Џон Непер
Џон Непер од Мерчистон (анг. John Napier of Merchiston, 1550 – 4 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистон (Marvellous Merchiston) — шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистон. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место, Мерчистонскиот замок, Единбург денес е дел од Неперовиот универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Кутберт, Единбург.
Џон Непер | |
---|---|
Портрет на Џон Непер | |
Роден(а) | 1550 Мерчистонски замок, Единбург |
Починал(а) | 4 април 1617 (на 66–67 г.) Единбург |
Државјанство | Кралство Шкотска |
Националност | Шкот |
Полиња | математичар |
Образование | Сент Ендрјуз |
Познат по | логаритми Неперови коски децимална запирка |
Влијание од | Хенри Бригс |
Напредоци во математиката
уредиНепер е малку познат вон математичарските и инженерските кругови, за чиј напредок тој направил многу. Со помош на логаритмите рачните пресметувања станале многу полесни и побрзи, и така тие го трасирале патот за многу други пронајдоци и напредци. Неговото дело, Mirifici Logarithmorum Canonis Descriptio, има 37 страници објасненија и 90 страници со таблици (логаритамски таблици), со чија помош астрономијата, динамиката, физиката и астрологијата продолжиле да се развиваат. Изумител е и на направата за множење наречена Неперови коски.
Теологија
уредиНепер ги употребил своите математички способности во теологијата, каде со помош на Откровението ја предвидувал Апокалипсата. Според неговото мислење, крајот на светот требал да дојде во 1688 или 1700. Некаде среќаваме и тврдења дека Непер бил и некромант; меѓутоа знаеме дека во тоа време ваквите неосновани обвиненија брз научно талентирани лица биле честа појава.
Почести
уредиПо Непер се именувани повеќе нешта, како на пример единицата непер, која е алтернатива на децибелот во електроинженерството, Неперовиот универзитет во Единбург, кратерот Непер на Месечината[1], како и еден астероид во 1992 - 7096 Непер.
Дела
уреди- (1593) A Plaine Discovery of the Whole Revelation of St. John.
- (1614) Mirifici logarithmorum canonis descriptio (превод на англиски од Едвард Рајт, издадено 1616 г).
- (1617) Rabdologiæ seu Numerationis per Virgulas libri duo (посмртно издадено).
- (1619) Mirifici logarithmorum canonis constructio (напирашно пред Descriptio, но издадено посмртно од син му Роберт)
- (1839) De arte logistica
Поврзано
уреди- Непер - единица
- Логаритам
- Логаритамска таблица
- Неперови коски
- Јост Бирги - независнен изумител на логаритмите
Наводи
уреди- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Џон Непер“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Диплудис, Александрос. Отпрашување на Неперовите коски. Архивирано на 3 февруари 2007 г. Универзитет Хериот-Ват, 1997. (англиски)
- "John Napier." Math & Mathematicians: The History of Math Discoveries around the World. 2 тома. U*X*L, 1999. (англиски)
- Џон Непер Архивирано на 8 септември 2015 г. (англиски)
- Кратка биографија и превод на делата за логаритми Архивирано на 28 декември 2008 г. (англиски)
- Џонстон, Ијан. Шкотскиот генијалец кој го трасирал патот за Њутновите откритија (англиски)
- Вовед во сферичната тригонометрија Со расправа за Неперовиот круг и Неперовите правила (англиски)