се вброени спорните територии. 9.640.821 км2 Тука спаѓа областа (Аксај Чин и Транскаракорамскиот Предел под управа на НР Кина, а на кои полага право Индија), Тајван не се смета.[7] г. ^ Податоците важат само за самата Кина. Тука не се бројуваат Хонгконг, Макао и териториите под јурисдикција на Република Кина (наречен Тајван). |
Историја
уредиКина е гледана како посебна древна цивилизација која се протега на една голема област во Источна Азија, еден народ и / или мултинационален ентитет. Со скоро 4 илјади години на континуирана историја, Кина е една од најстарите цивилизации во светот.
Праисторија
уредиАрхеолошките докази сугерираат дека раните хоминиди ја населувале територијата на Кина пред 2.25 милиони години.[8] Фосилните остатоци на Пекиншкиот човек, Homo erectus кој користел оган,[9] датираат пред помеѓу 680,000 и 780,000 години.[10] Фосилизирани заби на Homo sapiens (кои датираат пред 125,000–80,000 години) се откриени во пештерата Фујан.[11]
Современа историја
уредиПред XIX век, таа поседувала едно од најмодерните општества и економии во светот, но поради последователните династии ја пропушта индустриската револуција во Европа и почнува да се намалува. Во XIX и XX век, империјализмот, внатрешната слабост и граѓанските војни ја оштетиле земјата и нејзината економија, доведува до соборување на царската власт.
Во 1949 година завршува кинеската граѓанска војна и се појавуваат две држави кои се нарекуваат „Кина“:
- Народна Република Кина (НР Кина), формирана во 1949 година, попозната како Кина, има контрола над копнениот дел на Кина и во голема мера самоуправната власт на териториите во Хонгконг (од 1997) и Макао (од 1999).
- Република Кина (РК), основана во 1912 година во копнениот дел на Кина, сега попознатa како Тајван, има контрола над островите Тајван, Пенгу, Кинмен, Матцу, групниот остров Пратас, и неколку други острови.
Во 1950 година, промените на економските политики во Тајван го трансформираа островот во технолошки ориентирана индустриска развиена економија, со период на високи стапки на раст и брза индустријализација. Во копнениот дел на Кина, во 1970-тите, реформите познати како "Четири модернизации" го подобрија земјоделството, индустријата, технологијата и одбраната, а со подигањете на животниот стандард НР Кина станува една од големите сили. До 2011 година се јавуваат проблемите на зголемен јаз помеѓу богатите и сиромашните, деградацијата на животната средина и масовната корупција. Историски гледано, културната сфера на Кина се протега низ цела Источна Азија, со кинеска религија, обичаи и писмен систем кои беа развиени во различни насоки од страна на соседите како што се Јапонија, Северна Кореја и Виетнам. Со текот на нејзината историја, Кина беше извор на многу големи пронајдоци. Исто така, поседува еден од најстарите системи на писмен јазик на светот. Првите докази за човечко присуство во регионот се пронајдени во пештерата Жодокиан. Тоа е еден од најраните познати примероци на хомо еректус, сега познат како Пекиншки човек, а се проценува дека живееле од пред 300.000 до 780.000 години.
Географија
уредиРелјеф
уредиКина по градбата и постанокот се состои од три големи подрачја: стари грамадни планини на исток, палеозојски планини на северозапад и млади верижни планини на југозапад. Врз релјефот на Кина големо влијание имало понирањето на Индиската литосферна плоча под Евроазиската, при што дошло формирањето на Тибетската висорамнина и настанувањето на Хималаите. Тибет со просечна висина од 4000м е највисоката висорамнина во светот. Тибет на југ е опкружен од Хималаите, а на север се наоѓа Кунлун. Тибетската висорамнина на југоисток постепено се спушта преку рамнината Јунан Гизу. Во низинските подрачја најголема е Источнокинеската Низина во Манџурија, Големата низина во долниот тек на Хоанг Хо и рамнината во средниот и долниот тек на реката Јангцекјанг. А низините меѓу себе се одвоени со ниски шуми. Од големите планински делoви кои се под вечен снег се спуштаат големи ледници. Копното е воглавно ниско, а морето до копното е плитко (200м). На Кина ѝ припаѓаат 5400 острови.
Клима
уредиОсвен географската положба и релјефот на климата на Азија големо влијание имаат и монсунските ветрови. Во долините на големите реки се чувствуваат влијанијата на океанот длабоко во внатрешноста на копното, сè до Монголија. Поради тоа во југоисточниот дел на Кина има суптропска клима (1600 до 2000мм врнежи). А во северниот дел има ладна и сува континентална клима. Тука врнежите не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Најмногу врнежи има во јужните краеви на Тибет поради летните монсуни. Во западниот континентален дел на Кина зимите на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени. Во југоисточното приморје на Кина тајфуните често прават пустоши.
Води
уредиГолемата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките Јангцекјанг (која е трета река по должина во светот), Хоанг Хо (жолта река), Шијанг, Соанг Хо, Јианга и Амур. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена, но во зима реките замрзнуваат. Во Јужна Кина, главна река е Синѓанг која со разгранета делта се влева во Јужнокинеското Море. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кои најпознат е Големиот Канал, долг 1.800 км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони хектари од земјоделските подрачја во Кина. Најголем број езера има во внатрешниот дел на Кина.
Административна поделба
уреди- Видете: Административна поделба на Кина
Демографија
уредиСпоред националниот попис од 2010 година во Народна Република Кина живееле 1,370,536,875 жители. Околу 16.60% од населението било на возраст од 14 години или помлади, 70.14% биле помеѓу 15 и 59 години, и 13.26% биле над 60 години.[12] Стапката на раст на населението за 2013 година е проценета на 0.46%.[13] Населението на Кина на копното ќе надмине 1,4 милијарди до 2020.[1]
Народности
уредиКина официјално признава 56 различни народности, од кои најголемата ја претставуваат Хан Кинезите, кои сочинуваат околу 91,51% од вкупното население.[14]
Јазици
уредиВо Кина се зборуваат 292 живи јазици.[15]
Религија
уредиСтопанство
уредиСпоред податоците на Меѓународниот монетарен фонд номиналниот бруто-домашен производ во Кина во 2014 година изнесувал 10.355.350.000.000 американски долари.[18] Бруто-домашниот производ мерен според паритетот на куповната моќ истата година изнесувал 17.632.014.000.000 американски долари.[18] Според еден од двата критериуми Кина била на првото место пред Соединетите Американски Држави. Номиналниот БДП по жител во 2014 година изнесувал 7.572 US$, додека БДП мерен со паритетот на куповната моќ по жител изнесува 12.893 US$.[18]
Економска историја на НР Кина
уредиОд оснввањето во 1949 година до крајот на 1978 година, Народна Република Кина имала планска економија од советски тип. По смртта на Мао Це Тунг во 1976 година и крајот на Културната револуција, Денг Сјаопинг и новото кинеско раководство почнале со реформи за создавање пазарна економија со одредена улога на државата. Била напуштена колективизацијата во земјоделието, земјишните поседи биле приватизирани, а трговијата со странство станала главна ориентација на државата, заради што биле создадени „посебни економски зони“. Неефикасните државни претпријатија биле реструктуирани, а непрофитабилните веднаш биле затворени што довело до големи отпуштања на работници. За денешна Кина карактеристично е постоењето на економија заснована на приватна сопственост[19] и таа е еден од најдобрите примери на државен капитализам.[20][21] Државата и натаму ја има главната улога во стратешките стопански гранки како што се енергетиката и тешката индустрија, но бројот на приватни претпријатија се зголемува со огромна брзина, па во 2008 година биле регистрирани триесет милиони приватни претпријатија.[22][23]
Од почетокот на економската либерализација во 1978 година, Кина има една од најбрзо растечките економии во светот.[24] Растот на нејзиното стопанство главно се заснова на инвестиции и извоз.[25] Според податоците на ММФ, просечниот годишен раст на БДП на Кина меѓу 2001 и 2010 година изнесувал 10,5%, додека меѓу 2007 и 2011 бил еднаков на вкупниот раст на сите земји членки на групата Г-7.[26] Високата продуктивност, ниските трошоци на работа и релативно добрата инфраструктура ѝ овозможиле да стане светски водач во прозводството. Меѓутоа, проблемот на кинеското стопанство е неефикасното користење на големи количини енергија, што придонело во 2010 година Кина да стане најголем потрошувач на енергенси на светот.[27] Во септември 2013 година, Кина станала најголем увозник на нафта на светот, додека за задоволување на повеќе од 70% од потребите за енергија и понатаму користи јаглен.[28][29] Во почетокот на второто десетлетие на 21 век, стапката на раст на кинеското стопанство почнала да се смалува, за што придонеле проблемите на домашниот пазар на кредити, смалената побарувачка од кинеска стока во светот и светската економска криза.[30]
Кинеската економија во светот
уредиКина е членка на Светската трговска организација и земја со најголем обем на надворешна трговија, која во 2012 година изнесувала 3,87 билиони долари.[31] Кон крајот на 2010 година, Кина располагала со далеку најголеми девизни резерви на светот во вредност од 2,85 билиони долари, што претставувало зголемување од 18,7% во однос на претходната година.[32] Во текот на 2012 година, Кина привлекла најмногу директни странски инвестиции во износ од 253 милијарди долари,[33] додека истата година кинеските инвестиции во странство изнесувале 62,4 милијарди долари.[33] Се проценува дека во 2009 година Кина имала 1,6 билиони долари во вредносни хартии на американската влада,[34] и дека меѓу странските држави била најголем сопственик на јавниот долг на САД со 1,16 билиони долари обврзници на министерството за финансии на САД.[35] Заради потценетиот курс на својата валута Кина е изложена на критики на претставниците на водечките светски економии,[36][37] како и заради производство на големи количини фалсификувана стока.[38] Консултантската фирма Макинси проценила дека вкупните ненаплативи побарувања нараснале од 7,4 билиони долари во 2007, на 28,2 билиони долари во 2014 година, што претставува 228% од БДП на Кина.[39]
Споредба на номиналните БДП на најголемите светски економии во милијарди долари според податоците на ММФ.[40] |
Според конкурентноста на економијата Кина во 2009 година била на 29. место во светот,[41] додека според условите на работење во 2011 година била рангирана на 136. место од 179 земји.[42] На списокот 500 најголеми претпријатија на светот за 2014 година магазинот Форчен (англиски: Fortune) се нашле и 95 од Кина, со вкупни приходи од 5,8 билиони долари. Истата година, Форбс објавил дека пет од десетте најголеми претпријатија, со чии акции може слободно да се тргува, се од Кина. Меѓу нив е и банката со најголеми штедни влогови, Индустриска и трговска банка на Кина.[43]
Во 2016 година, кинескиот банкарски систем станал најголем на светот, мерен според вредноста на вкупната актива, која изнесувала 33.000 милијарди американски долари.[44]
Наука и технологија
уредиИсторија
уредиКина била светски водач во науката и технологијата до династијата Минг. Четирите големи откритија на Кина: хартија, компас, барут и печатарство се прошириле ширум Азија и Европа. Меѓутоа, кинеските научни активности се намалиле во 14 век. За разлика од научниците во Европа кои поминале низ научна револуција, средновековните кинески мислители не се обиделе опсервациите на природата да ги сведат на математички закони и не образувале школувана заедница која би можела да има критичко мислење и би можела да го преиспитува научниот придонес на другите. Кинеското општество се концентрирало на книжевноста, уметноста, јавната администрација, додека науката и технологијата се сметале за тривијални и помалку битни.[45]
После повеќе воени порази во судирите со западните нации во 19 век, кинеските реформисти почнале да ја промовираат модерната наука и технологија како дел од политиката за јакнење на државата. Граѓанската војна во Кина завршила во 1949 година со победа на Комунистичката партија, а напорите да се организира наука и технологија биле засновани на моделот на Советскиот Сојуз. Културната револуција (1966-1976) имала катастрофално влијание на кинеската наука бидејќи научниците биле прогонувани, а вложувањата во истражување и образование биле редуцирани. По смртта на Мао Це Тунг во 1976 година, вложувањата во науката и технологија драстично се зголемиле бидејќи преовладало мислењето дека тоа е столб на модернизацијата, а започнала и реформа на образовниот систем.[45]
Модерна ера
уредиПосле културната револуција, Кина брзо станала една од светските водечки технолошки сили,[46] вложувајќи преку 100 милијарди долари во научни истражувања и развој во 2011 година.[47] На науката и технологијата се гледа како битна работа за постигнување економски и политички цели, а се смета дека тоа е и извор на национална гордост до ниво тоа да се опишува како „технонационализам“.
Кина брзо развила образовен систем во кој било нагласено значењето на науката, математиката и инженерството. Само во 2009 година преку 10.000 инженери докторирале, а 500.000 дипломирале, што е повеќе од која било друга држава.[48] Кина е втора во светски рамки по бројот на објавени научни трудови, само во 2010 година биле објавени 121.500 труда, од кои 5.200 во водечки меѓународни магазини.[49] Кинеските компании како Хуавеи и Леново се светски водачи во телекомуникациите и информатиката,[50][51] а кинеските суперсметачи редовно се рангираат меѓу најјаките.[52] Исто така Кина е и најголем инвеститор во технологијата на енергија од обновливи извори.[53]
Кинеската вселенска програма е една од најактивните во светот и важен извор на национална гордост.[54][55] Првиот сателит од Кина бил лансиран во 1970 година, а во 2003 Кина станала трета држава која самостојно испратила човечки екипаж во семирот. во 2008 година Кина ја извела првата мисија во која била изведена првата активност вон ракета во Шенгџоу 7 мисија. Во 2011 година била лансирана првата кинеска семирска станица Тијангонг-1, како прв дел во изградбата на големата вселенска станица со човечки екипаж до 2020 година.[56] Кинескиот месечев програм имал во план во 2013 година да се лансира и на Месечината да слета беспилотно летало, а мисија со месечево слетување било планирано за 2025 година.[57][58]
Инфраструктура
уредиТелекомуникации
уредиБројот на корисници на мобилна телефонија во Кина е поголем од една милијарда и е прва во светот.[59] Исто така Кина е е земја со најголем број корисници на интернет,[60] во 2013 година имало повеќе од 591 милион, или 44 % од населението.[61] Просечната брзина на интернет-пристапот во 2013 година била 3,14 мегабити во секунда.
Чајна телеком и Чајна јуником со 20 % од светскиот пазар на широкопојасен интернет ги заземаат првите две позиции во глобални рамки. Чајна телеком имала 50 милиони претплатници, додека Чајна јуником имала повеќе од 40 милиони корисници.[62]
Кина развива сопствен систем за сателитска навигација со име COMPASS, кој во 2012 година почнал со работа во Азија,[63] а останатиот дел од светот би требало да се покрие до 2020 година.[64]
Сообраќај
уредиОд крајот на деведесеттите години на 20 век, патната мрежа во Кина била значително зголемена со мрежа од автопатишта. Кон крајот на 2012 година должината на автопатиштата во Кина достигнала 96.000 км, при што само во 2012 година биле изградени 11.000 км. Бројот на сопственици на приватни автомобили значително расте, така што во 2009 година бројот на продадени возила бил поголем од оној во САД, со вкупен број продадени возила од преку 13,6 милиони.[65] Аналитичарите предвиделе дека годишната продажба на возила ви Кина може да порасне дури на 40 милиони годишно до 2020 година[66] Спореден ефект од брзиот раст на патната мрежа и возила е значаен раст на сообраќајните несреќи, главно заради лошо спроведените сообраќајни закони, така што само во 2011 година настрадале 62.000 лица.[67][68]
Кина ја има најдолгата железничка мрежа за големи брзина со преку 9.700 км.[69] Од тоа 3.515 км се пруги за брзини од преку 300 км/ч.[70] Во 2011 година во Кина бил направен првиот воз за големи брзини без странска помош.[71] Кина планира да изгради до 2020 година мрежа од 16.000 км пруги за големи брзини.[72] Системи за брз транспорт на луѓе нашироко се градат во кинеските градови во форма на мрежи од подземни системи.
Кина во 2013 година била најголем градител на нови аеродроми, а кинеската влада го спроведува петгодишниот план на вложувања од 250 милијарди долари за да го развие и модернизира домашниот патнички транспорт.[73] Во урбаните средини и покрај порастот на бројот на автомобили, велосипедите остануваату многу значаен вид транспорт, така што 2012 година во Кина постоеле околу 470 милиони велосипеди.[74]
Демографија
уредиВо Кина во 2013 година живеле 1.360.720.000 жители.[75] Мажите претставуваат 51,24, а жените 48,76 % од населението.[75] Во градовите живеат 53,73, а во селата 46,27 % од жителите на Кина.[75] Лицата помлади од 15 години претставуваат 16,4 %, лицата меѓу 15 и 65 година претставуваат 73,9 %, а лицата постари од 65 година претставуваат 9,7 % од населението.[76] Природниот прираст во 2013 година изнесувал 4,92‰, стапката на фертилитет била 12,08‰ додека стапката на морталитет 7,16‰.[77]
Од почетокот на економските реформи во 1978 година во Кина значително се намалила сиромаштијата, па бројот на жители кои живеат со помалку од еден долар дневно паднал од 64% на 10%. Невработеноста во градските средини во 2007 година изнесувала 4 %[78] а во 2013 околу 4,1 %.[79][80]
Заради исклучително големиот број на жители и намалувањето на природните ресурси кинеската влада од 1979 до 2015 година спроведувала политика со која сакала да го ограничи растот на популацијата позната како политика на едно дете.[81] Пред 2013 година, со оваа политика семејствата биле ограничени на едно дете, со исклучоци за националните малцинства и семејствата во селски средини. Во декември 2013 година, „политиката на едно дете“ е ублажена со тоа што на семејствата им било дозволено да имаат две деца доколку еден од родителите бил единец.[82] Кинескиот министер за планирање семејства во 2008 година обзнанил дека политиката на едно дете ќе се спроведува барем до 2020 година.[83] Отпорот на политиката на едно дете особено бил изразен во селските средини, првенствено заради потребата од работна сила и традиционалното претпочитање на машко дете. Семејствата кои ја прекршувале оваа политика често лажно се изјаснувале на пописот на населението.[84] Кон крајот на октомври 2015 година кинеските власти најавиле укинување на политиката на едно дете и дека паровите ќе може да имаат по две деца.[85]
Политиката на едно дете, со традиционалното претпочитање на машко дете, придонела за несразмерност на половите на новороденчињата.[86][87] На основа на резултатите од пописот во 2010 година, на секои 100 девојчиња биле родени 118,06 момчиња, што е далеку повеќе во однос на остатокот од светот каде на 100 девојчиња се раѓаат 105 момчиња.[88] Меѓутоа, односот на половите денес е поурамнотежен отколку на почетокот на педесеттите години на 20 век кога мажите претставувале 51,82 % од населението.
Етнички групи
уредиВо Кина официјално се признати 56 етнички групи, од кои најголема се Хан Кинезите, кои претставуваат 91,51 % од населението.[14] Хан Кинезите – најголемата етничка група на светот[89] – претставуваат мнозинство во сите покраини и автономни покраини освен во Тибет и Синкјанг.[90] Според резултатите од пописот во 2010 година, националните малцинства претставуваат 8,49 % од жителите на Кина.[14] Во споредба со пописот од 2000 година, бројот на припадници на народот Хан е зголемен за 66.537.177 жители, или 5,74 %, додека вкупниот број на припадниците на 55 национални малцинства е зголемен за 7.362.627 лица, или 6,92 %.[14] Со пописот во 2010 година биле евидентирани и 593.832 странски државјани кои живееле во Кина. Најмногу странци биле од Јужна Кореја (120.750), САД (71.493) и Јапонија (66.159).[91]
Јазици
уредиВо Кина во употреба се 297 живи јазици.[92] Преовладуваат јазиците од синтичката гранка на синотибетски јазици, меѓу кои се мандаринскиот (мајчин јазик на 70 % од жителите на Кина),[93] и други кинески јазици: ву (вклучувајќи го шангајскиот), јуе (вклучувајќи ги кантонскиот и тајшанскиот), мин (вклучувајќи ги хокиен и чаошан), сјанг, ган, хака. Тибетско-бурмански јазици кои се зборуваат во Кина се: тибетски, ќанг, насји, ји. Говорителите на овие јазици главно живеат на Тибетската и висорамнината Јунан-Гуејџоу. Меѓу малцинските јазици во југозападна Кина спаѓаат тај-кадајските јазици џуанг, тај, дунг и суеј, потоа хмног-мјен јазиците мјао и јао, и австроазискиот јазик ва. Во североисточна и северозападна Кина малцинските народи зборуваат на алтајски јазици вклучувајќи го манџу, монголскиот и неколку туркиски јазици: ујгурски, казашки, киргиски, саларски и западноујгурски. Корејскиот се зборува главно долж границата со Северна Кореја. Единствен индоевропски јазик во Кина е сариколи, на кој зборуваат Таџиците во западен Синкјанг.
Стандардниот мандарински, варијанта на мандаринскиот заснована на пекиншкиот дијалект, е службен јазик државата. Исто така, него за комуникација го користат лицата на кои мајчин јазик им е некој од малцинските јазици.[94]
Илјадници години за пишување на синтичките јазици се користат кинески карактери. Со нивна помош можна е пишана комуникација меѓу говорителите на заемно неразбирливи кинески јазици и дијалекти. Кинеска влада во 1956 година го вовела во употреба упростено кинеско писмо кое со текот на времето го потиснало постарото традиционално писмо на простору НР Кине. Латиничното писмо наменето за транскрипција на кинеските знаци е пинјинот. Тибеќаните користе азбука заснована на индиското писмо. Ујгурскиот претежно се пишува со персиско-арапската азбука. Манчурското и монголско писмо во Кина настанало од староујгурската азбука. Современот џуаншки јазик користи латинично писмо.
Градови
уредиВо текот на последните десетлетија кинеските градови многу се развиле. Процентот од населението кое живее во градските средини пораснал од 20% во 1990 на повеќе од 50% во 2014 година.[95][96] Се проценува дека до 2030 година во кинеските градови ќе живеат милијара жители што ќе претставува осмина од човештвото.[95][96] Во 2012 година во Кина имало повеќе од 262 милиони мигранти, главно луѓе од село кои во градовите дошле во потрага по работа.[97]
Во Кина постојат повеќе од 160 градови со преку милион жители,[98] меѓу кои и седум мегалополиси (градови со повеќе од десет милиони жители) Чунгкинг, Шангај, Пекинг, Гуангџоу, Тјенцин, Шенџен и Вухан.[99][100] Се проценува дека до 2025 година во Кина ќе постојат повеќе од 221 град со преку милион жители.[95] Заради големиот број луѓе кои флуктуираат т.е. мигранти, тешко е прецизно да се спроведе попис на населението во градовите.[101]
Најголеми градови во НР Кина
VI Државен попис на НР Кина (2010) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бр. | Покраина | Нас. | Бр. | Покраина | Нас. | ||||
Пекинг |
1 | Шангај | — | 20 217 700 | 11 | Ченгду | Сечуан | 6 316 900 | Чунгќинг Гуангџоу |
2 | Пекинг | — | 16 446 900 | 12 | Нанѓинг | Ѓангсу | 6 238 200 | ||
3 | Чунгќинг | — | 11 871 200 | 13 | Шенјанг | Љаонинг | 5 718 200 | ||
4 | Гуангџоу | Гуангдунг | 10 641 400 | 14 | Хангџоу | Џеѓанг | 5 578 300 | ||
5 | Шенџен | Гуангдунг | 10 358 400 | 15 | Сиан | Шенси | 5 399 300 | ||
6 | Тјенѓин | — | 9 562 300 | 16 | Харбин | Хејлунгѓанг | 5 178 000 | ||
7 | Вухан | Хубеј | 7 541 500 | 17 | Суџоу | Ѓангсу | 4 083 900 | ||
8 | Дунггуан | Гуангдунг | 7 271 300 | 18 | Ќингдао | Шандунг | 3 990 900 | ||
9 | Хонгконг | — | 7 055 071 | 19 | Даљен | Љаонинг | 3 902 500 | ||
10 | Фошан | Гуангдунг | 6 771 900 | 20 | Џенгџоу | Хенан | 3 677 000 |
Кина како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Кинески театар“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[102]
- „Кинески тапети“ — песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[103]
- „Кинеска девојка“ (China girl) — песна на британскиот рок-музичар „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1983 година.[104]
- „Кинеска аритметика“ (Chinese Arithmetic) — песна на американската рок-група „Феит ноу мор“ (Faith No More) од 1987 година.[105]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Закон на НР Кина за стандардниот говорен и пишан кинески јазик (Претседателски указ Бр.37)“. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 2010-04-17.
- ↑ „Кина“. Енциклопедија Британика. Посетено на 15 март 2010.
Државно уредување: еднопартиска народна република со еден законодавен дом
(англиски) - ↑ „ЦИА - Светска книга на факти -- Кина“. Светска книга на факти. Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Архивирано од изворникот на 2016-10-11. Посетено на 15 март 2010.
Државно уредување: Комунистичка држава
(англиски) - ↑ Биро за источноазиски и тихоокеански работи (октомври 2009). „Кина (10/09)“. Воведни забелешки. Стејт Департмент. Посетено на 15 март 2010.
Државно уредување: Комунистичка партиски-раководена држава
(англиски) - ↑ „Gini index – China“. World Bank. Посетено на 24 May 2022.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ „БДП нараснува за 11,4%, најбргу во последните 13 години“. Chinadaily.net. 24 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 2008-07-09. Посетено на 15 јуни 2009. (англиски)
- ↑ Ciochon, Russell; Larick, Roy (1 January 2000). „Early Homo erectus Tools in China“. Archaeology. Посетено на 30 November 2012.
- ↑ „The Peking Man World Heritage Site at Zhoukoudian“. UNESCO. Архивирано од изворникот 23 June 2016. Посетено на 6 March 2013.
- ↑ Shen, G.; Gao, X.; Gao, B.; Granger, De (March 2009). „Age of Zhoukoudian Homo erectus determined with (26)Al/(10)Be burial dating“. Nature. 458 (7235): 198–200. doi:10.1038/nature07741. ISSN 0028-0836. PMID 19279636. S2CID 19264385.
- ↑ Rincon, Paul (14 October 2015). „Fossil teeth place humans in Asia '20,000 years early'“. BBC News. Посетено на 14 October 2015.
- ↑ „Communiqué of the National Bureau of Statistics of People's Republic of China on Major Figures of the 2010 Population Census[1] (No. 1)“. National Bureau of Statistics of China. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „POPULATION GROWTH RATE“. CIA. Архивирано од изворникот на 2012-05-04. Посетено на 29 September 2013.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 „Communiqué of the National Bureau of Statistics of People's Republic of China on Major Figures of the 2010 Population Census (No. 1)“. National Bureau of Statistics of China. 28 April 2011. Архивирано од изворникот на 15 January 2013. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ Languages of China – from Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International.
- ↑ „World Bank World Development Indicators“. World Bank.
- ↑ „Shanghai's GDP grows 8.2 % in 2011“. Xinhua. China Daily.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 „Report for Selected Countries and Subjects“. IMF. IMF.
- ↑ „China is already a market economy—Long Yongtu, Secretary General of Boao Forum for Asia“. EastDay.com. 2008. Архивирано од изворникот на 9 септември 2009.
- ↑ „Communism Is Dead, But State Capitalism Thrives“. Vahan Janjigian. Forbes. 22 март 2010.
- ↑ „The Winners And Losers In Chinese Capitalism“. Gady Epstein. Forbes. 31 август 2010.
- ↑ John Lee. "Putting Democracy in China on Hold". The Center for Independent Studies. 26 July 2008. Посетено на 16 July 2013.
- ↑ English@peopledaily.com.cn (13 јули 2005). „People.com“. People.
- ↑ „China's Economic Rise: History, Trends, Challenges, and Implications for the United States“ (PDF). Congressional Research Service. 5 септември 2013.
- ↑ „China must be cautious in raising consumption“. China Daily.
- ↑ Walker, Andrew (16 јуни 2011). „Will China's Economy Stumble?“. BBC.
- ↑ Swartz, Spencer; Oster, Shai (19 јули 2010.). „China Becomes World's Biggest Energy Consumer“. Wall Street Journal. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The Ultimate Guide To China's Voracious Energy Use“. Business Insider. 17 август 2012.
- ↑ „China overtakes US as the biggest importer of oil“. BBC. 10 октомври 2013.
- ↑ „China's economy slows but data hints at rebound“. BBC. 18 октомври 2012.
- ↑ „China trade now bigger than US“. Garry White. Daily Telegraph. 10 февруари 2013.
- ↑ „China's forex reserves reach USD 2.85 trillion“. Smetimes.tradeindia.com.
- ↑ 33,0 33,1 „FDI in Figures“ (PDF). OECD.
- ↑ „China must keep buying US Treasuries for now-paper“. Reuters. 20 август 2009.
- ↑ Hornby, Lucy (23 септември 2009). „Factbox: US-China Interdependence Outweighs Trade Spat“. Reuters.
- ↑ „2007 trade surplus hits new record – $262.2B“. China Daily. 11 јануари 2008.
- ↑ „China widens yuan, non-dollar trading range to 3 %“. 23 септември 2005.
- ↑ „Intellectual Property Rights“ (PDF). Asia Business Council. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-03-26.
- ↑ Scutt, David (16 април 2015). „Germany's finance minister is worried about China's debt and shadow banking“. Business Insider.
- ↑ „Nominal GDP comparison of China, Germany, France, Japan and USA“. World Economic Outlook. Меѓународен монетарен фонд. октомври 2014.
- ↑ „The Global Competitiveness Report 2009–2010“ (PDF). Klaus Schwab. World Economic Forum. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 октомври 2009.
- ↑ „2011 Index of Economic Freedom“. The Heritage Foundation. Архивирано од изворникот на 2017-09-16.
- ↑ „The World's Largest Companies: China Takes Over The Top Three Spots“. Forbes. 7 мај 2014.
- ↑ Мирослав Саздовски, „Кинескиот банкарски систем стана најголем во светот“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 76.
- ↑ 45,0 45,1 Donald D. DeGlopper (1987). A Country Study: China. Chapter 9 – Science and Technology. Library of Congress..
- ↑ "7 Technologies Where China Has the U.S. Beat". GreenBiz.com. 7 December 2010.
- ↑ "China 'to overtake US on science' in two years". BBC News, 28 March 2011
- ↑ "Desperately seeking math and science majors". CNN, 29 July 2009.
- ↑ "China publishes the second most scientific papers in international journals in 2010: report" Архивирано на 6 јануари 2012 г.. Xinhua, 2 December 2011.
- ↑ „Who's afraid of Huawei?“. The Economist. 4 август 2012.
- ↑ „Lenovo ousts HP as world's top PC maker, says Gartner“. BBC. 11 октомври 2012.
- ↑ „'Titan' supercomputer is world's most powerful“. The Daily Telegraph. 12 ноември 2012.
- ↑ „China have set a Renewable Energy Target of 10 % of Electric Power Capacity by 2010“. Reuters. 11 март 2008. Архивирано од изворникот на 2008-07-25.
- ↑ „China Now Tops U.S. in Space Launches“. Wired. 16 април 2012.
- ↑ David Eimer, "China's huge leap forward into space threatens US ascendancy over heavens". The Telegraph. 5 November 2011.
- ↑ „Rocket launches Chinese space lab“. BBC. 29 септември 2011.
- ↑ „China to launch lunar rover in 2013“. Sen.com. 3 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-15.
- ↑ "China could make moon landing in 2025". The Guardian, 20 September 2010. Посетено на 17 October 2011.
- ↑ Flannery, Russell (30 март 2012.). „China Mobile Phone Users Now Top One Billion“. Forbes. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Barboza, David (26 јули 2008). „China Surpasses US in Number of Internet Users“. New York Times.
- ↑ „Chinese internet use surges ahead“. BBC. 17 јули 2013.
- ↑ „Broadband provider rankings: The Rise and Rise of China“. Telegeography.com. 28 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2010-08-06.
- ↑ „China's Beidou GPS-substitute opens to public in Asia“. BBC. 27 декември 2012.
- ↑ „China Begins Broadcasts on Latest Compass GNSS GEO Satellite“. Gibbons Media & Research LLC. јун 2010. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „China auto sales officially surpass US in 2009, 13.6 million vehicles sold“. Industry News. 8 јануари 2010.
- ↑ „China premium car sector remains bright spot“. Reuters. 23 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-27.
- ↑ „Chinese bus collides with tanker, killing 36“. BBC. 26 август 2012.
- ↑ „China suspends tough new traffic penalties“. BBC. 6 јануари 2013.
- ↑ „China opens world's longest high-speed rail route“. BBC. 26 декември 2012.
- ↑ „Japan's bullet train will have a top speed of 310 mph“. Daily Mail. London. 16 февруари 2011.
- ↑ "China pushes ahead with high-speed rail". Financial Times, 27 December 2011.
- ↑ "China boasts biggest high-speed rail network" Архивирано на 4 декември 2011 г.. Agence France-Presse via The Raw Story, 24 July 2011.
- ↑ „China's New Plan: A Great Leap Into The Air“. NPR. 19 мај 2012.
- ↑ „Bike-Maker Giant Says Fitness Lifestyle Boosting China Sales“. Bloomberg.com. 17 август 2012.
- ↑ 75,0 75,1 75,2 „Population and Its Composition“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China.
- ↑ „Age Composition and Dependency Ratio of Population“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China.
- ↑ „Birth Rate, Death Rate and Natural Growth Rate of Population“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China.
- ↑ „Urban unemployment declines to 4 % in China“. Xinhua. People's Daily Online. 22 јануари 2008.
- ↑ „China´s 2013 urban unemployment rate at 4.1 pct CCTV News - CNTV English“. 27 декември 2013. Архивирано од изворникот на 12 март 2014.
- ↑ „China's 2013 urban unemployment rate at 4.1 %“. Business Standard. 24 јануари 2014.
- ↑ „The New England Journal of Medicine, September 2005“. Content.nejm.org. doi:10.1056/NEJMhpr051833. Архивирано од изворникот на 2009-07-02.
- ↑ „China formalizes easing of one-child policy“. USA Today. 28 декември 2013.
- ↑ „China to keep one-child policy“. CNN. 10 март 2008. Архивирано од изворникот на 2018-10-05.
- ↑ „China's population growth 'slowing'“. BBC. 28 март 2001.
- ↑ „Кина укида „политику једног детета"“. Политика. 29 октомври 2015.
- ↑ Parry, Simon (9 јануари 2005). „Shortage of girls forces China to criminalize selective abortion“. The Daily Telegraph. London.
- ↑ „Chinese facing shortage of wives“. BBC News. 12 јануари 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The odds that you will give birth to a boy or girl depend on where in the world you live“. Pew Research Center. 24 септември 2013.
- ↑ Lilly, Amanda (7 јули 2009). „A Guide to China's Ethnic Groups“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 2013-12-09. Посетено на 2019-07-24.
- ↑ Veeck и др. 2011, стр. 102.
- ↑ „Major Figures on Residents from Hong Kong, Macao and Taiwan and Foreigners Covered by 2010 Population Census“. National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China. 29 април 2011.
- ↑ „Languages of China“. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. SIL International. 2009.
- ↑ Kaplan & Baldauf 2008, стр. 42.
- ↑ Rough Guide Phrasebook: Mandarin Chinese. Rough Guides. 2011. стр. 19. ISBN 9781405388849.
- ↑ 95,0 95,1 95,2 „Preparing for China's urban billion“. McKinsey Global Institute. February 2009. стр. 6, 52.
- ↑ 96,0 96,1 „Urbanisation: Where China's future will happen“. The Economist. 19 април 2014.
- ↑ „China Now Has More Than 260 Million Migrant Workers Whose Average Monthly Salary Is 2,290 Yuan ($374.09)“. International Business Times. 28 мај 2013.
- ↑ „China's urban explosion: A 21st century challenge“. CNN. 20 јануари 2012.
- ↑ „China's mega city: the country's existing mega cities“. The Telegraph. London. 24 јануари 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Wu-Where? Opportunity Now In China's Inland Cities“. NPR. 7 август 2012.
- ↑ Francesco Sisci. "China's floating population a headache for census". The Straits Times. 22 September 2000.
- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 49-53.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 32.
- ↑ YouTube, DAVID BOWIE - CHINA GIRL (пристапено на 8 мај 2017)
- ↑ DISCOGS, Faith No More – Introduce Yourself (пристапено на 19.8.2020)