Сандра Перковиќ

Сандра Перковиќ (родена на 21 јуни 1990 г. во Загреб) — хрватска атлетичарка која е специјализирана во дисциплината фрлање диск, актуелна европска и олимписка шампионка.[3]

Сандра Перковиќ
Sandra Perković Doha 2015.jpg
Сандра Перковиќ во 2015 година
Лични податоци
Роден(а)21 јуни 1990 (1990-06-21) (30 г.)
Загреб, СФРЈ
ЖивеалиштеЗагреб, Хрватска
Висина&100000000000001830000001,83 м
Тежина85 кг [1]
Спорт
Земја Хрватска
СпортАтлетика
ДисциплиниФрллање диск
КлубХААК Младост[2]
Динамо Зрињевац[3]
ТренерЕдис Елкасевиќ
Успеси и титули
Најв. светски рангБр. 1 (2012, 2013, 2014)[4][5][6]
Лични рекордиФрлање диск: 71.08 (2014)

Успешната јуниорска кариера на Перковиќ кулминирала со освојувањето на златниот медал на Европското јуниорско првенство во 2009 година каде поставила нов државен рекорд во фрлање диск. Еден месец подоцна, таа се пласирала во финалето на Светското првенство во Берлин како најмлада во натпреварувањето.

Во својата прва сезона на сениорско ниво, таа го освоила златниот медал на Европското првенство 2010 во Барселона, со што станала најмлада европска шампионка во историјата во дисциплината фрлање диск. Таа ги пропуштила најголемиот дел од натпреварувањата во 2011 година поради позитивен допинг тест на забранетата супстанца метилхексанамин за кој добила шестмесечна суспензија. Перковиќ се вратила на натпреварувањата во 2012 година, успевајќи да го одбрани европското злато на првенството во Хелсинки. Истата година, таа го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 2012 во Лондон остварувајќи државен рекорд од 69.11 метри.

На европското и олимпиското злато, Перковиќ во 2013 година го додала и златниот медал од Светското првенство 2013 во Москва, каде успеала да префрли 67.99 метри. Следната година, таа третпат последователно станала европска шампионка, освојувајќи го златниот медал на првенството во Цирих со нов личен и државен рекорд од 71.08 метри.[7]

Таа станала член на хрватското собрание по хрватските парламентарни избори во 2015 година.[8]

Лични рекордиУреди

Дисциплина Резултат Место Датум
Фрлање диск 71,08 метри ДР   Цирих, Швајцарија 16 август 2014
Фрлање ѓуле 16,40 метри   Сплит, Хрватска 26 февруари 2011

НаводиУреди

  1. Hrga, T. (9 February 2012). 'Zaista imam 85 kilograma, a nemam celulita!'. sportski.net.hr (хрватски). Посетено на 14 July 2012.
  2. „Perković u HAAK Mladosti“. sport.hrt.hr (хрватски). ХРТ. 15 January 2014. Посетено на 7 April 2014.
  3. 3,0 3,1 Sandra Perković. sports-reference.com
  4. „Discus Throw – women – senior – outdoor – 2012“. iaaf.org. IAAF. Посетено на 14 August 2013.
  5. „Discus Throw – women – senior – outdoor – 2013“. iaaf.org. IAAF. Посетено на 23 January 2014.
  6. „Discus Throw – women – senior – outdoor – 2014“. iaaf.org. IAAF. Посетено на 11 December 2015.
  7. Sandra Perkovic (CRO), Gold Medal Winner Discus Throw Women
  8. List of new MPs who took the oath of office, sabor.hr

Надворешни врскиУреди