Отвори го главното мени

Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание

Претседателот на Постојан комитет на Националното народно собрание (кин. 全国人民代表大会常务委员会委员长, пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì Chángwù Wěiyuánhuì Wěiyuánzhǎng, мак. тр. „Чиенгуо женмин дајбиао дахуј начгцу вејјуенхуј вејјуенџанг“) епретседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание на Народна Република Кина, врховниот законодавен орган во државата. Таа функција моментално ја врши Џанг Деѓанг.

Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание на НР Кина
National Emblem of the People's Republic of China.svg
Zhang Dejiang.jpg
Функционер
Џанг Деѓанг

од 15 март 2003 г.
НазначувачГласање на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
Мандат5 години, повторливо
еднаш едно подруго
Прв функционерЛиу Шаоче
Создадена27 септември 1954

Функцијата е втора по важност во кинеската политичка хиерархија, по онаа на Генералниот секретар и Претседателот, но поважна од онаа на Премиерот. Рангирањето е во согласност со квалификациите на функционерот, но не подразбира подеднаква фактичката власт, која варира зависно од самиот функционер.

НадлежностиУреди

Оваа функција задржува изесни уставни права според преработката на Уставот на Кина од 1978 г. Според Член 84 од уставот, доколку претседателот и потпретседателот не се онеспособени да дејствуваат, а Националното народно собрание не може навреме да избере нови, тогаш Претседателот на ННК ја врши должноста на шеф на државата.[1]

Во теорија, за време на протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 г., претседателот на ННК, тогаш Ван Ли, имал право да свика вонредна седница на собранието за да го реши проблемот по уставен пат. Меѓутоа слободата на дејствување му била ограничена, па затоа тој немал што да направи во врска со тоа.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди