Ројтерс
Ројтерс (англиски: Reuters) е британска кооперативна информативна агенција.
Вид | Подружница |
---|---|
Дејност | Новинска генција, финансии |
Основано | октомври 1851 |
Седиште | Лондон, Обединето Кралство |
Доход | ▲£2,605м (2007) |
Оперативен доход | ▲£292м (2007) |
Нето-доход | ▲£213м (2007) |
Сопственик | Томсон Ројтерс |
Вработени | 2.500 |
Мреж. место | www.reuters.com |
Историја
уредиОснована во 1851 година од Паул Јулиус Ројтер, во почетокот се занимавала со комерцијални вести но почнала да им служи на растечкиот број на новинска клиентела откако на Лондонскиот утрински огласник се претплатил како корисник. По одреден период на натпревар, Ројтерс и две сопернички агенции се согласиле да ја поделат територијата и за многу години држеле монопол во светски информативни услуги. Компанијата останала во приватни раце до 1925 година кога нејзината структура почнала да се движи кон кооперативна за британските и австралиските информативни интереси. До крајот на XX век Ројтерс бил светски водач во покривањето на деловниот и финансискиот пазар. Во 1984 година тој станал јавна компанија под името Ројтерс ПЛЦ груп.[1]
Ројтерс во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 119
- ↑ Discogs, Wire – Pink Flag (пристапено на 9.10.2021)