Десетични
Вредност  SI 
1000 кбит килобит
10002 Мбит мегабит
10003 Гбит гигабит
10004 Тбит терабит
10005 Пбит петабит
10006 Ебит ексабит
10007 Збит зетабит
10008 Јбит јотабит
10009 Рбит ронабит
100010 Квбит кветабит
Двоични
Вредност  IEC  JEDEC 
1024 Кибит кибибит Кбит Кб килобит
10242 Мибит мебибит Мбит Мб мегабит
10243 Гибит гибибит Гбит Гб гигабит
10244 Тибит тебибит
10245 Пибит пебибит
10246 Еибит ексбибит
10247 Зибит зебибит
10248 Јибит јобибит

Мегабит — милион пати поголема единица од бит за дигитални информации. Префиксот мега- (симбол М) е дефиниран во Меѓународниот систем на единици (СИ) како множител со вредност 106 (1 милион),[1] и затоа

1 мегабит = 106бита = 1000000бита = 1000 килобита.

Симболот за мегабит е Mbit.

Мегабитот е тесно поврзан со мебибитот, повеќекратно поголема единица добиена од бинарниот префикс меби (симбол Mi), од ист ред на големина,[2] што е еднакво на 220бита = 1048576бита, или приближно 5% поголем од мегабитот. И покрај дефинициите на овие нови префикси за бинарно базирани количини на информации од страна на меѓународните организации за стандардизација, мемориските полуспроводнички чипови сè уште се продаваат користејќи ги имињата со метрички префикси за означување бинарни множители.

Со користење на заедничката големина бајт од осум бита и стандардизирана метричка дефиниција за мегабит и килобајт, 1 мегабит е еднаков на 125 килобајти (kB) или приближно 122 кибибајти (KiB).

Мегабитот нашироко се користи кога се однесува на брзините на пренос на податоци во компјутерски мрежи или телекомуникациски системи. Мрежните брзини на пренос и брзините на преземање често го користат мегабитот како износ пренесен во единица време, на пример, 100 Mbit/s (мегабита во секунда) брза етернет конекција, или 10 Mbit/s услуга за пристап до семрежјето, додека големината на единиците за податоци (податотеки) пренесени преку овие мрежи често се мерат во мегабајти. За да се постигне брзина на пренос од еден мегабајт во секунда, потребна е мрежна конекција со брзина на пренос од осум мегабити во секунда.

Употреба

уреди
  • Во телекомуникациите, употребата на SI-дефинираната единица е стандардна.
  • Во индустријата за полуспроводници, сè уште вообичаена практика е да се назначи меморија со случаен пристап (RAM), меморија само за читање (ROM) во бинарна интерпретација на метричките префикси, како што е мегабит, така што еден мегабит претставува 220бита = 1048576бита.[3][4][5] На пример, еден дискретен чип DDR3 специфициран на 512 Mb секогаш содржи 229 бита = 536870912бита = 512 мибита меморија,[6] или 671088648-bit bytes, различно наречени или 64 мебибајти или 64 (бинарни) мегабајта.
  • За време на ерата на 16-битни конзоли за игри, мегабитот бил најчесто користената мерка за големината (капацитетот за складирање компјутерски податоци) на касетите за игри. Оваа големина претставува еден мебибит (Mibit). Огромното мнозинство игри SNES и Mega Drive (Genesis) биле произведени на 8-мегабитни касети, иако се појавиле и други големини на касетите како 4, 12, 16, 24, 32 и 48 мегабита. Ваквата употреба продолжила на Нинтендо 64, со големини на касети кои се движеле помеѓу 32 и 512 мегабита.

Наводи

уреди
  1. The NIST Reference on Constants, Units, and Uncertainty: SI prefixes
  2. The NIST Reference on Constants, Units, and Uncertainty: Prefixes for binary multiples
  3. „DDR3 SDRAM Memory Product Guide“ (PDF). Samsung Global. Посетено на 12 February 2015.
  4. „S25FL128P Data Sheet“ (PDF). Spansion Support. Посетено на 12 February 2015.
  5. „1-Megabit (128K x 8) Paged Parallel EEPROMs“ (PDF). Atmel Corporation. Посетено на 12 February 2015.
  6. „JEDEC Standard DDR3 SDRAM Specification“ (PDF, 8.8 MB). Посетено на 2008-07-10.