Гардијан
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Гардијан (англиски: The Guardian) — британски дневен весник. Од 1821 до 1959 година е познат како Манчестер Гардијан (Manchester Guardian). Заедно со своите сестрински весници Опсервер (The Observer) и Неделен Гардијан (Guardian Weekly), Гардијан (The Guardian) е дел од Гардијан Медиа Груп (Guardian Media Group), поседувани од Скот Траст (Scott Trust). Траст (The Trust) бил создаден во 1936 година "за да обезбеди финансиска и издавачка независност на Гардијан (Guardian) во континуитет и да ја заштити слободата на новинарите и либералните вредности на Гардијан (Guardian) ослободени од комерцијални или политички влијанија." Скот Траст (Scott Trust) бил претворен во друштво со ограничена одговорност во 2008 година, со Статут напишан на начин со кој ќе ги застапува истите заштитни мерки на Гардијан какви што биле вградени на почетокот во структуртата на Траст (the Trust) од неговите основачи. Профитот се реинвестира во новинарството наместо да претставува погодност за сопственикот или акционерите.[1] Читателите на весникот главно се од левицата на политичката мисла во Британија.[2][3] Репутацијата на весникот како платформа за либералната и левичарската публика довело да се употребува изразот "читател на Гардијан" и "Гардијанист" често (но не секогаш) како погрден епитет за оние со левичарски или политички коректни тенденции.[4][5][6] Гардијан е уредуван од Катерина Винер (Katharine Viner), која го наследила Алан Русбриџер (Alan Rusbridger) во 2015 година.[7][8] Во 2016 година, печатеното издание на Гардијан имало просечно околу 162,000 копии во земјата како дневен тираж, позади Дејли телеграф и Тајмс.[9] Од 2018 година се печати во форма на таблоид. Весникот има онллајн издание во Велика Британија како и два интернационални мрежни места, Guardian Australia (основан во 2013 година) и Guardian US (основан во 2011 година). онлајн изданието на весникот било петто најчитано во светот во октомври 2014 година, со преку 42,6 милиони читатели.[10] Неговото комбинирано печатено и онлајн издание достигнува до близу 9 милиони читатели во Британија.[11] Значајни стории го вклучуваат Меѓународниот скандал со прислушување на телефони од 2011 година, особено прислушувањето на телефонот на убиениот англиски тинејџер Мили Доулер (Milly Dowler).[12] Истражувањето доведе до затворање на најпродаваниот неделен весник во Британија, и еден од весниците со најголем тираж во светот, Вести од светот.[13] Весникот исто така објави вести за тајната збирка на телефонски разговори на Веризон (Verizon) на владата на претседателот на САД Барак Обама (Barack Obama) во јуни 2013 година,[14] и потоа откри постоење на PRISM систем за следење по неговото доставување до весникот од NSA whistleblower Едвард Сноуден (Edward Snowden).[15] Во 2016 година, го предводеше истражувањето на Панама Пејперс (Panama Papers), објавувајќи врски на тогашниот премиер на Британија Дајвид Камерон (David Cameron) со сметки во офшор банки (offshore bank accounts).
Гардијан бил избран за весник на годината четири пати од годишните Британски новински награди, последен пат во 2014 година за известување за следењето на владата.[16] Заради честите печатни грешки во весникот, во 1960-тите Private Eye го нарекол The Grauniad, прекар кој денес сè уште употребува.[17]
Историја
уредиОд 1821 до 1972 година
уредиПрвите години
уредиМанчестер Гардијан (The Manchester Guardian) бил основан во Манчестер во 1821 година од трговец со памук Џон Едвард Тејлор (John Edward Taylor) со поддрѓка од Малиот Круг, група на неконформисти стопанственици.[18] Тие го стартувале својот весник по затворањето на повеќе радикалниот Манчестер Обсервер (Manchester Observer), весник кој ја фаворизирал каузата на протестантите од масакрот од Петерло (Peterloo Massacre).[19] Тејлор бил непријателски настроен кон радикалните реформатори, и напишал: "Тие не се насочени кон причината туку кон страстите и страдањата на нивните злоупотребени и лековерни сонародници, од кои заболената индустрија изнудува средства за удобно постоење кое е полно со изобилство. Тие не се трудат, ниту пак измислуваат и лажат, но живеат подобро од тие што тоа го прават."[20] Кога власта го затворила Манчестер опсервер (Manchester Observer), сопствениците на мелницата стекнале превласт.[21]
Влијателниот новинар Џеремаја Гарнет (Jeremiah Garnett) му се приклучил на Тејлор за време на основањето на весникот, и сите членови на Малиот Круг (Little Circle) пишувале статии за новиот весник.[22]
Огласот кој го најавувал новото издание тврдел дека тоа "ревносно ќе ги спроведува принципите на граѓанската и религиската слобода […] застапувајќи ја причината за реформирање […] со настојување да помогне во ширењето на принципите на политичката економија и […] поддршка, без оглед на партијата од која потекнуваат сите корисни мерки".[23] Во 1825 година весникот се обединил со Британски доброволец (British Volunteer) и бил познат како Манчестер Гардијан и Британски Доброволец (The Manchester Guardian and British Volunteer) сè до 1828 година.[24]
Весникот на работничката класа Огласник на Манчестер и Салфорд (Manchester and Salford Advertiser) го нарекол Манчестер Гардијан (Manchester Guardian) "расипана проститутка и нечист паразит од најлошиот дел од сопствениците на мелницата".[25] Манчестер Гардијан главно бил непријателски настроен кон работничките барања. Од нацрт-законот од 1832 година за Десет Часа (Ten Hours Bill), весникот се сомнева дали во однос на странскиот конкуренција "усвојувањето на законот со позитивно влијание врз постепеното уништување на производството на памук во кралството ќе биде многу помалку рационална постапка."[26] The Manchester Guardian dismissed strikes as the work of outside agitators: "[…] if an accommodation can be effected, the occupation of the agents of the Union is gone. They live on strife […]"[27]
Манчестер Гардијан (The Manchester Guardian) бил многу критички настроен кон однесувањето на претседателот на САД Абрахам Линколн (Abraham Lincoln) за време на граѓанската војна во САД, пишувајќи дека Абрахам Линколн бил убиен во атентат: "За неговото владеење, не можеме да кажеме ништо друго освен дека е серија на дејства одвратни за секое вистинско разбирање на уставното право и човековата слобода […]"[28]
Ц.П.Скот (C. P. Scott)
уредиЦ.П.Скот (C. P. Scott) го направил весникот познат во целата земја. Тој бил уредник во период од 57 години почнувајќи во 1872 година, и станал негов сопсвеник кога го купил весникот од синот на Тејлор во 1907 година. Под водство на Скот (Scott), умерената уредувачка линија на весникот станала порадикална, давајќи поддршка на Вилијам Гладстон (William Gladstone) при поделбата на либералите во 1886 година, и спротивставувајќи се во Втората Бурска Војна на народното мислење.[29] Скот (Scott) го поддржал движењето за право на глас на жените, но бил критички настроен кон какви било дејства на приврзаниците за право на глас на жените кои вклучувале директно дејство:[30] "Навистина смешен став е тој што Господин Лојд Џорџ (Mr Lloyd George) се бори да ослободи седум милиони жени и протестантите кршат прозорци на беспомошни луѓе и ги кршат состаноците на добротворни заедници во очаен обид да го спречат." Скот (Scott) сметал дека "храброста и посветеноста" на борците за право на глас на жените биле "вредни подобра причина и поздраво водство".[31] Се зборува дека критичкиот став на Скот влијаел врз распространетиот презир, кој постоел во тоа време, кон оние жени кои "ги прекршиле родовите очекувања на Едвардијанското општество".[30]
Скот (Scott) нарачал Џ.М.Синџ (J. M. Synge) и неговиот пријател Џек Јетс (Jack Yeats) да создадат статии и цртежи кои ги документираат општествените услови на западот од Ирска (пред Првата светска војна), и овие дела биле објавени во 1911 година во збирката Патувања во Виклоу, Вест Кери и Конемара.[32]
Пријателството на Скот со Чаим Ваицман (Chaim Weizmann) играло улога во Декларацијата од Балфур (Balfour Declaration) од 1917 година, и во 1948 година Манчестер Гардијан бил поддржувач на новата држава Израел.
Во јуни 1936 година сопственоста на весникот преминала кај Скот Труст (Scott Trust) (наречен според последниот сопственик, Џон Расел Скот (John Russell Scott), кој бил прв претседател на Трустот). Ова осигурало независност на весникот.[се бара извор]
Шпанска граѓанска војна
уредиТрадиционално поврзан со центристичката до централно-левичарската Либерална партија, и со северна, не-конформистичка основа на тиражот, весникот стекнал национална репутација и почитување од левицата за време на Шпанската граѓанска војна (1936–1939 година). Џорџ Орвел (George Orwell) напишал во Омаж за Каталонија: "Од нашите најголеми весници, Манчестер Гардијан е единствениот кој ми остава зголемен почит за неговата чесност". Со про-либералната Хроника на новостите, Лабуристички настроениот Дејли Хералд (Daily Herald), весникот на Комунистичката партија дељи Воркер (Daily Worker) и неколку неделни и седмични весници, тој ја поддржувал Републиканската власт против националистите на Генералот Франциско Франко (Francisco Franco).
- ↑ The Guardian News and Media Limited (26 July 2015). „The Scott Trust: values and history“. The Guardian. Посетено на 20 December 2015.
- ↑ International Socialism Spring 2003, ISBN 1-898876-97-5
- ↑ „Ipsos MORI“. Ipsos MORI. Архивирано од изворникот на 23 мај 2009. Посетено на 6 март 2016.
- ↑ Department of the Official Report (Hansard), House of Commons, Westminster (19 November 2001). „Hansard 374:54 19 November 2001“. Publications.parliament.uk. Посетено на 28 July 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „What the papers say“. BBC News. 17 October 2005.
- ↑ „Definition of Guardian Reader“. Collins English dictionary. Посетено на 10 January 2018.
- ↑ „Guardian appoints Katharine Viner as editor-in-chief | Media“. The Guardian. 20 March 2015. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ Rusbridger, Alan. „'Farewell, readers': Alan Rusbridger on leaving the Guardian after two decades at the helm“. The Guardian. Посетено на 29 May 2015.
- ↑ „Print ABCs: Metro overtakes Sun in UK weekday distribution, but Murdoch title still Britain's best-selling paper“. Press Gazette. Посетено на 11 July 2017.
- ↑ „The Guardian overtakes New York Times in comScore traffic figures“. The Guardian. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ Halliday, Josh (12 September 2012). „The Guardian reaches nearly 9 million readers across print and online“. The Guardian. Посетено на 27 October 2013.
- ↑ „Can the Guardian survive?“. Intelligent Life. July–August 2012. Архивирано од изворникот на 2015-07-01. Посетено на 2018-07-25. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Woolf, Nicky (3 јули 2012). „Could the newspaper that broke the hacking scandal be the next to close?“. GQ.com. Архивирано од изворникот на 6 јули 2012.
- ↑ Hosenball, Mark (6 June 2013). „Obama administration defends massive phone record collection“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ „Edward Snowden: the whistleblower behind the NSA surveillance revelations | US news“. The Guardian. 9 June 2013. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ Rawlinson, Kevin (2 April 2014). „Guardian wins newspaper and website of the year at British press awards“. The Guardian. Посетено на 12 June 2014.
- ↑ „Mind your language“. The Guardian (англиски). 23 August 2009. ISSN 0261-3077. Посетено на 23 December 2016.
- ↑ Wainwright, Martin (13 August 2007). „Battle for the memory of Peterloo: Campaigners demand fitting tribute“. The Guardian. London. Посетено на 26 March 2008.
- ↑ Editorial (4 May 2011). „The Manchester Guardian, born 5 May 1821: 190 years – work in progress“. The Guardian.
- ↑ Manchester Gazette, 7 August 1819, quoted in Ayerst, David (1971). 'Guardian' : biography of a newspaper. London: Collins. стр. 20. ISBN 0-00-211329-5.
- ↑ Harrison, Stanley (1974). Poor men's guardians : a record of the struggles for a democratic newspaper press, 1763–1973. London: Lawrence and Wishart. стр. 53. ISBN 0-85315-308-6.
- ↑ Garnett, Richard (1890). . Во Stephen, Leslie; Lee, Sidney (уред.). Dictionary of National Biography. 21. London: Smith, Elder & Co.
citing: [Manchester Guardian, 28 September 1870; Manchester Free Lance, 1 October 1870 ; Prentice's Historical Sketches and Personal Recollections of Manchester; personal knowledge.]
- ↑ „The Scott Trust: History“. Guardian Media Group. Архивирано од изворникот на 28 July 2008. Посетено на 26 March 2008.
- ↑ „The Manchester guardian and British volunteer – JH Libraries“. Catalyst.library.jhu.edu. Посетено на 6 March 2016.[мртва врска]
- ↑ 21 May 1836
- ↑ „Editorial“. The Manchester Guardian. 28 January 1832.
- ↑ „Editorial“. The Manchester Guardian. 26 February 1873.
- ↑ „Editorial“. The Manchester Guardian. 27 April 1865.
- ↑ Hampton, Mark (2011). „The Press, Patriotism, and Public Discussion: C. P. Scott, the "Manchester Guardian", and the Boer War, 1899–1902“. The Historical Journal. 44 (1): 177–197.
- ↑ 30,0 30,1 Purvis, June (13 November 2007). „Unladylike behaviour“. The Guardian. London: Guardian News and Media. Посетено на 28 July 2009.
- ↑ quoted in David Ayerst, The Guardian, 1971, p 353
- ↑ Arnold, Bruce (27 November 2012). „To the waters and the wild“. Irish Independent. Dublin: Independent News & Media. Посетено на 4 June 2014.