Едвард Сноуден

Едвард Сноуден (роден на 21 јуни 1983 година)[1] е поранешен работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД.[1] Сноуден предизвика голема контраверзија кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број тајни проекти за надгледување како на пример „ПРИСМ“ и „Баундлес информант“ и документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади на компјутери ширум светот. Сноуден документите им ги предал на Гардијан и Вашингтон пост во јуни 2013 година. Во октомври 2013 година Сноуден објави документи кои упатуваат дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел во период поголем од 10 години, што предизвикува голем меѓународен скандал.[2]

Сноуден во 2013

ЖивотописУреди

Едвард Џозеф Сноуден е роден во 1983 година во Елизабет Сити (Северна Каролина), а пораснал во Вилмингтон.[3] Неговиот татко, Лони Сноуден, кој живее во Пенсилванија, бил полицаец на крајбрежната стража на САД[4], а неговата мајка која живее во Балтимор (Мериленд), е службеничка при федералниот суд во Мериленд.[5] Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избегал најпрво во Хонгконг, а покасно во Москва, 23 јуни 2013 година го дочекал дипломатскиот автомобил кој веројатно припаѓал на Еквадор. Сноуден добил помош од организацијата Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж.[6] Откако одбил азил од поголем број држави,[7] 6 јули 2013 година Венецуела му понудила азил на Сноуден. Меѓутоа 1 август 2013 година добил азил од Русија.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Edward Snowden did enlist for special forces, US army confirms | World news | guardian.co.uk|
  2. Snowden Ready to Testify About US Spying on Merkel – German Lawmaker | Russia | RIA Novosti
  3. Tracy, Connor (10 јуни 2013). „What we know about NSA leaker Edward Snowden“. NBC News.
  4. Itkowitz, Colby; Sheehan, Daniel Patrick (10 јуни 2013). „Edward Snowden's father, stepmother plan to make public statement“. The Morning Call. Allentown, PA.
  5. Toppo, Greg (10 јуни 2013). „Former neighbor remembers Snowden as 'nice kid'. USA Today. Washington DC.
  6. Snowden arrives at Moscow airport from Hong Kong, BBC 23 јуни 2013
  7. Edward Snowden: Movements and asylum requests