Ченгду

главен град на покраината Сечуан, Кина

Ченгду (кинески: 成都, пинјин: Chéngdū) е главен град на покраината Сечуан, НР Кина. Ченгду е познат како градот на хибискусот и се наоѓа во областа наречена земјата на рајот или земјата на изобилието поради плодната почва (кинески tianfuzhiguo 天府之国).[1] Се вбројува и во еден од десетте најдобри градови за живеење во Кина.[2]

Ченгду
-
成都
кинески транскр.
 • пинјинChéngdū
Координати: 30°39′31″N 104°03′53″E / 30.65861° N; 104.06472° E / 30.65861; 104.06472
ЗемјаНР Кина
ПокраинаСечуан
Управа
 • Партиски секретарВанг Џиенџин
 • ГрадоначалникХоу Сјаочун
Површина
 • Градска12.132 км2 (4,684 ми2)
 • Градска2.129 км2 (822 ми2)
 • Метро1.617 км2 (624 ми2)
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Најг. вис.&100000000000053640000005.364 м
Најм. вис.&10000000000000378000000378 м
Население (2010)
 • Градско14.047.625
 • Густина0.0.012/км2 (0.0.030/ми2)
 • Градскo7.677.100
 • Градска0.0.036/км2 (0.0.093/ми2)
 • Метро6.730.749
 • Метро0.0.042/км2 (0.011/ми2)
 • Major НационалностиХан
Часовен појасChina Standard (UTC+8)
Поштенски код610000-611944
Повик. бр.28
GDP (номнално) Вкупно (2010)¥ 555.13 милијарди (US$82.119 милијарди)
GDP (номинално) Per Capita (2010)¥ 43,417 (US$6,442)
License Plate Prefix川A 川O (Влада)
Мреж. местоhttp://www.chengdu.gov.cn

Географија и климаУреди

Ченгду се наоѓа во Југозападна Кина блиску Тибетската Висорамнина. Тој е еден од поголемите градови во Кина со површина од 12390 км². Во должина од исток кон запад е 192 километри, ширина југ-север 166 километри. Со брзиот развој на градот тој ги припојува и околните мали градчиња од 2000 година.[3]

Има суптропска монсунска клима карактеристична по рана пролет, топло лето, свежа есен и не многу студени зими. Монсунскиот влажен период започнува во април и завршува во октомври. Карактеристична е слабата циркулација на ветер, згора на тоа и блискоста до Тибетското Плато од каде доаѓа слив на густи облаци носи на Ченгду најмалку 1412 сончеви часови годишно што го прави Ченгду познат по сребреното (облачно) небо.[3][4]

КултураУреди

Ченгду е динамичен град во кој секој ден се одвиваат од локални до светски збиднувања. Ченгду е град со традиција долга 3000 години, која влијаела на Кина и други азијски држави. Ченгдуанското секојдневие го одбележуваат неколку работи: локалната кујна, традицијата на пиење чај, резерватот на пандите, Таоизмот и трите кралства.[5]

Сечуански чај и сечуанска кујнаУреди

 
Кинеска чајџилница

Сечуанската кујна користи крајно лут вкус. Се смета за една од најдобрите во Кина, но и Азија, впрочем од страна на УНЕСКО Ченгду беше прогласен за град на гастрономијата во 2010. Тоа е првиот азиски град кој го добива ова признание.[6] Во готвењето се користат до 15 видови на лути пиперчиња и во некои јадења и кинески црвен бибер откој се вцепенува јазикот. Најпознатите деликатеси се мапо тофу (кинески 麻婆豆腐) и врелото тенџерче (кинески 涮羊肉).

Јазикот во ЧенгдуУреди

Во Ченгду се зборува сечуански дијалект на кинескиот јазик. На фонетичко ниво е изразен во промена на џ, ч и ш во ѕ, ц, с исто и слевање на дифтонг во едeн звук оу во о, пример за двата наведени случаи Оуџоу што значи Европа на сичуански дијалект е оѕо. На морфо-синтактичко ниво при формирање на различни фрази одекнуваат дијалекни зборови и фрази.[7]

СтопанствоУреди

Ченгду е еден од поразвиените градови во Кина. Ченгду се вбројува во југозападнокинескиот економски триаголник, другите два града се Чонгчинг и Ши`ан.[8] Од општината на град Ченгду известуваат дека минатата година БДП на градот надраснал 15 %.[9] Потребата за работна рака може да се задоволува со планираното зголемување на населението кое до 2020 година треба да изнесува барем 20 милиони луѓе.[10] Ченгду е еден од најбрзо растечките градови во светот. Во подем е изградбата на објекти, инфраструктура во градот и надворешна врска со други држави во светот како и секако приморскиот дел на Кина. Впечатлив е напливот на страски фирми за висока технологија како DELL, CISCO и други.[11] Директните странски инвестиции достигнуваат 2 милијарди евра, и се во континуиран пораст од 28,5% годишно.[10]

Туристички места во ЧенгдуУреди

Местото за кое туристите доаѓаат од секаде од светот е секако центарот за истражување на репродукцијата на пандите. Поточно тоа се два центри, едниот на 10-тина километри од центарот на градот а вториот на час и половина пат од центарот на градот.[12] Кривото сокаче Куанџај се наоѓа во центарот на градот.[13] И потекнува од времето на Ќинг династија. Друга атракција е палатата Ќингјанг, која е најстарата и најголемата палата во Ченгду.[14] Колибата на Дуфу е резиденцијата на Дуфу, кој е еден истакнат кинески поет од времето н Танг династијата. Се наоѓа во бамбусова шума, прилагодена патеки, мостови и мали плоштади.[15] Народниот Парк (кинески 人民公园) е едно интересно место во Ченгду каде може да погледате разни претстави на отворено, разноврсен профил на луѓе, да уживате во чајџилниците покрај езерцата со лотуси. Тибетскиот Кварт е една приказна со една тотално различна култура, која е втаена во различна облека на луѓето, различен јазик, музика, мирис на путер оф јак и инсент стапчиња. Чунгши Шопинг улицата привлекува над милион посетители за време на викендот.[16]

Ченгду, домот на пандитеУреди

Во центарот за истражување на репродукцијата на пандите живеат над 83 панди [17], ист ваков центар постои и во Ја`ан блиску Ченгду каде има поголем број на панди. Првично нивното седалиште било во Уолонг, но по катастрофалниот земјотрес преместени се во центрите во Ченгду и Ја`ан.[18]

НаводиУреди