Јохан Фридрих Хегер

Јохан Фридрих (Фриц) Хегер (германски: Johann Friedrich (Fritz) Höger; 12 јуни 187721 јуни 1949) — германски архитект од Бекенраје близу Елмсхорн, Шлезвиг-Холштајн.

Чилехаус во Хамбург од Фриц Хегер

Роден е во Штајнбург, Шлезвиг-Холштајн во столарско семејство. Неговото најпознато дело е Чилехаус во Хамбург, изградено во 1922-24 г. за увозникот на шалитра Хенри Б. Сломан. Хегер изградил неколку други деловни згради, училиште заедно со планетариум, Црквата на Хоенцолернплац во Берлин и градскиот дом на Вилхелмсхафен.

Фабриката за цигари „Гарбати“ во Панков, Берлин

Во 1927, Хегер се придружил на културната редакција на „Фелкишер Беобахтер[1] и се зачленил во Националсоцијалистичката партија во 1932 г.

Иако Хегер имал симпатии кон националсоцијализмот, неговиот експресионистички стил не му се допаднал на Хитлер. Бидејќи Хегер не го следел бараниот класичен стил на нацистичката архитектура, не бил поставен како покраински архитект.

Наводи

уреди