Список на народности во Кина

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Народности во Кина)

Во Кина постојат поголем број народности како во НР Кина така и во Тајван (Република Кина).

Етнолингвистичка карта на Кина (1983)

Најброен е народот Хан, со 91,51%[1] од населението (~1,2 милијарди во 2010 г). Покрај оваа мнозинска група, во Кина се признаени уште 55 малцински народи, со вкупен број од 105 милиони, распоредени по сите краишта освен средиштето и југоистокот на земјата.

Најбројни малцинства се следниве: Џуанци (16,9 мил.), Ујгури (11,5 мил.), Хуејци (10,5 мил.), Манџурци (10,3 мил.), Мјао (9,4 мил.), Ји (8,7 мил.), Туѓа (8,3 мил.), Тибеќани (6,2 мил.), Монголците (5,9 мил.), Дунг (2,8 мил.), Буји (2,8 мил.), Јао (2,7 мил.), Бај (1,9 мил.), Корејци (1,8 мил.), Хани (1,6 мил.), Ли (1,4 мил.), Казаци (1,4 мил.) и Дај (1,2 мил.).

Народности признаени во НР Кина

уреди

Ова се сите 56 народности признаени од кинеската држава, подредени по бројноста на нивното население. Во 1954 г. имало 39 признаени народности, а во 1964 г. нивниот број се зголемил на 54. Последната промена е направена во 1979 г. со додавањето на народот Ѓино.[2]

Народ
Самонар.
КодА
Пинјин
Кинески
Удел (2010) Население (2010)Б
Население (2000)Б
Население (1990)Б
ПризнаенВ
Хан1 Хан-ѕу HA Hàn Zú 汉族 91,6474% 1.220.844.520 1.139.773.008 1.042.482.187 1954
Џуанци Поушуенг ZH Zhuàng Zú 壮族 1,2700% 16.926.381 16.187.163 15.489.630 1954
Хуејци2 Хуејзу HU Huí Zú 回族 0,7943% 10.586.087 9.828.126 8.602.978 1954
Манџурци Манџу MA Mǎn Zú 满族 0,7794% 10.387.958 10.708.464 9.821.180 1954
Ујгури Ујгур UG Wéiwú'ěr Zú 维吾尔族 0,7555% 10.069.346 8.405.416 7.214.431 1954
Хмонг3 Монг MH Miáo Zú 苗族 0,7072% 9.426.007 8.945.538 7.398.035 1954
Ји разни YI Yí Zú 彝族 0,6538% 8.714.393 7.765.858 6.572.173 1954
Туѓа Писека TJ Tǔjiā Zú 土家族 0,6268% 8.353.912 8.037.014 5.704.223 1964
Тибеќани4 Бодпа ZA Zàng Zú 藏族 0,4713% 6.282.187 5.422.954 4.593.330 1954
Монголци Монголчууд MG Měnggǔ Zú 蒙古族 0,4488% 5.981.840 5.827.808 4.806.849 1954
Дунг5 Кам DO Dòng Zú 侗族 0,2161% 2.879.974 2.962.911 2.514.014 1954
Буји Пујаи BY Bùyī Zú 布依族 0,2153% 2.870.034 2.973.217 2.545.059 1954
Јао разни YA Yáo Zú 瑶族 0,2098% 2.796.003 2.638.878 2.134.013 1954
Бај Пеци BA Bái Zú 白族 0,1451% 1.933.510 1.861.895 1.594.827 1954
Корејци Чосон CS Cháoxiǎn Zú 朝鲜族 0,1374% 1.830.929 1.929.696 1.920.597 1954
Хани6 Хани HN Hāní Zú 哈尼族 0,1246% 1.660.932 1.440.029 1.253.952 1954
Ли Лај LI Lí Zú 黎族 0,1098% 1.463.064 1.248.022 1.110.900 1954
Казаци Казак KZ Hāsàkè Zú 哈萨克族 0,1097% 1.462.588 1.251.023 1.111.718 1954
Дај7 Тај DA Dǎi Zú 傣族 0,0946% 1.261.311 1.159.231 1.025.128 1954
Ше Са SH Shē Zú 畲族 0,0532% 708.651 710.039 630.378 1964
Лису Лису LS Lìsù Zú 傈僳族 0,0527% 702.839 635.101 574.856 1954
Дунгсјанг Сарта DX Dōngxiāng Zú 东乡族 0,0466% 621.500 513.826 373.872 1954
Гелао Клау GL Gēlǎo Zú 仡佬族 0,0413% 550.746 579.744 437.997 1964
Лаху Ладхулси LH Lāhù Zú 拉祜族 0,0365% 485.966 453.765 411.476 1954
Ва Ва WA Wǎ Zú 佤族 0,0322% 429.709 396.709 351.974 1954
Шуеј Ајсуј SU Shuǐ Zú 水族 0,0309% 411.847 407.000 345.993 1954
Наки8 Наки NX Nàxī Zú 纳西族 0,0245% 326.295 309.477 278.009 1954
Ќанг Рме QI Qiāng Zú 羌族 0,0232% 309.576 306.476 198.252 1954
Монгори Менгуле TU Tǔ Zú 土族 0,0217% 289.565 241.593 191.624 1954
Мулао9 Мулам ML Mùlǎo Zú 仫佬族 0,0162% 216.257 207.464 159.328 1964
Сибо Сибе XB Xībó Zú 锡伯族 0,0143% 190.481 189.357 172.847 1954
Киргизи Киргиздар KG Kē'ěrkèzī Zú 柯尔克孜族 0,0140% 186.708 160.875 141.549 1954
Качини10 Качин JP Jǐngpō Zú 景颇族 0,0111% 147.828 132.158 119.209 1954
Даури Дагуур DU Dáwò'ěr Zú 达斡尔族 0,0099% 131.992 132.747 121.357 1964
Саларци Салар SL Sālā Zú 撒拉族 0,0098% 130.607 104.521 87.697 1954
Бланг Бланг BL Bùlǎng Zú 布朗族 0,0090% 119.639 91.891 82.280 1964
Маонан11 Анан MN Máonán Zú 毛南族 0,0076% 101.192 107.184 71.968 1964
Таџици12 Туџик TA Tǎjíkè Zú 塔吉克族 0,0038% 51.069 41.056 33.538 1954
Пуми Пжеми PM Pǔmǐ Zú 普米族 0,0032% 42.861 33.628 29.657 1964
Ачани Нгачанг AC Āchāng Zú 阿昌族 0,0030% 39.555 33.954 27.708 1964
Ну Ну NU Nù Zú 怒族 0,0028% 37.523 28.770 27.123 1964
Евенки Евенкил EW Èwēnkè Zú 鄂温克族 0,0023% 30.875 30.545 26.315 1954
Кињ13 Кин GI Jīng Zú 京族 0,0021% 28.199 22.584 18.915 1964
Ѓино Ќино JN Jīnuò Zú 基诺族 0,0017% 23.143 20.899 18.021 1979
Палаунг14 Палаунг DE Dé'áng Zú 德昂族 0,0015% 20.556 17.935 15.462 1964
Бонанци Бонган BO Bǎo'ān Zú 保安族 0,0015% 20.074 16.505 12.212 1954
Руси русские RS Éluósī Zú 俄罗斯族 0,0012% 15.393 15.631 13.504 1954
Југури Југур YG Yùgù Zú 裕固族 0,0011% 14.378 13.747 12.297 1954
Узбеци Узбеклар UZ Wūzībiékè Zú 乌孜别克族 0,0008% 10.569 12.423 14.502 1954
Монпа Монпа MB Ménbā Zú 门巴族 0,0008% 10.561 8.928 7.475 1964
Орочони Орочон OR Èlúnchūn Zú 鄂伦春族 0,0006% 8.659 8.216 6.965 1954
Дерунг Терунг DR Dúlóng Zú 独龙族 0,0005% 6.930 7.431 5.816 1964
Нанајци15 Хеџен HZ Hèzhé Zú 赫哲族 0,0004% 5.354 4.664 4.245 1964
Гаошанци16 разни GS Gāoshān Zú 高山族 0,0003% 4.009 4.488 2.909 1954
Лоба разни LB Luòbā Zú 珞巴族 0,0003% 3.682 2.970 2.312 1965
Татари Татарлари TT Tǎtǎ'ěr Zú 塔塔尔族 0,0003% 3.556 4.895 4.873 1954
непризнаени нема Wèi Shìbié Mínzú 未识别民族 0,0480% 640.101 734.438 749 341 -
натурализирани граѓани нема Wàiguórén Jiārù Zhōngguójí 外国人加入中国籍 0,0001% 1.448 941 3.421 -

АGB 3304-91 „Имиња на народностите во Кина во романизација со кодови“;[3]
БВо населението се вброени само оние во Кина и Тајван;
ВКај народностите официјално признаени во 1964 г. или претходно, ова е годината кога првпат почнале да фигурираат во пописите — едниот во 1954[4], а другиот во 1964 г;[5]
1Тука се вбројува и подгрупата Чуенќинг;
2Тука се вбројуваат и Уцулите на Хајнан, кои потекнуваат од бегалци Чами;
3Ова е поширок поим; дел од овој народ се нарекува Хмонг во потесна смисла;
4Тука спаѓаат и Амдова и Кампа, како и околу половина од говорниците на пумскиот јазик (другата половина припаѓаат на посебниот народ Пуми);
5Наречени и Кам;
6Тука се вбројува и Сангконг;
7Во оваа категорија се опфатени неколку различни тајскојазични групи, кои историски се нарекуваат Бајји;
8Тука се вбројува и народот Мосо;
9Тука се вбројува и народноста наречена „Дрвари“ (木佬人) или Ќаго;
10Ова е бурманското име на народот. Во Кина се нарекуват Ѓинпо;
11Тука се бројува и народот Тен;
12Впрочем не се Таџици, туку Памирци;
13Се работи за Виетнамци или Кињ на синовиетнамски;
14Ова е нивно име во Мјанмар; во Кина се нарекувааат Деанг;
15Истата група се нарекува Нанајци од руската страна на границата;
16Збирен назив за сите домородни групи во Тајван.

Непризнаени народности

уреди

Тука се наведени народностите на Кина кои не се официјално признаени како малцинства од владата на НР Кина.

Во петтиот државен попис на населението во НР Кина (2000), 734.438 лица во Кина (97% од нив во покраината Гуејџоу) се изречно заведени како припадници на „непризнаени народности“,[6] но се смета дека припадниците на други вакви групи се вброени како припадници на поголемите признаени групи.

Разните подгрупи на мнозинскиот народ Хан како Хака и Кантонците се водат само како Хан во државната класификација.

Народности во Хонгконг и Макао

уреди

Хонгконг и Макао се специјални админитративни региони на НР Кина. Нивните управи не ја користат кинеската државна класификација, ниту пак таа ги зема предвид тамошните народности. На пример, во Хонгконг се присутни малцинските групи како Европејците (претежно Англичани), народности од јужна и југоисточна Азија (Филипинци, Индијци, Индонезијци, Непалци и Пакистанци).

Галерија

уреди

Поврзано

уреди
 
Оваа статија содржи кинески текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци .

Наводи

уреди
  1. „Han Chinese proportion in China's population drops: census data (2011-04-28)“. Xinhua News. Посетено на 1 September 2015.
  2. 胡鸿保 张丽梅 “民族识别原则的变化与民族人口” 《西南民族大学学报》(人文社科版)2009/04 总第212期
  3. GB 3304-91 Имиња на народностите во Кина во романизација со кодови Архивирано на 1 ноември 2009 г..
  4. Прв државен попис на населението на НР Кина
  5. Втор државен попис на населението на НР Кина
  6. 第五次人口普查数据(2000年). 表1—6. 省、自治区、直辖市分性别、民族的人口 Архивирано на 26 август 2018 г. (Петти државен попис на населението во НР Кина (2000). Табела 1-6: Население на покраините, автономните области и општините по етничка припадност)

Надворешни врски

уреди