Сами Хедира
Сами Хедира (арапски: سسامي خضيرة, роден во Штутгарт на 4 април 1987) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на германската репрезентација.
Сами Хедира | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Сами Хедира[1] | ||
Роден на | 4 април 1987[1] | ||
Роден во | Штутгарт, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м[2] | 1,89||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Херта Берлин | ||
Број | 28 | ||
Агент | Јерг Нојбауер[3] | ||
Младинска кариера | |||
Ефинген | |||
Штутгарт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2006 | Штутгарт II | 21 | (1) |
2006-2010 | Штутгарт | 98 | (14) |
2010-2015 | Реал Мадрид | 102 | (6) |
2015-2021 | Јувентус | 99 | (21) |
2021- | Херта Берлин | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2003-2004 | Германија 17 | 10 | (2) |
2007-2009 | Германија 21 | 15 | (2) |
2009- | Германија | 77 | (7) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Животопис
уредиХедира е роден во Штутгарт од татко тунижанин и мајка германка. Неговиот помал брат Рани е исто така фудбалер и во моментов настапува за екипата на РБ Лајпциг.
Сами бил во повеќегодишна врска со германскиот модел Лена Герке, меѓутоа во јули 2015 двојката ја потврдила нивната разделба.
Клупска кариера
уредиШтутгарт
уредиХедира започнал да игра фудбал во младинските категории на Ефинген, каде што неговиот татко Лажар бил тренер. Во 1995 бил откриен од ФК Штутгарт каде продолжил да тренира фудбал и ги поминал сите младински категории. Откако одиграл две сезони за вториот тим (21 настап и 1 гол), пред почетокот на сезоната 2006-2007, тогашниот тренер на Штутгарт Армин Фе го приклучил во првиот тим и за неговата прва професионална сезона му бил доделен дресот со број 28. Своето деби го направил на 1 октомври 2006, во натпреварот против Херта на гости што завршил нерешено 2-2, влегувајќи во втората минута од судиското продолжение на местото на Антонио да Силва. Кон крајот на истиот месец ги постигнал својте први два гола во дресот на Штутгарт во првенствената победа над Шалке на домашен терен со 3-0. Првиот професионален договор со клубот го потпишал на 29 јануари 2007. Во последното коло од сезоната на 19 мај, Хадира го постигнал победничкиот погодок за Штутгарт, за победата со 2-1 со пресврт (откако најпрво губеле со 1-0) над Енерги Котбус со која клубот станал шампион на Германија за првпат по 15 години. Својата прва сезона сезона како профеионалец ја завршил со 26 настапи и 4 гола, но и со големо славје по освојувањето на Бундеслигата.
Следната сезона ја започнал со пораз од Бајерн Минхен во полуфиналето на Лига купот. Својот прв и единствен погодок за сезоната Хедира го постигнал во првото коло од Бундеслигата во ремито 2-2 на домашен терен против Шалке на 10 август 2007.[4] На 19 септември го имал своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 2-1 од Ренџерс во групната фаза, запишувајќи асистенција за голот со кој Штутгарт дошол во водство (иако подоцна загубиле со 2-1) реазлизиран од страна на Марио Гомес во 56-тата минута.[5] Сезоната ја завршил со 24 настапи во Бундеслигата, 5 во Лигата на шампионите и 4 во Купот на Германија.
На 9 јули 2008 Хедира го продолжил својот договор со Штутгарт до летото 2011 година. Сезоната 2008-2009 била неговата најдобра во дотогашната кариера постигнувајќи вкупно 8 гола. Тој најпрво му помогнал на својот тим да се пласира во Купот на УЕФА како еден од 11-те најдобри клубови во Интертото купот, асистирајќи за третиот гол во 110-тата минута од продолженијата со кој и дефинитивно бил скршен отпорот на рускиот Сатурн и со победа со 3-0 Штутгарт излегол како победник од двомечот иако русите победиле во првиот натпревар со 1-0.[6] На 21 септември 2008, во победата со 3-1 над Карлсруе Хедира го постигнал неговиот прв гол за сезоната.[7] На 13 декември Хедира ги постигнал двата гола за Штутгарт во ремито 2-2 против шампионот Бајерн Минхен.[8] Само пет дена подоцна тој го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, постигнувајќи го првиот гол за Штутгарт во победата со 3-0 над Стандард Лиеж во последното коло од групната фаза на Купот на УЕФА.[9]
Реал Мадрид
уредиПосле добрите партии на Светското првенство 2010, Хедира се преселил во Реал Мадрид за 14 милиони евра, потпишувајќи пет-годишен договор со кралскиот клуб.[10] Своето деби го направил на 29 август против Мајорка (0-0), влегувајќи во игра на местото на Алваро Арбелоа во 70-тата минута од натпреварот.[11] Својот прв погодок во дресот на Реал го постигнал на 18 октомври 2011 во победата со 4-0 над Олимпик Лион во Лигата на шампионите. Првиот гол во Примера го постигнал во победата со 5-0 над Еспањол. Во првите две сезони бил стандарден во почетниот состав на тренерот Жозе Мурињо, играјќи како партнер на Чаби Алонсо средниот ред. По заминувањето на Мурињо го загубил местото во почетниот состав најмногу како резултат на серијата повреди со која се соочил во сезоните 2013-2014 и 2014-2015.
Во петте години поминати во Реал Мадрид, Хедира освоил буквално сè што можело да се освои: една титула Првак на Шпанија, два Купа на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија, како и успесите на меѓународната сцена кој дошле со освојувањето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014, за потоа да бидат освоени и Суперкупот на УЕФА 2014 и Светското клупско првенство истата година. Откако во последната сезона одиграл само 17 натпревари за клубот во сите натпреварувања, Хедира одлучил да не го продолжува договорот со Реал Мадрид кој истекувал во летото 2015.
Јувентус
уредиНа 9 јуни 2015, како слободен играч потпишал четиригодишен договор со Јувентус за годишна плата од 4,5 милиони евра по сезона.[12] На 15 јули, Хедира бил претставен во клубот со дресот со број 6., кој го носел и во Реал Мадрид и во германската репрезентација.[13] Поради повреда која ја заработил во пред-сезонскиот пријателски натпревар против Олимпик Марсеј на 1 август, го пропуштил Суперкупот на Италија, како и стартот на сезоната во Серија А и во Лигата на шампионите.
Своето официјално деби за Јувентус го направил на 30 септември, играјќи како стартер во натпреварот од Лигата на шампионите против Севиља кој неговиот тим го добил со 2-0. Четири дена подоцна на своето деби во Серија А го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во победата со 3-1 над Болоња на домашен терен.[14] Својот втор гол за Јувентус го постигнал на 10 јануари 2016, во победата со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија.[15] Само седум дена подоцна, во следното првенствено коло, Хедира повторно бил стрелец во победата со 4-0 над Удинезе на Фриули.[16] На 20 март го постигнал својот четврти првенствен погодок во сезоната при победата со 4-1 во Дерби дела Моле над Торино на Олимпико, но во завршницата од натпреварот добил директен црвен картон поради тоа што го нарекол главниот судија Никола Рицоли глупак,[17] по што бил казнет со два натпревари суспензија од фудбалскиот сојуз.[18] По одработувањето на казната Хедира се вратил во акција во натпреварот против Палермо на домашен терен на 17 април, и го постигнал првиот гол во победата со 4-0. И покрај тоа што во текот на неговата прва сезона во Јувентус често бил жртва на физички проблеми, сепак за времето во кое бил на теренот дал голем придонес за освојувањето на петтото последователно Скудето, и вториот последователен Куп на Италија (први за него). Сезоната ја завршил со вкупно 25 настапи и 5 гола.
Следната сезона ја започнал со гол во првото коло од Серија А, во победата со 2-1 на домашен терен над Фјорентина. Само седум дена подоцна Хедира одново бил одлучувачки за Јувентус, постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот против Лацио со кој Јуве победил на гости со 1-0.
На 22 октомври 2017, Хедира го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 6-2 на гостувањето кај Удинезе.[19][20] На 7 март 2018, Хедира го направил својот 100-ти настап за Јувентус во победата со 2-1 над Тотенхем на Вембли во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите, притоа во истиот асистирал за голот на Гонсало Игуаин.[21][22][23]
Во септември 2018, Хедира потпишал нов договор со Јувентус во трајност до 2021 година.[24]
Репрезентативна кариера
уредиХедира одигра вкупно 30 натпревари во сите младински селекции. На Европското првенство за играчи под 21 година во 2009 како капитен на репрезентацијата го подигнал пехарот наменет за победничката репрезентација.
За сениорската репрезентација дебитирал на 5 септември 2009 во пријателскиот натпревар против ЈАР; во игра влегол во 73-тата минута. Тој бил ставен на списокот на учесници за Светското првенство 2010 каде бил стартер на сите седум натпревари, а во натпреварот за трето место против Уругвај (3-2) го постигна победоносниот гол со глава.
Четири години подоцна тој бил повикан и за Светското првенство 2014 во Бразил, каде бил еден од најдобрите играчи на својата репрезентација која го освоила пехарот. Постигнал еден гол во "потопот" со 7-1 над домаќинот Бразил во полуфиналето.
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 31 јануари 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2004-2005 | Штутгарт II | РЛ | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
2005-2006 | РЛ | 8 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 8 | 0 | |
2006-2007 | РЛ | 9 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 9 | 1 | |
Вкупно Штутгарт II | 22 | 1 | - | - | - | - | 22 | 1 | |||||||
2006-2007 | Штутгарт | БЛ | 22 | 4 | КГ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 26 | 4 |
2007-2008 | БЛ | 24 | 1 | КГ+ЛКГ | 4+1 | 0+0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 34 | 1 | |
2008-2009 | БЛ | 27 | 7 | КГ | 2 | 0 | Инт+КУ | 2+6 | 0+1 | - | - | - | 37 | 8 | |
2009-2010 | БЛ | 25 | 2 | КГ | 2 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 35 | 3 | |
Вкупно Штутгарт | 98 | 14 | 13 | 1 | 21 | 1 | - | - | 132 | 16 | |||||
2010-2011 | Реал Мадрид | ПД | 25 | 0 | КШ | 7 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 40 | 0 |
2011-2012 | ПД | 28 | 2 | КШ | 6 | 1 | ЛШ | 8 | 1 | СШ | 0 | 0 | 42 | 4 | |
2012-2013 | ПД | 25 | 3 | КШ | 8 | 1 | ЛШ | 9 | 0 | СШ | 2 | 0 | 44 | 4 | |
2013-2014 | ПД | 13 | 1 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 18 | 1 | |
2014-2015 | ПД | 11 | 0 | КШ | 3 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | СШ+СУ+Скп | 0+0+1 | 0+0+0 | 17 | 0 | |
Вкупно Реал Мадрид | 102 | 6 | 24 | 2 | 32 | 1 | 3 | 0 | 161 | 9 | |||||
2015-2016 | Јувентус | А | 20 | 5 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СИ | 0 | 0 | 25 | 5 |
2016-2017 | А | 30 | 5 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 10 | 0 | СИ | 1 | 0 | 44 | 5 | |
2017-2018 | А | 26 | 9 | КИ | 4 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | СИ | 1 | 0 | 39 | 9 | |
2018-2019 | А | 10 | 2 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СИ | 1 | 0 | 17 | 2 | |
Вкупно Јувентус | 87 | 21 | 10 | 0 | 27 | 0 | 3 | 0 | 127 | 21 | |||||
Вкупно во кариерата | 309 | 42 | 47 | 3 | 80 | 2 | 6 | 0 | 442 | 47 |
Хет-трикови
уредиТрофеи
уредиКлупски
уредиШтутгарт
уреди- Бундеслига (1) : 2006-2007.
Реал Мадрид
уреди- Примера Дивисион (1) : 2011-2012
- Куп на Шпанија (2) : 2008-09, 2011-12
- Суперкуп на Шпанија (1) : 2012
- Лига на шампиони (1) : 2013-2014
- Суперкуп на УЕФА (1) : 2014
- Светско клупско првенство (1) : 2014
Јувентус
уреди- Серија А (5) : 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
- Куп на Италија (3) : 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
- Суперкуп на Италија (2) : 2015, 2018
Репрезентативни
уреди- Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година (1) : 2009
- ФИФА Светско Првенство (1) : 2014; Трето место: 2010
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). FIFA. 12 June 2010. стр. 11. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-11. Посетено на 8 December 2013.
- ↑ „Sami Khedira“. juventus.com.
- ↑ Jörg Neubauer - Managed players
- ↑ „Stuttgarts Doppelschlag reicht nicht zum Sieg, Rakitic kommt und trifft“. kicker.de. 10 август 2007. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ Colin Moffat (19 септември 2007). „Rangers 2-1 VfB Stuttgart“. BBC. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ „Intertoto Cup: Stuttgart-Saturn 3-0“. Архивирано од изворникот на 2017-07-30. Посетено на 2017-07-24.
- ↑ „Karlsruhe verliert zum neunten Mal hintereinander in Stuttgart, Hitzlsperger hat die Ideen“. kicker.de. 21 септември 2008. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ „Tonis Torserie hält - Erstes VfB-Remis unter Babbel, Khedira trifft zweimal spät“. kicker.de. 13 декември 2008. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ „Stuttgart secure second with dominant display“. uefa.com. 18 декември 2008. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ OFFICIAL: Real Madrid Sign Stuttgart Midfielder Sami Khedira
- ↑ „Report: Mallorca v Real Madrid“. ESPN Soccernet. 30 August 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 30 August 2010.
- ↑ juventus.com, уред. (9 јуни 2015). „Khedira è bianconero“.
- ↑ tuttojuve.com, уред. (6 август 2015). „UFFICIALE - I numeri di maglia per la stagione 2015/16. Pogba nuovo 10. Il suo "vecchio" 6 a Khedira“.
- ↑ LaStampa.it, уред. (4 октомври 2015). „Juve-Bologna, il film della partita: 3-1“.
- ↑ ibtimes, уред. (17 јануари 2016). „Sampdoria-Juventus 1-2: Cassano non basta, Pogba e Khedira stendono i blucerchiati“. Архивирано од изворникот на 2016-01-26. Посетено на 2016-02-01.
- ↑ sportmediaset, уред. (17 јануари 2016). „Serie A, Udinese-Juve 0-4: per Allegri decima vittoria di fila“.
- ↑ „Torino 1-4 Juventus“. BBC Sport. 20 March 2016. Посетено на 20 March 2016.
- ↑ Juventus' Sami Khedira given two-game ban for insulting referee
- ↑ „Udinese crushed by 10-man Juve“. Football Italia. 22 October 2017.
- ↑ „Khedira: 'My first hat-trick!'“. Football Italia. 22 October 2017.
- ↑ Phil McNulty (7 March 2018). „Tottenham Hotspur 1–2 Juventus“. BBC Sport. Посетено на 9 March 2018.
- ↑ Luke Brown (8 March 2018). „Paulo Dybala and Gonzalo Higuain stun Tottenham to send Juventus into Champions League quarter-finals“. The Independent. Посетено на 9 March 2018.
- ↑ „Tottenham-Juve: Talking Points“. Juventus F.C. 8 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
- ↑ „Sami Khedira: Juventus midfielder signs new contract at the club until 2021“. BBC Sport. 12 September 2018. Посетено на 12 September 2018.