Џефри Скот "Џеф" Бакли (17 ноември 1966 – 29 мај 1997), одгледан како Скоти Мурхед — американски пејач, композитор и гитарист. По една деценија свирење гирата во Лос Анџелес, Бакли придобил следачи во раните 1990-ти со свирење свои верзии на песни на локации во East Village во Mенхетен, како што било Sin-é, постепено фокусирајќи се на сопствениот материјал. Иако немал интерес да соработува со издавачките куќи и менаџерот на неговиот татко, Herb Cohen, тој потпишал договор со издавачката куќа Columbia, регрутирал бенд и го снимил неговиот единствен студиски албум, Grace. Списанието Rolling Stone го смета Бакли за еден од најдобрите пејачи на сите времиња.[1][2][3]

Џеф Бакли
Податотека:Jeff-buckley-4.jpeg
Џеф Бакли
Животописни податоци
Родено имеЏефри Скот Бакли
Познат(а) и какоСкот "Скоти" Мурхед
Роден(а)17 ноември 1966(1966-11-17)
Anaheim, California,
United States
Починал(а)29 мај 1997(1997-05-29) (возр. 30)
Memphis, Tennessee,
United States
ЖанровиAlternative rock, folk rock, Gospel, Soul
ИнструментиVocals, guitar, organ, harmonium, Appalachian dulcimer, esraj, bass guitar
Период на активност1991–1997
ИздавачиColumbia
СоработнициThe A.M., Shinehead, Gods and Monsters
Мреж. местоjeffbuckley.com

Во текот на следните две години, бендот одел на турнеи ширум светот да го промовира албумот, вклучувајќи и концерти во САД, Европа, Јапонија и Австралија. Во 1996 година, престанале да одат на турнеи и направиле повремени обиди да го снимат вториот албум во Њујорк со Том Верлен како нивен продуцент. Во 1997 година, Бакли се преселил во Мемфис, Тенеси, за да продолжи со снимање на албумот, My Sweetheart the Drunk, снимајќи многу демо-снимки со по четири песни додека неделно настапувал по локалните места кои правеле шоу. Додека чекал да пристигне неговиот бенд од Њујорк, се удавил кога една вечер спонтано решил да плива, целосно облечен, во реката Wolf, кога надошол бран што се ширел зад бродот кој поминувал. Неговото тело било пронајдено на 4 јуни 1997 година.[4][5]

По неговата смрт, имало многу посмртни издавања на неговиот материјал, вклучувајќи и колекција на демо снимките со по четири песни и студио снимки од неговиот недовршен албум, My Sweetheart the Drunk, од албумот Grace и продолжени снимки од настапите во живо во Sin-é. Исто така, по неговата смрт, следел и успехот на музичките листи, со неговото познато препејување на песната на Леонард Коен, Hallelujah, се искачил на своето прво број 1 место на Hot Digital Songs на списанието Billboard во март,2008 година и го достигнал второто место на листата синглови во Велика Британија, во декември истата година. Баклки и неговото дело останаа популарни и редовни се вклучени во листите на најдобрите во музичкиот печат.[6][7]

Живот и кариера уреди

Роден во Anaheim, California, Бакли бил единствениот син на Мери Гилберт и Тим Бакли. Џеф бил одгледан од мајка му и неговиот очув, Рон Мурхед, во Јужна калифорнија, и неговиот полубрат Кори Мурхед. Во детството бил познат како Скот Мурхед според неговото средно име и презимето на неговиото очув. Неговиот биолошки татко, Тим Бакли бил познат пејач и композитор кој објавил низа високо ценети фолк и џез албуми во доцните ’60-ти и ’70-ти. Бакли изјавил дека татко му го имал сретнато само еднаш, кога тој имал осум години. Откако неговиот татко починал од предозирање со дрога во 1975, Џеф решил да го користи презимето Бакли.[8]

Бакли бил израснат со музика, пеејќи низ неговата куќа, заедно со неговата мајка. По откривање на акустична гитара во орманот на неговата баба, Бакли почнал да свири на гитара од пет годишна возраст. Првиот албум што го имал бил оној на Led Zeppelin, Physical Graffiti, а друг омилен му бил и албумот на Кiss. На 12 години тој решил да стане музичар и на 13 години ја добил својата прва електрична гитара, црн Les Paul. Во тој период развил афинитети кон бендовите кои свиреле прогресивен рок како Rush, Genesis и Yes и гитаристот кој свирел џез фузија, Al Di Meola.

По завршување на средното училиште, Балки се преселил во Холивуд каде една година посетувал курс на колеџ за музичко образование. Подоцна, за списанието Rolling Stone Бакли изјавил дека училиштето било само едно "големо губење на време", но во интервју за Double Take Magazine, изјавил дека го ценел учењето за теоријата на музиката, велејќи, "Ме привлекуваа навистина интересните хармонии, оние што можеш да ги слушнеш во деата на Ravel, Ellington, Bartók."

Почетоци на кариерата уреди

Следните шест години Бакли ги минал работејќи во хотел и свирејќи гитара во разни бендови кои се обидувале да се прослават свирејќи од џез и реге до рутс рок и хеви метал. Тој исто одел на турнеи со денсхоџ реге музичарот Shinehead, учествувал во повремените студиски сесии на фанк и Р&Б ( ритам и блуз). Бакли бил страстен љубител на музиката на Khan и во текот на тие што тој ги нарекувал “кафе денови”, често пеел негови песни. Бакли ја завршил Babylon Dungeon Session касетата со четири песни, Eternal Life, Unforgiven (подоцна наречена Last Goodbye), Strawberry Street (различна верзија од онаа на албумот Grace Legacy Edition) и панк песната Radio. Со оваа демо касета, Коен и Бакли се надевале да го привлечат вниманието на музичката индустрија.

Наредната година Бакли заминал за Њујорк каде за првпат ќе настапи на концерото во чест на неговиот татко, Greetings from Tim Buckley. Настанот, организиран од ветеранот во шоу бизнисот, Hal Willner, бил одржан во Бруклин на 26 април 1991, во црквата St. Ann. Во придружба на рок гитаристот Гери Лукас, Бакли ја отпеал I Never Asked To Be Your Mountain, песна на Тим. Бакли го завршил концертот со акустичен настап на "Once I Was" со импровизиран а cappella крај, бидејќи се скинала жица од гитарата. Организаторот на шоуто, Willner, подоцна изјавил дека настапот на Бакли предизвикал големи импресии. Со тој настап Бакли не постигнал музички да се оддалечи од својот татко, како што посакувал. Ова подоцна го објаснува за списанието Rolling Stone: "Тоа не беше мое дело не беше мој живот. Но, ме вознемируваше тоа што не присуствував на неговиот погреб и тоа што никогаш не можев да му кажам ништо. Затоа го искористив тој настап за да му ја оддадам мојата почит."

Бакли почнал да настапува во неколку клубови и кафулиња во близина на долниот дел на Менџетн, но главно место за настапување за него било Sin-é во East Village. Бакли прво настапувал во мало ирско кафуле во април 1992 и набргу почнал редовно да настапува таму секој понеделник. На неговиот репертоар имало разни препејувања на фолк, рок, Р&Б, блуз и џез песни. Во тој период се запознал со музичките дела на Nina Simone, Billie Holiday, Van Morrison and Judy Garland. На листата биле вклучени и оригинални песни од До летото 1992 година, пред Sin-é биле наредени лимузини на продуцентите кои со нетрпение сакале да потпишат договор со него. На крај, Балки потпишал договор вреден милион долари со Columbia Records, во октомври 1992 година.

Албумот Grace уреди

Кон средината на 1993 година, заедно со музичкиот продуцент Енди Валас, Бакли започнал да работи на својот прв албум. За таа цел, тој формирал група, составена од басистот Мик Грондал и тапанарот Мет Џонсон. Во септември, триото заминало за Вудсток, Њујорк, каде во студиото „Берсвил“ во текот на шест недели го снимало песните за албумот „Grace“, со помош на џез-музичарот од Вудсток, Карл Бергер. Во јануари 1994 година, Бакли заминал на својата прва соло турнеја во Северна Америка да го промовира епот Live at Sin-é. Подоцна, во март, тој заминал на турнеја низ Европа, во траење од 10 дена, каде настапувал во клубови и кафулиња. Помеѓу посетителите на тие настапи биле Криси Хајнд од Притендерс, Крис Корнел од Саундгарден и The Edge од Ју Ту. Албумот „Grace“ бил објавен на 23 август 1994 година. Покрај седумте оригинални песни, албумот содржи и три преработки: „Lilac Wine“ според верзијата на Нина Симон, „Corpus Christi Carol“ од албумот на Бенџамин Бритн, „A Boy was Born“ и „Hallelujah“ на Леонард Коен. Верзијата на Бакли на песната „Hallelujah“ се смета за негово најдобро дело, за една од најдобрите песни според списанието „Тајм“, а се наоѓа и на списокот „The 500 Greatest Songs of All Time“ на списанието „Ролинг Стоун“.

Весникот Сидни Морнинг Хералд го прогласил албумот „Grace“ за „романтично ремек-дело“, а пофални зборови добил и од членовите на Лед Цепелин. На пример, Џими Пејџ дури изјавил дека Grace е еден од неговите омилени албуми на деценијата. Пофални зборови доаѓале дури и од музичарите кои биле испирација за самиот албум: Боб Дилан го нарекол Бакли еден од најдобрите текстописци на деценијата, а во интервјуто за весникот „Вилиџ војс“, Дејвид Боуви изјавил дека би го зел албумот со себе на пуст остров.

Турнеи уреди

Поголемиот дел од следната година, Бакли го минал промовирајќи го албумот на турнеи. По издавањето на албумот тој настапувал во многу земји, од Австралија до Велика Британија (на фестивалите Glastonbury и Meltdown во 1995). по турнејата бендот, на 23 август 1994, ја започнал европската турнеја со настапи во Велика Британија и Ирска. Турнејата продолжила во Скандинавија и одржале и голем број концерти во Германија. Турнејата ја завршиле со концерт во Париз на 22 септември. Крајот го одбележале со свирка во Њујорк на 24 септември и следниот месец по поминале во проби и одмор. На 19 октомври 1994 тие ја започнале турнејата во САД и Канада и ја завршиле на 18 декември во Њу Џерси,а потоа следела турнеја во Јапонија. Бендот престанал да настапува по заминувањето на тапанарот Мет Џонсон сè до февруари 1997.

Sketches for My Sweetheart the Drunk и смртта уреди

По завршувањето на турнејата во 1996 година, Бакли почнал да пишува нов материјал за албумот кој требало да биде наречен „Скици за мојата сакана-пијаница“ (Sketches for My Sweetheart the Drunk). По промоцијата на новите песни во Њујорк, тој се вратил назад во Мемфис (Тенеси), каде што работел на новиот материјал и почнал да снима демо-снимки за четири песни. На 29 мај 1997 година, неговата група планирала да продолжи со работа на албумот во студиото во Мемфис, Бакли одлучил да оди на пливање во Wolf River Harbor (притока на реката Мисисипи) целосно облечен, слушајќи ја неговата омилена песна, „Whole Lotta Love“. Кит Фоти, член на групата, заминал да го бара и кога ги пронашол гитарата и радиото, веднаш побарал помош. Истрагата траела до наредниот ден, до моментот додека не почнало да врне силен дожд. Три денa подоцна, еден турист го пронашол неговото тело исфрлено на брегот. Неговата аутопсија не покажала никакви знаци на дрога и алкохол во неговиот организам и како причина за смртта било наведено случајно давење.

Филм уреди

Во 2012 година, на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (Toronto International Film Festival) бил премиерно прикажан филмотПоздрави од Тим Бакли“ (Greetings from Tim Buckley во кој е прикажан односот на Џеф со неговиот татко, музичарот Тим Бакли.

Наследство уреди

По смртта на Бакли биле објавени колекција на демо снимки и целосен албум на кој тој работел под името Sketches for My Sweetheart the Drunk. Исто така бил издадена претходно необјавена снимка на песната "I Shall Be Released" испеана од Бакли преку телефон во живо за радио станица. Предвремената смрт на Бакли била инспирација за многу уметници што тој ги познавал или влијаел данапишат песни во негова чест, како на пример "A Body Goes Down" на Данкан Шеик, "Mississippi" на Стив Ади и "Teardrop" на групата Масив Атак. Во мај и јуни 2007 година, насекаде низ светот, се прославувале животот и делото на Џеф Бакли, со концерти во негова чест. Годишно се одржуваат три настани во знак на негова почит, Uncommon Ground, тридневен концертен настан во Чикаго, An Evening With Jeff Buckley во Њујорк и Fall In Light во Австралија.

Зголемен интерес уреди

На 7 март 2008 година, верзијата на Бакли на песната „Hallelujah“ се искачила на врвот на iTunes листата. Исто така, победничката на британскиот „Х Factor“, Александра Бурк, објавила своја преработка на песната „Hallelujah“, со намера да се искачи на британските топ листи како број еден божиќен сингл.

Наводи уреди

  1. Browne 2001, p. 58.
  2. Browne 2001, pp. 171–173.
  3. Browne 2001, p. 107.
  4. „Kingdom For A Kiss - The Jeff Buckley Tourography: 1996“. web.archive.org. 2014-12-25. Архивирано од изворникот на 2014-12-25. Посетено на 2024-01-25.
  5. „Jeff Buckley - the Haunted Rock Star - Marie Claire Magazine - Yahoo!7 Lifestyle“. web.archive.org. 2013-02-16. Архивирано од изворникот на 2013-02-16. Посетено на 2024-01-25.
  6. „The RS 500 Greatest Albums of All Time : Rolling Stone“. web.archive.org. 2009-04-30. Архивирано од изворникот на 2009-04-30. Посетено на 2024-01-25.
  7. Stone, Rolling (2010-12-03). „100 Greatest Singers of All Time“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  8. Browne 2001, pp. 62–63.