Јангцекјанг
Јангцекјанг (кинески: 扬子江, пинјин: Yángzǐ Jiāng, Јангѕеѓанг или Сина Река), во самата Кина наречена Чангѓанг (长江 Cháng Jiāng - Долга Река) — најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Ќингхај. Реката тече од запад кон исток и се влева во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.
Јангцекјанг | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Должина | 6.300 км[1] |
Особености на сливот | |
Имиња
уредиИмето на реката Јангцекјанг е само едно од многуте на истата река. Всушност реката може да се сретне и како Јангце што е многу распространето, Јангѕе-ѓанг од коешто и најверојатно потекнува името Јангцекјанг. Името Јангце ѓанг започнала да го употребува династијата Суеј. За време на династијата Минг името на реката било само Јангце. Денес Јангѕе-ѓанг е поетското име на реката, а нејзиното современо име е Чангѓанг, но во употреба најчести се Јангце или Јангцекјанг.
Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во некои јужни кинески покраини и како реката Јинша (река на златни песоци). Денес оваа река е позната и уште како Сина река.
Географија
уредиЈангцекјанг извира на планината Геладандунг на планинскиот венец Дангла во источниот дел на Тибетската висорамнина, во кинеската покраина Ќингхај. Реката најпрвин поминува низ Сечуан и Тибет, за да стигне до Јинан. Во овој свој тек реката се спушта од 5000 на само 1000 м надморска висина.
Реката поминува низ Сечуанската Котлина во Јабин каде што се зголемува нејзиното количество на вода, а потоа тече низ планината Вушан, течејќи покрај Чунгќинг и Хубеј образувајќи ги познатите Три Клисури по што реката поминува низ првиот град Јичанг.
Минувајќи низ Хубеј, реката прима вода од повеќе езера од кои најпознато е Дунгтинг, а исто така и од реката Ханшуј.
Во северниот дел од Јиангкси најголемото езеро во Кина Појанг се припојува во реката која продолжува да тече низ покраините Анхуеј и Ѓангси, поврзувајќи се со многу пократки реки и помали езера од каде што стигнува кон својот влив во Источнокинеско Море.
Стопанско значење
уредиРеката е голема, пловна и има огромно стопанско значење. Постојат две брани на реката. Водата која што тече во реката е чиста, а за тоа служи и фактот дека четири од петте најголеми производители на минерална вода во Кина се служат со водата од реката Јангцекјанг, а водата од истата претставува симбол за чиста вода во Кина.
Наводи
уреди- ↑ Encyclopaedia Britannica: Yangtze River http://www.britannica.com/eb/article-9110538/Yangtze-River
„Јангцекјанг“ на Ризницата ? |