Рак (хороскопски знак)
Оваа статија се однесува на хороскопскиот знак рак. За други значења видете рак (појаснување).
Хороскопскиот знак Рак (латински: Cancer, грчки: Καρκίνος) го носат оние коишто се родени помеѓу 21 јуни и 22 јули. Со овој знак владее Месечината. Симболот ја претставува формата на ракот.
На пат низ зодијакот
уредиЧетвртиот степен на развој доведува до нова димензија: свесност за потеклото и потребата да го остави своето наследство на идните генерации. Да им помогне на младите, да ги нахрани и да ги заштити. Комбинацијата на негативна вода со кардиналност, уште повеќе нагласено од неговиот владетел Месечината, кај Ракот предизвикува чувствителна одговороност и осека од емоции.
Мотивација
уредиРакот си го носи својот дом на грбот за да може да го скрие своето ранливо тело, а канџите ги користи за да се закачи на она што му треба. Луѓето родени во овој знак загрижено бараат или создаваат основа на која ќе се држат низ животот, а најчесто тоа е семејството. Секогаш е подготвен да се навреди ако е нападната неговата фантазија. Има добра меморија, но се држи повеќе до минатото, бидејќи има неодреден страв од иднината. Неговото мото е: „Милосрдноста започнува дома.“
Работа и интереси
уредиРаковите сакаат да работат од дома, или да влезат во семеен бизнис. Нивните заштитнички одлики ги прават добри работници во болници или институции кои пружаат социјална помош. Љубовта кон минатото од нив создава добри историчари или колекционери на стари предмети. Од друга страна, Раковите често се среќаваат во модните професии (творци на облека или простор). Извонредни готвачи се. Овие луѓе се итри со парите, и секогаш чуваат за „црни денои“.
Во односи
уредиРакот има потреба да создава блиски и взаемно зависни врски. Овие луѓе се срамежливи при искажување на чувствата, затоа често се штитат себеси со резервирано однесување, иако се лесни на солзи. Се дружат со луѓе за кои знаат дека ги сакаат. Во љубовта, поважна им е романтиката отколку сексот. Идеални партнери се за оние кои сакаат партнер со мајчински инстинкти.
Домашен живот
уредиДомот на Ракот е конвенционален и традиционален. Ако сте поканети да останете, ќе ви биде послужен појадок во кревет, и секако ќе ви биде покажан семејниот албум. Домот на Ракот може да е пренатрупан со предмети кои се собирани со години, или пак се оставнина. Раковите ништо не фрлаат, затоа што сентиментално се врзуваат не само со луѓето, туку и со предметите. Жената Рак со задоволство ги извршува домашните обврски. Машкото Рак се гордее со сигурноста што ја обезбедил, но постојано се потсетува на времето кога живеел со неговите родители. Децата за нив се голема радост, но може да се разгалени.
Зборови кои го опишуваат Ракот
уредиВажи и за двата пола: грижлив, емотивен, вешт, конзервативен, заштитнички, итар, срамежлив, сочувствителен, штедлив. Понекогаш: приврзан кон кланот, плашлив, се сожалува себеси, нестабилен.
Користена литература
уреди- Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
- Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
- Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.