1760 — родена Дора Сток , германска сликарка.
1760 — роден Папа Лав XII , римски папа од 28 септември 1823 до 10 февруари 1829 .
1760 — роден Клод Анри де Сен-Симон , француски социјалист , утопист и филозоф .
1761 — роден Блазиус Мерем , германски природонаучник , зоолог , орнитолог и херпетолог .
1761 — роден Папа Пиј VIII , римски папа од 31 март 1829 до 30 ноември 1830 .
1761 — роден Селим III , дваесет и осми султан на Отоманското Царство во периодот од 7 април 1789 до 29 мај 1807 .
1761 — роден Филипо Буонароти , италијански утописки социјалист, писател, агитатор, масон и заговорник.
1761 — роден Готлоб Ернст Шулце , германски филозоф, претставник на скептицизмот .
1762 — роден Антим III Цариградски , вселенски патријарх во периодот од 1822 до 1824 година.
1762 — роден Антон Бернолак , словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик .
1762 — роден Јохан Готлиб Фихте , германски идеалистички филозоф.
1762 — роден Андре Шенје , француски поет .
1762 — роден Џеремаја Бенџамин Рихтер , немачки хемичар.
1763 — родена Жозефина де Боарне , првата жена на францускиот војсководец и цар Наполеон Бонапарт .
1763 /1764 — роден Мехмед Саид Галип-паша , османлиски државник, голем везир од 13 декември 1823 до 14 септември 1824.
1764 — роден Елизабета Француска , сестра на кралевите Луј XVI , Луј XVIII и на Шарл X .
1765 — роден Вилијам IV , бил крал на Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска и на Хановер од 26 јуни 1830 па сè до неговата смрт.
1765 — роден папа Григориј XVI , римски папа од 2 февруари 1831 до 1 јуни 1846 .
1765 — роден Јохан Фридрих Пфаф , германски математичар .
1765 — роден Роберт Фултон , северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1765 — роден Жозеф Ниепс , француски хемичар.
1766 — роден Џон Далтон , англиски хемичар и физичар .
1766 — родена Ана де Стал , француска пистелка .
1767 — роден Џон Квинси Адамс , дипломат, политичар и шестиот претседател на дипломат, политичар и шестиот претседател на САД .
1767 — роден Вилхелм фон Хумболт , пруски филозоф , владин функционер, дипломат и основач на Универзитетот Хумболт во Берлин .
1767 — роден Ендру Џексон , седмиот претседател на САД .
1768 — роден Жозеф Бонапарт , крал на Неапол и крал на Шпанија .
1768 — роден Жозеф Фурје , француски математичар и физичар .
1768 — роден Хрисант Цариградски , македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година.
1768 — роден Франсоа Рене де Шатобријан , француски политичар , дипломат , историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција .
1769 — роден Агатангел Цариградски , вселенски патријарх во периодот од 1826 до 1830 година, а претходно бил и митрополит во Белград во периодот од 1816 до 1825 година.
1769 — роден Артур Велсли Велингтон , прв војвода од Велингтон , британски аристократ , маршал (генералисимус ) и државник .
1769 — роден Жорж Кивје , француски природонаучник и барон.
1769 — роден Кирил VI Цариградски , вселенски патријарх во периодот од 1813 до 1818 година.
1769 — роден Иван Андреевич Крилов , руски поет и баснописец .
1769 — роден Мухамед Али Паша , отомански албански командант во османлиската армија кој успеал да стигне до позицијата валија и да се прогласи за управител на Египет и Судан во првата половина на XIX век .
1769 — роден Наполеон Бонапарт , француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција .
1769 — роден Александар фон Хумболт , германски географ и природонаучник .
1769 — роден Коџа Хусрев Мехмед-паша , османлиски капудан-паша („голем адмирал “) на Османлиската морнарица и државник кој се издигнал на позицијата голем везир подоцна во неговата кариера, во периодот меѓу 2 јули 1839 и 8 јуни 1840 година за време на владеењето на Абдулмесид I .
1761 — починат Стивен Хејлс , англиски физиолог , хемичар и пронаоѓач.
1762 — почината Елисавета Петровна , царица на Русија во периодот од 1741 до 1762 година.
1762 — починат Јохан Тобијас Кребс , германски органист и композитор од времето на барокот .
1762 — починат Петар III , император на Русија во продолжение на неколку месеци во текот на 1762 година и основоположник на династијата Холштаин-Готорп-Романов .
1762 — починат Џејмс Бредли , англиски астроном .
1763 — починат Пјер Мариво , француски писател .
1764 — починат Иван VI , император на Русија во периодот од 1740 до 1741 година.
1764 — почината Мадам де Помпадур , љубовница на Луј XV , прочуена по својата убавина и смисла за хумор.
1765 — починат Алекси Клеро , француски математичар , астроном, геофизичар и интелектуалец.
1765 — починат Михаил Ломоносов , руски научник , писател , академик , енциклопедист .
1765 — починат Франц I , владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода од Австрија (1740-1765), војвода од Тоскана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737).
1766 — починат Доминикус Цимерман , германски архитект .
1768 — починат Каналето , венецијански пределен уметник .
1769 — починат папа Климент XIII , римски папа од 16 јули 1758 до 2 февруари 1769 .
1769 — починат Антоан Франсоа Прево , француски писател .