Џулиет Луис
Џулиет Луис — американска филмска и телевизиска глумица и рок-музичарка.
Животопис
уредиГлумечко творештво
уредиЏулиет Луис станала славна со својата улога во филмот “Рт на стравот” (Cape Fear) од 1991 година, за која била номинирана за наградите “Златен глобус” и “Оскар” за најдобра споредна улога. Потоа, таа следувале поголеми улоги во филмовите: „Другата сестра“, “Што го јаде Гилберт Гејп”, “Родени убијци” (Natural born killers), “Вечерна ѕвезда”, “Калифорнија” и “Од самрак до зори” (From dusk till dawn). Џулиет Луис има остварено запазени улоги и во неколку телевизиски серии. Така, таа ја играла улогата на Теми Хемфилд во телевизиската драма “Фирма”, која започнала да се прикажува во 2012 година на телевизиските канали NBC и AXN. За својата работа на телевизијата, таа двапати била номинирана за наградата “Еми”.[1]
Музичко творештво
уредиЏулиет Луис е позната и како рок-музичарка. Така, таа била пејачка во групата “Џулиет енд д ликс”, со која настапувала од 2003 до 2009 година, при што снимила три албуми, а потоа продолжила со групата „Њу романтикс“ со која го снимила албумот „Terra Incognita“.[1][2]