Елизабет Вулриџ Грант (англиски: Elizabeth Woolridge Grant), попозната како Лана дел Реј (англ. Lana Del Rey; родена на 21 јуни 1985[1] во Лејк Плејсид, Њјујорк, САД) — американска пејачка и текстописец. Лана е опишана како "самонаречена ганкста Ненси Синатра" и ги наведува Бритни Спирс, Елвис Присли и Курт Кобејн како нејзини најголеми музички влијанија.

Лана Дел Реј
Lana Del Rey
Животописни податоци
Родено имеЕлизабет Вулриџ Грант
Познат(а) и какоЛана Дел Реј
Роден(а)21 јуни 1985(1985-06-21)(39 г.)
ПотеклоЛејк Плесид, Њујорк, САД
ЖанровиIndie Pop, Chamber pop, Adult alternative, Sadcore
ЗанимањаПејачка
Период на активност2008 – сѐ уште
ИздавачиИнтерскоп, Полидор, Стрејнџер
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Животопис

уреди

Ран живот и првите почетоци

уреди

Лана е родена во градот Њујорк[2] и порастена во Лејк Плејсид, Њујорк, САД.[3] Кога имала 15 години, се запишала во Kent School, училиште со интернат во Конектикат.[4] Грант е ќерка на инвесторот и милионерот во областа на Њујорк, Роб Грант, кој ја поддржувал својата ќерка во почетоците на нејзината кариера. Дел Реј се запишала во Fordham University во Њујорк, приоритет за да се откаже и да започне музичка кариера.[5] Лана наведува во интервју за списанието Vogue,"Јас сакав име со кое би можела да ја формирам музиката во насока[...] Одев во Мајами многу често во времето, зборував многу на шпански јазик со моите пријатели од Куба - Лана Дел Реј не потсети на гламурот од крајбрежјето. Звучеше прекрасно да излезат тие зборови од нејзината уста".[6] Лана е спомната во списанието "The New Musical Express" во бројот што излегол на 28 јануари 2012. Лана на 8 октомври го реализирала албумот со 3 песни EP под наслов Лизи Грант (Lizzy Grant).

2010: Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant

уреди

Лана подоцна го реализирала нејзиниот прв студиски албум со целосна должина, наречен Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant во јануари 2010 година.[7] Овој албум бил прв професионален продуциран албум, објавен од Лизи Грант со независна издавачка куќа на продуцентот Давид Кахне. Лана изјавила:"Давид ме праша дали сака да работи со мене ден подоцна откако го направи моето демо. Тој е продуцент со многу интегритет и се интересира за правење музика што не е само поп-музика." Нејзиниот татко, Роберт Грант, помогнал со маркетингот на албумот[8] што бил достапен за купување на iTunes за краток период пред да биде повлечен во април 2010 година.[9]

2011-сегашност: Born to Die

уреди
 
Лана Дел Реј настапува во Paradiso, Amsterdam во 2011.

Подоцна во јули 2011, Дел Реј потпишала со Стрејнџер Рекордс,[10] за да го оствари нејзиниот дебут синг "Video Games"; во октомври 2011 таа потпишала заеднички договор со Интерскоп Рекордс и Полидор.[11] Додека била интервјуирана од Роси Сваш од "The Observer", Дел Реј кажа,"Ја ставив таа песна на интернет пред неколку месеци затоа што ми беше омилена. Да бидам искрена, нема да беше сингл но луѓето навистина ја засакаа. Јас сум многу тажна кога ја пеам таа песна. Сè уште плачам кога понекогаш ја пеам." На 24 октомври 2011, беше соопштено дека Лана ја добила Q наградата за "Next Big Thing". Песната на Лана Дел Реј "Video Games" беше употребена за првпат на "The CW's TV-Series Ringer" на 27 септември 2011, за време на главната сцена, носејќи ја Лана во главните.

Дел Реј исто така го промовирала албумот во голем број на живи настапи, вклучувајќи и за MTV Push, и во "Bowery Ballroom", каде, според Елиот Глазер од Њујорк, "the polarizing indie hipstress и го донеле 'ганкста Ненси Синатра." Списанието Ролинг Стоун коментирал дека, покрај тоа што Лана е нервозна и вознемирена кога настапува живо и ги пее нејзините песни, таа "пее со значителна доверба", иако тие напоменале дека "нејзиното преминување може да биде прилично разногласно."

Дел Реј исто така настапувала со песната "Video Games" на германската телевизиска програма "De Wereld Draait Door", на британското музичко телевизиско шоу "Later... with Jools Holland", и на интимно шоу во "Chateau Marmont" во Западен Холивуд, Калифорнија. Дел Реј исто така, дала неколку интервјуа за весниците и онлајн списанијата како што се "The Quietus", "The Observer", и за "Pitchfork Media", при создавање на нејзини музички видеа за "Blue Jeans" и "Diet Mountain Dew". Подоцна беше соопштено дека пејачката ќе го објави нејзиниот деби албум под издавачка куќа во јануари 2012. Во текот на интервјуто на Француското ТВ шоу "Taratata", Дел Реј откри дека албумот ќе се вика "Born to Die". "Born to Die" беше објавен на 27 јануари 2012, во Ирска, 30 јануари 2012, во Велика Британија и на 31 јануари 2012, во целиот свет. Лана настапила со две песни на "Saturday Night Live" на 14 јануари 2012 и добила топол прием од публиката, но добила мешани критики од критичарите и во пошироката јавност. "NBC Nightly News" со поткрепа од Брајан Вилијамс го нарече настапот на Лана "еден од најлошите настапи во SNL историјата", и глумицата Џулијет Луис на Твитер објави "како да гледав 12 годишно девојче во нејзината соба како се преправа дека пее и настапува". Таа објава на Твитер беше избришана и објавена нова "Се разбудив пеејќи песна од @ЛанаДелРеј! Толку големи незаборавни мелодии! Без разлика на мојот сопствен вкус во ЖИВО таа е #СвежиСладоктекстописец." Глумецот Даниел Редклиф, гостин-домаќин на вечерното шоу, го бранеше настапот на Лана Дел Реј, кој рече: "Беше жално што луѓето веднаш имаа лошо мислење за настапот [...] Јас не мислам дека [настапот] гарантирано не беше во близина на таа реакција." Дел Реј претходно ја бранеше својата точка на програмата, велејќи: "Јас сум добар музичар [...] Јас пеам долго време, и мислам дека [творецот на SNL] Лорн Мајклс знае дека [...] тоа не е случајнa одлука."[12]

На 5 февруари 2012, Кристен Вииг се појавила на "Weekend Update" правејќи пародија од Лана Дел Реј од настапот на SNL, заедно со Сет Мејерс. Вториот сингл и насловна песна "Born to Die" беше објавен на 30 декември 2011. Музичкото видео за песната доставен на 14 септември, беше заснован на концепт создаден од пејачката и беше во режија на Џоан Лемоин. Видеото доби главно поволни критики од современи критичари. Во јануари 2012, Дел Реј откри дека таа неодамна ги купи назад правата на нејзиниот албум од 2010 "Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant" и повторно ќе го реализира на лето во 2012 под Интерскоп Рекордс и Полидор. На 4 јануари 2012, беше објавено дека Лана потпишала договор со агенцијата "NEXT Model Management".

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • 2010: Lana Del Ray A.K.A. Lizzy Grant
  • 2011: Born to Die
  • 2012: Paradise
  • 2014: Ultraviolence
  • 2015: Honeymoon
  • 2017: Lust for Life
  • 2019: Norman Fucking Rockwell!
  • 2021: Chemtrails Over the Country Club и Blue Banisters
  • 2023: Did You Know That There's a Tunnel Under Ocean Blvd
  • 2024: Lasso

Наводи

уреди
  1. * Hiatt, Brian (July 18, 2014). „Lana Del Rey – The Saddest, Baddest Diva in Rock“. Rolling Stone. Бр. 1212. стр. 44. Del Rey is four days away from her 29th birthday (for reasons she can't explain, she's usually reported to be a year younger), but looks, at the moment, like a college junior home for the summer.;
  2. Sowray, Bibby (February 10, 2012). „Lana Del Rey Biography, Quotes and Facts“. Vogue. Архивирано од изворникот на October 3, 2012. Посетено на June 20, 2012.
  3. Dombal, Ryan (August 30, 2011). „Rising: Lana Del Rey“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на January 24, 2012. Посетено на January 25, 2012.
  4. Heaf, Jonathan (October 1, 2012). „Woman Of The Year: Lana Del Rey“. British GQ (англиски). Посетено на October 17, 2022.
  5. Sowray, Bibby (February 10, 2012). „Lana Del Rey Biography, Quotes and Facts“. Vogue. Архивирано од изворникот на October 3, 2012. Посетено на June 20, 2012.
  6. „Lana Del Rey Interview“. Vogue UK. October 20, 2011. Архивирано од изворникот на November 10, 2012. Посетено на August 9, 2012.
  7. Ayers, David (January 30, 2012). „Why Lana Del Rey's First Album Disappeared“. MTV. Архивирано од изворникот на April 10, 2014.
  8. Collier, Jessica (January 28, 2010). „Lizzy Grant aka. Lana Del Rey releases album“. adirondack daily enterprise.com. Архивирано од изворникот на June 5, 2012. Посетено на September 27, 2011.
  9. Ayers, David (January 30, 2012). „Why Lana Del Rey's First Album Disappeared“. MTV. Архивирано од изворникот на April 10, 2014.
  10. „Lana Del Rey signs to Stranger!“. Stranger Records. June 30, 2011. Архивирано од изворникот на December 18, 2011. Посетено на December 23, 2011.
  11. Savage, Mark (January 27, 2012). „Love, the law, and Lana Del Rey“. BBC News. Архивирано од изворникот February 3, 2012. Посетено на January 1, 2022.|Horowitz, Stephen (January 13, 2012). „Lana Del Rey: The Billboard Cover Story“. Billboard. Архивирано од изворникот February 6, 2013. Посетено на February 27, 2012.|Halperin, Shirley (December 5, 2011). „Lana Del Rey to Release Interscope Debut January 2012“. Billboard. Архивирано од изворникот May 28, 2013. Посетено на December 23, 2011.|Swash, Rosie (September 4, 2011). „One to watch: Lana Del Rey“. The Observer. London, UK. Архивирано од изворникот September 21, 2013. Посетено на December 20, 2011.
  12. Montgomery, James (January 17, 2012). „Lana Del Rey's 'SNL' Performance Has Critics Howling“. MTV. Архивирано од изворникот на November 2, 2014.