Киргиски јазик
Киргискиот јазик (кыргыз тили, قىرعىز تىلى, kyrgyz tili) е туркиски јазик кој е службен јазик во Република Киргистан, покрај рускиот. Генетички, киргискиот јазик е сроден со алтајските јазици, но сепак киргискиот јазик е сроден и разбирлив со околните туркиски јазици.
Киргиски јазик | |
---|---|
кыргыз тили, قىرعىز تىلى kyrgyz tili | |
Застапен во | Киргистан, Авганистан, Пакистан, Таџикистан, Кина, Русија и дијаспората. |
Говорници | околу 4,5 милиони |
Јазично семејство | |
Писмо | киргиска азбука |
Статус | |
Службен во | Киргистан |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ky |
ISO 639-2 | kir |
ISO 639-3 | kir |
Киргискиот јазик го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Киргистан, но и во околните Кина, Авганистан, Казахстан, Таџикистан, како и во киргиската дијаспора во Турција, Узбекистан, Пакистан и Русија. Првично, киргискиот јазик се пишувал со униформираната турска азбука[1], која постепено била заменета со изменетото персиско-арапско писмо. Персиско-арапското писмо се користело до средината на XX век, кога за еден доста краток период се вовела латиницата, но таа била заменета со кирилицата за време на СССР. Денес, кирилицата останала доминантно писмо за запишување на јазикот. Кога Киргистан станал независен во државата имало движење за замена на кирилицата со латиница, но тоа до денес не се остварило.
Писмо
уредиКиргискиот јазик кој се користи во Киргистан користи кирилица за негово запишување и воедно кирилицата е официјално писмо во државата. Персиско-арапското писмо се користи за запишување на киргискиот јазик кој се зборува во Кина.
кирилица | персиско-арапско | транслитерација | македонски |
Бардык адамдар өз беделинде жана укуктарында эркин жана тең укуктуу болуп жаралат. Алардын аң-сезими менен абийири бар жана бири-бирине бир туугандык мамиле кылууга тийиш. | باردىق ادامدار ۅز بەدەلىندە جانا ۇقۇقتارىندا ەركىن جانا تەڭ ۇقۇقتۇۇ بولۇپ جارالات.۔ الاردىن اڭ-سەزىمى مەنەن ابئيىرى بار جانا بئرى-بئرىنە بئر تۇۇعاندىق مامئلە قىلۇۇعا تئيىش. | Bardyk adamdar öz bedelinde jana ukuktarynda erkin jana teň ukuktuu bolup jaralat. Alardyn aň-sezimi menen abiýiri bar jana biri-birine bir tuugandyk mamile kyluuga tiýiş. | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општочовечкaтa припaдност. |
Гласовен систем
уредиСамогласки
уредиПредни | Задни | |||
---|---|---|---|---|
незаоблени | заоблени | незаоблени | заоблени | |
затворени | i | y | ɯ | u |
средни | e | ø | o | |
отворени | ɑ |
Согласки
уредилабијални | дентално/ алвеоларни |
посталвеоларно- алвеоларни |
непчани | меконепчани увеларни | |
---|---|---|---|---|---|
носни | m | n | ŋ | ||
експлозивни | p b | t d | k/q g/ʁ | ||
африкатни | tʃ dʒ | ||||
фрикативни | f v | s z | ʃ | ||
латерални | l | ||||
треперливи | r | ||||
апроксимантни | j |
Наводи
уреди- ↑ Kyzlasov I.L. "Runiform scripts of Eurasian steppes", Eastern Literature, Moscow, 1994, pp.80 on, ISBN 5-02-017741-5, with further bibliography
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Киргиски јазик Архивирано на 5 јуни 2011 г.
- Вежби на киргиски јазик Архивирано на 8 јуни 2014 г. на јапонски
- Разговорник на киргиски
- Киргиски материјали на руски Архивирано на 12 мај 2008 г.
- Материјали за киргиски на турски Архивирано на 20 октомври 2010 г.
- Материјали за киргиски на турски Архивирано на 20 јуни 2011 г.
- Материјали за киргиски на турски Архивирано на 18 јуни 2011 г.
- Материјали за киргиски на турски Архивирано на 7 јули 2011 г.
- Претворач на киргиска кирилица-арапско писмо-латиница
- Киргиско-руско-англиски речник Архивирано на 15 февруари 2012 г.
- Киргиско-руски речник
Оваа статија поврзана со алтајските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |