Адел Лори Блу Адкинс[3] (анг. Adele Laurie Blue Adkins; родена 21 мај 1988), професионално позната како Адел — англиска пејачка-текстописец.

Адел Adele
Животописни податоци
Родено имеАдел Лори Блу Адкинс
Роден(а)5 мај 1988(1988-05-05)(36 г.)
Тотенхем, Северен Лондон, Англија
ЖанровиПоп, Соул, Блуз, Рок, Фолк, блуз контополитен[1] , кантри соул[2]
ЗанимањаПејач-текстописец
ИнструментиВокали, гитара, пијано, бас, целеста, перкусие, Клавијатура
Период на активност2006–сега
ИздавачиXL, Columbia
Мреж. местоadele.tv

Животопис

уреди

Ран живот

уреди

Адел Лори Блу Адкинс е родена во Тотенхем на 5 мај 1988 година, во Северен Лондон, како дете на самостојна тинејџерска мајка.[4][5] Таа почнала да пее на четири години и подоцна изјавила дека тогаш пеењето ѝ станало опсесија.[6][7] Исто така, Адел изјавила дека групата „Спајс грлс (Spice Girls)“ била главното влијание за нејзината љубов и страст кон музиката, кажувајќи дека „тие ме направија тоа што сум денес“.[8]
Успешниот албум „21“ бил инспириран од крајот на нејзината љубовна врска, но подоцна Адел ја пронашла среќата во врската со Сајмон Конецки, поранешен инвестициски банкар и подоцнежен директор на хуманитарната организација „Дроп4дроп“ која се бори за обезбедување чиста вода во сиромашните земји. Во октомври 2012 година, Сајмон и Адел го добиле синот Анџело.[9]

Професионална кариера

уреди

Адел го привлекла вниманието на издавачката куќа „XL Recordings“ со три демо песни кои ги испратила на „MySpace“ и подоцна потпишала договор со издавачката куќа. Уште од својот прв албум, 19 таа добила многу пофалби и позитивни критики. Албумот се искачил на прво место и има добиено трипати платинска сертификација во Обединетото Кралство.[10] Адел го издала својот втор албум 21 на 24 јануари 2011 во Обединетото Кралство, а на 22 февруари албумот излегол и во САД.[11] 21 имал голем комерцијален успех, продавајќи 208.000 копии во првата недела во Обединетото Кралство.[12] Албумот, исто така, се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352.000 копии во првата недела.[11][13] Албумот 21 се искачил на првото место на музичките топ-листи и во 17 други европски држави.[14]
Во 2009 година, Адел освоила две награди „Греми“, во категориите „Најдобар нов артист“ и „Најдобра женска поп вокална изведба“.[15][16]
Со изведбата за време на Британските музички награди во 2011 година, пеејќи ја песната „Someone Like You“ Адел се искачила на првото место во Обедеинетото Кралство. Оваа песна останала на првото место четири последователни недели.[17][18] Официјалната компанија за табели изјавила дека Адел е првиот жив музичар кој имал два топ-пет хита на официјалната табела за албуми и на официјалната табела за синглови по „Битлси“ во 1964 година.[17][18][19] Албумот 21 поминал единаесет последователни недели на првото место во Обединетото Кралство, што претставува најдолгото задржување на првото место на британската табелата за албуми од страна на женски музичар. Претходниот рекорд го држела Мадона во 1990 година, со нејзиниот компилациски албум The Immaculate Collection кој на водечкото место се задржал девет недели.[14][20] Во САД, албумот поминал шест непоследователни недели на табелата Билборд 200.[21] Исто така, албумот ги срушил рекордите на дигитални спуштања во Обединетото Кралство.[22] Заклучно со 2015 година, албимот „21“ бил продаден во над 17 милиони примероци.[9]
Во мај 2011 година, пејачката вредела £6 милиони со што се изедначила со Лили Ален и Дафи за деветтото место на списокот на најбогатите британски и ирски музички ѕвезди под 30 години.[23] Во 2013 година, Адел ја освоила наградата „Оскар“ за песната „Скајфол (Skyfall)“ од филмот за Џејмс Бонд.
Магазинот „Билборд“ го најавил излегувањето на долгоочекуваниот трет албум на Адел за ноември 2015 година. На него, таа соработувала со Фарел Вилијамс, Рајан Тедер од групата „Уан рипаблик (One Republic)“ и канадскиот мизичар Тобајас Џесо Џуниор. Во паузата меѓу вториот и третиот албум, Адел се соочила со сериозни здравствени проблеми (полип на гласните жици), кој морала да го отстрани со операција.[9]

Дискографија

уреди

Турнеи

уреди

Награди

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Ејми Вајнхаус
Греми Награди за Најдобар Нов Артист
2009
Наследник
Zac Brown Band
Претходник
Мика
Sound of... (BBC poll)
2008
Наследник
Little Boots

Во 2017 година, Адел била апсолутна победничка на 59. доделување на наградите „Греми“, со освоени пет награди. Притоа, таа победила во сите категории во кои била номинирана, а истовремено станала првиот изведувач кој двапати ги освоил трите главни награди.[24]

Наводи

уреди
  1. „Adele: New Record is 'Quite Different'. SPIN.com. 2 November 2010. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 8 May 2011.
  2. „Adele Unearths Country-Soul Gem » Cover Me“. Covermesongs.com. Посетено на 8 May 2011.
  3. Frehsée, Nicole (22 January 2009), „Meet Adele, the U.K.'s Newest Soul Star“. Rolling Stone. (1070):26
  4. Patterson, Sylvia (27 Jan 2008). „Mad about the girl“. The Guardian. UK. Посетено на 23 April 2010.
  5. Adele: i have all the say, i have power over everything i do Daily Mail Retrieved 22 February 2011
  6. „Grammy-nominated Adele taking fame in stride The Baltimore Sun 15 January 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-07-20. Посетено на 2011-05-19.
  7. „Singing Stronger Every Day: Adele Express from The Washington Post 15 January 2009“. Архивирано од изворникот на 2011-09-07. Посетено на 2011-05-19.
  8. Walker, Marie. „Adele: I Love the Spice Girls!“. Now Magazine. Посетено на 6 March 2011.
  9. 9,0 9,1 9,2 Наташа Спирова-Серафимова, „Ќе одберам ручек со пријателките наместо вежбање“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 8.
  10. „Certified Awards Search“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2011-03-01.
  11. 11,0 11,1 Caulfield, Keith (2011-03-02). „Adele's '21' Debuts At No. 1 on the Billboard 200 With 352,000 Sales“. Billboard. Посетено на 2011-03-02.
  12. Adele dominates UK album chart Архивирано на 18 октомври 2012 г. Reuters Retrieved 28 February 2011
  13. Adele scores US number one album BBC News Retrieved 4 March 2011
  14. 14,0 14,1 Adele breaks Madonna's album record and closes in on Bob Marley The Guardian 4 April 2011
  15. Brits on top: Duffy, Adele and Coldplay clinch top awards as they lead British winners at Grammys Daily Mail Retrieved 21 February 2011
  16. Coldplay, Robert Plant, Radiohead, Duffy and Adele win at Grammy Awards Daily Mirror Retrieved 21 February 2011
  17. 17,0 17,1 Adele Ties Beatles Record on UK Charts, BRIT Awards Boost Winners Billboard Retrieved 21 February 2011
  18. 18,0 18,1 Adele beats Lady Gaga to No 1... and matches Beatles for two top five singles and two top five albums in the same week Daily Mail Retrieved 21 February 2011
  19. Adele's 'Someone Like You' Tops UK Singles Chart Архивирано на 24 февруари 2011 г. MTV Retrieved 21 February 2011
  20. Adele makes music history again with album chart record BBC 4 April 2011
  21. http://www.billboard.com/news/adele-s-21-marks-sixth-week-at-no-1-on-billboard-1005169182.story#/news/adele-s-21-marks-sixth-week-at-no-1-on-billboard-1005169182.story
  22. Adele matches Madonna, Beatles records Архивирано на 2 јуни 2011 г. Digital Spy Retrieved 28 February 2011
  23. „Chart-topping Adele makes music's rich list with £6million fortune Evening Standard 5 May 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 2011-05-19.
  24. Н.С.Ц.„Бијонсе, те обожавам, сакам да ми бидеш мајка“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 19.

Надворешни врски

уреди